Procitajte me pogore nekoja strana. Bileti za edno vozenje od 50 den nema veke 2 meseci taka mi kaza nervozniot sofer vo bus, nikade nemam procitano,ednas se kaciv vo privatna 12 ka i soferot mi rece kaj niv nikogas ne se prodavaat karti za edno vozenje...
^Мене пак во 57 ца ,шоферот ми даде,нема повеќе од 2 недели. Може некои автобуси имаат,некои не. Spoiler
Шо е работата шо нема клима во најголем дел од автобусите? Не знам дали мене така ми се годи, ама во 3 од 4 шо се качив денес немаше. Не е хумано ова!
Штом ЈСП е крвотокот на Скопје, сега ми е јасно зошто Скопје има тромбоза. Инаку да во право си. Голем дел од автобусите се едвај во функција особено тие приградските. Се возам секојдневно со бус од дома до работа и често се дешава да се расипе. Па и ти па кај превоз имаш обезбедено па и клима сакаш , отвори таму прозор ќе те дувне малку ветер, ќе те освежи.
Во двокатните можиш да отвориш, ама во тие поновите на еден кат едвај на кипање можи да се стави мало прозорче, а во некои и тие се заклучени.
За активација пратете СМС, со текст „START" на бројот 14 11 14. Завртете на бројот 185 и приближете го телефонот до апаратот (валидаторот) во автобусот.Апаратот ќе Ве регистрира – при успешно купување, ќе добиете звучна и светлосна сигнализација од валидаторот.Ќе добиете СМС порака, како потврда за успешно купување на билетот. Чувајте ја СМС пораката до крајот на возењето.
Не, некое време нема да ја има таа линија. Поради опасност од појава на шумски пожари побарано е забранет пристап преку ден од ЈП "Национални шуми" и истото е одобрено од Министерство за шумарство.
Јас денес бев на Водно, ама 25ка немаше, кога прашав на шалтер на ЈСП зашто нема 25ка, ми кажаа дека е укината и дека чекале насоки од кабинетот на градоначалничката за да ја пуштат?! И уште дрска ми одговара, како душата да сум и ја извадила со прашањето.. Се потрчаа одма да ја укинат, а за да ја вратат чекале насоки од градоначалникот и официјално инфо.. Која мизерија од држава сме ејј, и жичарата денес не работеше, нема никаква забрана, они чуле не дочуле нешто и ги укинале 25ката и жичарата од чиста мира.. Ама не им носи приход 25ката, бесплатна е, кој знае дали и воопшто ќе ја вратат за брзо време.