Ама оваа година колку што прочитав Град Скопје даде дозвола да се возат и преку лето бесплатно средношколците.
Многу често луѓето не се вмешуваат зошто се плашат и тие да не настрадаат. А некогаш е феноменот на социјална одговорност - кога никој не помага иако има еден куп народ, затоа што секој си мисли во себе дека не мора да реагира, од толку многу луѓе ќе се најде некој друг што ќе помогне. Ако на оваа жештина возел без клима, не е нормален. Со право реагирал патникот. Од оваа причина не се возам во 23-ки. Не само што немаат ладење, ни прозори што се отвара немат (Освен тој на возачот). Еднаш влегов летово и морав да се симнам после втората станица, мислев дека ќе се онесвестам ако останам. Утоп се препотив.
Zdr kako student u prva god, mi rekoa treba da izvadam karta od JSP i se naplakjalo samo 200 denari godisno, za vozenjeeee besplatno e sega nekoj da mi objasni kako odi taa procedura? Fala odnapred
200 денари ќе ти наплатат само еднаш за картичката и ќе те сликаат. Ти треба индекс дека си запишана и потврда за редовен студент од факултет. Следните години само ќе си ја продолжуваш истата картичка, нема да ти наплатуваат 200 денари, ќе ти треба тогаш само индекс и потврда за редовен студент.
Знае некој што е работата со 50ка што никако не доаѓа таа што е пример за 5 минути туку таа за 20 т.е. наредната значи веќе подолг период темпирам и не ми доаѓа и секаде каснам
Мислам дека зошто е летен распоред на автобуси сега поретки се сите автобуси. Да не го гледаш постариот зимски распоред за автобуси или? А, 50ки редовно си каснат, секогаш порано одам да ги чекам, не ми се сигурни, секогаш било вака со нив...
Да, понекогаш истото ми се случува, многу неорганизирано е... Еднаш 40минути чекав 50ка пред испит, среќа што порано имав излезено и стигнав сепак на време да полагам. На апликацијата за тие 40 минути 2 автобуси пишуваше дека треба да дојдат, нигде ги немаше, не знам што беше проблемот.
Ме интересира со кој автобус може да се оди од Центар (пр. од Холидеј Ин или Рекорд или Зелен Пазар или Олимписки, евентуално Џамбо) до Кисела Вода (до Општината или до Тинекс)? Ви благодарам однапред.