Нема врска висината на казната со повикување на полиција. Само зависи дали од контролорот за висината на казната дали ќе пиши симболична или по правилник.
Висината на казната е утврдена со соодветна Одлука донесена од Совет на Град Скопје, не ја одредува контролорот на "лепе очи". И многу работи што ги пишуваш погоре, не се така. Во однос на ингеренции на контролорот од легитимирање, симнување од автобус и сл. Се си е точно утврдено со Одлука/Правилник донесен од соодветни институции. Кој си добил казна, нека уредно си ја плати, во спротивно од 1.000 ден, може да стаса до скоро 150 евра. Кој смета дека му е пишана неосновано, може да поднесе приговор. Доказ за уплата, не се приложува нигде. Уплатата се евидентира системски.
За висината на казната си постои тарифник донесен од ЈСП но често и контролорите знаат на своја рака да напишат помала и никому ништо. За ингеренциите на контролорите легитимирање, симнување и задржување има правилник ЈСП но тој правилник не е во согласнот со позитивните законски прописи. Секој правилник што не во согласнот со законските прописи е правно ништовен и не произлегува од него никакво правно дејство, не се почитува и се покренува соодветна постапка против лицата кои ги пречекориле своите надлежности според закон туку превзеле дејство врз некој ништовен правилник кој се коси со законите а дека тоа е така можеш да ја земеш и судската пракса одлуки и пресуди за ваквите случаи.
Во некои автобуси, каде тоа се уште функционира, на разглас оди снимка која соопштува дека контролорот има право да легитимира според некој закон/правилник. Инаку за повикувањето полиција не би се согласил, сум бил сведок во неколку наврати каде автобусот застанува на постојка и е повикана полиција, не ги отвараат вратите и се чека додека не пристигне полицијата, а притоа се прави голем застој. Има и ситуации кај шо прогледуваат низ прсти па им викаат веднаш да платат со телефон или воопшто ништо, не велам не.
Тие на разглас можат да си кажат што си сакаат и како си сакаат но законските прописи и судската пракса се сосема нешто друго. Законот е тој па ако фатат некој наивен и правно не информиран ќе покажуваат сила и право што го немаат.
Луѓе кажувајте каде треба да се носи уплатницата после од кога ќе платам у банка? Дали треба во Автокоманда да ја однесам или??? Ќе платам и после што да правам со нејзе?
Никаде не се носи системски ја средуваат уплатата, ако сепак те јади некое чувство и сакаш лично да појдиш појди во централа.
Јас редовно плаќам карта, меѓутоа годинава а еве скоро пола година помина значи 6ти месец сме, еднаш не дошла контрола, понекогаш си мислам џабе плаќам, ама ајде... На блиска другарка кога ја фатија без билет, остави така, па после плати кога и стигна 3.000 ден да плаќа, така да, да си ги плаќате казните од 1.000 да не чекате... Друго, контролорите имаат право да ви побараат лк. како иначе ќе знаат на кого да му напишат казна? Не ни пишува на чело кој сме и што сме.
Немаат право да побараат лична карта, во законските прописи е убаво пишано кој може да те легитимира а тоа е МВР. Ако сакаат да легитимираат некого треба да си повикаат полиција. Секој може да ти побара лична карта но немаш обврска на секој да му ја дадеш во случајов контролор на ЈСП.
Нема др раб пол па ќе доаѓа да се замара со јсп затоа што некој не платил карта, а контролорите за што се? Подобро пол нека проверуваат карти, вака дупла работа, што знам...
Моментално тоа се законските прописи, дали треба измени во законот е нешто друго но се додека е таков граѓаните можат да си го користат во свој интерес.
Пак јас со уште едно прашање, пошо ми дадоа две уплатници една под друга залепени, дали кога ќе ја пополнам првата тоа што сум го напишала ќе се "прекопира" на втората уплатница, и едната ќе иде за мене а другата за банката??
Може некој да ми каже што е разликата помеѓу картиците за возење? Зелената скопска картица за бус, темно виолетова со слика и податоци и без слика што е исто виолетова?
Зелената и виолетовата без слика се картички што се надополнуваат со 10возења за 250 денари или поединечно возење по 35 ден и се неперсонализирани, а тие што се со слика се персонализирани месечни билети, има пензионерски, студентски и обични за возрасни лица