А и овде исповлезени со партиски книшки еј Абе треба Само не знам кој тоа ќе го напраи. Психичка проверка на СИТЕ во државава 16+ шо сме Само уште една лудница ќе треба… Можда и две. Јас прва ќе идам курбан Ама немам мисли да ве убијам
Мејлов пишува дека е испратен во 02:21 часот, а јас прееска слушнав на вести, а мислам и по порталите прочитав дека мејлот бил пратен во 05 часот сабајле. Кој знае што е точно и дали овој мејл е вистинскиот мејл.
Ама они битно виделе А не ко србиве https://www.021.rs/story/Info/Srbij...u-Srbiji-niko-nije-otvarao-mejl-dva-dana.html
Дечки од тоа што го видов приватните си одат регуларно какп и секој ден. Освен 19ка. Од државните само 57 успеав да видам една.
Ѓаол ипол ме кошташе такси ради нивните глупсти. Сфаќам дека им треба плата, ама цело Скопје го оставија без превоз.А многу знам што идат на работа со автобус, поготово шо им е во пичке си мајчине работата.Си играат и со туѓиот леб. Ај пошо они 100-200 души немале плата, уште 2000 да останат без работа. Безобразлук невиден. Боље во некое село да живеев или град ко Охрид па сѐ на 10 минути да ми е. Ти се плукнам во Скопје и во сѐ да ти се плукнам. Притисокот ми е 200 од сабајле. Да го оставиш цел град од 700-800,000 народ без превоз ради своите каприци. А овие другиве па, коњи невидени, како деца се понашаат и си префрлаат топка.Не е Град Скопје крив, не е Владата, не е МОН.Баба ми е крива. Се понашаат како дечишта недораснати и си играат дрендупки, а ние го јадеме подебелиот крај на стапот. Мрш
Не си во право, не бараат покачување, па да речеш претеруваат човек не може да стигне кај што треба без превоз, туку тие си ја бараат заслужената одработена плата. Како ќе платат сметки, кредити, извршители, како ќе јадат без плата? Па и тие се луѓе треба да преживеат. Најмалку цела година им каснат цело време со плати, еве и сега ако не се одлучеа на ваков чекор кој знае кога ќе ја добиеја септемвриската плата. Еве и со штрајк па гледаш не се знае од каде пари ќе најдат плати да им исплатат. Целосно ги поддржувам.
Мене ми е многу да пешачам, не возам затоа што немам положено, втор ден не отидов на работа, немам со што, очигледно и утре иста приказна и така.... Нема држава! Да идам со такси, џабе ќе одам на работа, дневницата ќе си ја дадам за такси, не се исплати.
У право сум пошо ради нивната плата може уште многу да останат без плата или со кратење од плата. Сабајлево беше ХАОС. Или ќе се водиме по тоа, ја ако тонам ќе тонете и вие? Е тоа е проблемот кај нас, шо се нема свест за другите.Секој за својот гз и кој ги врти другите А тоа шо не знаат од кај паро да им најдат е пошо веќе не знаат од кај да крадат. А крадат пошо ние ќутиме. Епа дур ќутиме има да нѐ дупат како шо знаат. Низ Европа блокираат градови, се дигнаа сите, ние си плачеме по форуми Знаете и сами колку време го зборам ова. сааами сме си криви
Така. Ама то значи и ние да имаме свест за нив. За сите шо излегоа на протест годинава се буневме, наместо сите да излезиме ко шо велиш. Не се проблем ни администрација, ни професори, ни матични книги, ни јсп. И ова е само почеток. Ете не плачат на форум.
Не си у право зошто луѓето работат, а не земале плата. Што треба да направат, да продужат да работат за беспари за мене и тебе да не ни се пореметува секојдневието? Еве и да дадат отказ конкретно овие што моментално се вработени, следните што ќе дојдат на нивно место, истото ќе им се дешава. И, тоа решение ли е? За беспари да возат автобуси луѓето? Ако некој нема совест, тоа е власта. Ти го разбирам гневот, ама не грешно место ти е насочен. Се борат за тоа што им следува, замисли не штрајкуваат за поголема плата (ко што сите ние треба да направиме), туку штрајкуваат да си ја земат заработената! Ебате државата, ебате. Дур си ќутиме, малце ни е.
Ако на многу луѓе им зависи платата од ЈСП, тогаш сите тие ќе излезеа на вчерашниот протест или воопшто на протест за солидарност, а не да играат сеир на ФБ и останати социјални мрежи.
Не можам да кажам дека ги жалам, ниту дека на протест ќе излезам за нив, со оглед на тоа што се партиски набутани. Што мислеа дека ќе се случи кога упорно одат да гласаат криминални влади, само за да си го задржат местото на терет на буџет? Ама да бараме да возат бесплатно, само затоа што многу луѓе зависат од превозот е пресмешно.