Дали само мене од картата (неперсонализирана) рандом повремено ми се губат и додаваат возења и пари? Ставам еднаш од оние за 250 ден 10 возења. И на едно куцање ми вика нели остануваат 3 возења. Океј. На следното куцање ми покажува дека е последно возење, иако треба уште две да има. Не ми се ризикуваше да се возам пак така и ставив пари. Е тука па рандом после некое куцање слична ситуација ама обратно, ми наддаде пари за две возења на картичката.. Апаратите ли не им чинат, шое работа...
Знам тоа. Ама сепак не беа поминати 15 дена и кога куцнав, 2 ми беа скратени. А ја куцнав со тие 10, значи уште важеше.
Дали може са се купи билет директно во автобус? Знам едно време воведоа пак по цена од 50 денари. Вртам во ЈСП никој не крева.
Укинат е тој билет од 50 ден Во бус може да се купи дневен билет 120 ден, и цел дрн важи за сите автобуси
Не е укинат, ама го нема баш во сите автобуси, дека количините се при крај. Дневниот од 120 ден не се продава во бус, го има само во билетарниците. Најисплатлив е ако немаш "Скопска" со ставени билети од било кој тип.
Зар мислиш дека се што ќе прочиташ во некој медиум е вистина? Овие го имаат препишано текстот од друг медиум, а ни едните, ни другите немаат побарано официјална изјава од ЈСП. Едно од основните новинарски правила е да имаат официјална изјава, некогаш од едно место, некогаш од пет, зависи од тематиката. Како и да е, факт е дека билетот за 1 возење веќе го нема во секој бус, а дневниот се продава само во билетарниците и центрите за персонализација.
На 31 мај ми пишаа казна и кога ни стигна плата на 3 јуни ги почастив 1000 ден. од првата плата. Инаку си прашав во билетарата ми кажаа дека не треба да се приложува уплатницата нигде туку системски ќе се "решело" тоа. Сепак ќе си ја чувам уплатницата доколку се јави некој дополнителен проблем да имам доказ дека навреме е платена казната.
Според законот контролорите на ЈСП Скопје имаат право да ги идентификуваат патниците. Секој што се вози без карта/ со неисправна карта се должни да го казнат. Доколку не се плати казната од 1000 денари во рок од 8 дена тогаш може да се искомплицира работата и казната да порасне до 150 евра. Да, сум видела многупати како луѓе се возат без карта секојдневно, ако ги фати контрола се снаоѓаат, лажат, или едноставно до среќата е. А со оглед на тоа какво понашање имаат контролорите на ЈСП, поисплатлива варијанта ми изгледаше тоа да ми пишат казна отколку да правам драми и застој.
Не немаат законско право да ве идентификуваат и побараат лична контролори тоа право ги има само МВР, тоа право си го дале сами ЈСП во некој нивни правилник а тој правилник се крши со закон. Секој правилник што е спротивен на закон е ништовен и од него не произлегува никакво правно дејство.
Која е разликата помеѓу 50 и 50А? Минат низ истата локација или како? Стварно не сфаќам а не сум од Скопје и се утепувам од чекање на 50ка.
Целата рута им е иста освен тоа што 50А тргнува од Хиподром 2, а 50 од Хиподром. Не ти менува тоа ништо понатаму во рутата, по иста рута возат
Дали зелената скопска картица не е повеќе во употреба?? Сабајле бев во билетара со намера да земам таква картица и ја прашав вработената ми рече дека нема веќе такви, туку дневен билет се продава наместо таква картица. Сумљиво ми падна нешто. Навистина се укинати или ме излажала тетката?
@ivanamackica не се укинати,само сменет им е дизајнот. Пред 2 недели си ја изгубив таа зелената и извадив нова со поубав дизајн . (поубави бои имаат новите) Не ти објаснила убаво вработена,прашај си пак.
Прв пат од тука слушам дека билетите за едно возење купени во автобус се укинати. Јас користам месечна ама пред некое време се возевме со мајка ми и она посака да купи билет. Бевме во 23ка и возачот и кажа дека такви билети од 50 денари имало само во државните автобуси. А нели сите автобуси се сега државни? Ама не сакав да навлегувам во дискусија, си плативме со мобилен и никому ништо. Друга ситуација пред некој ден - Девојка се обидува да плати со мобилен - не функционира, пробува да купи карта - нема (без да и ја каже причината) и на крај барем возачот испадна фер и ја пушти да се вози бесплатно во негова близина доколку се качи контрола. Ама он испадна човек над 100, извинете на речник, говеда кои секојдневно си мислат дека се на трки и возат компири а не луѓе. И после ќе се жалат дека немале добри услови за работа и мали плати - изгледа сакаат буквално Формула 1 да возат.