Мислиш 24? Нешто имало градежни работи на некоја улица, имаше пред некое време известување. Ќе оди по трасата на 58ца до некаде, па после ќе вртел и продолжувал по нормалната рута.
Хааај, дали некој има проблем со валидирање на месечен билет купен електронски преку апликација Скопска? Не можам да ја валидирам во автобус, а и влезе контрола па ми кажаа дека не ми е валидна картата. А пари од сметка се повлечени...
Деновиве катастрофа се автобусиве, многу се чека доцнат преполни се, ненормална гужва е не е човечки едноставно, страшно
Прво рекоа до 12 часот ќе има, ќе протестираат после тоа, а ако не им дадат утре плата од четврток штрајк
Ама сигурно ли е ова? Да знаеме ние што студираме што да праиме. И во колку е протестот знае лу некој?
Мене еве веќе 2 дена не ми ја валидира картата. Пробав да избришам апликација и да симнам, пак исто нон стоп ми дава вака(слика долу). Недај боже контрола да ми влезе.
Затоа и сликав денев, пробав 4-5 пати да ја валидирам и пак ништо. А картава ми е месечна, не планирам да купувам нова, може пак ќе е истиот проблем. А да се маткам по билетари не можам, вака ми е ептен практично