ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    па се случува да закасниш малце, на пример на рекорд е лудници еден позади друг кога ќе се наредат оди и најди си го твојот :lol:
    Tака си е, треба да се има ред и почитување од 2 страни, има секакви патници и секакви возачи
    па за некои селски автобуси само еден ќе пуштат па кога ќе се набутаат 85769573 патници, а друг автобус нема, тек за саат време |( страшно, и ова треба да се среди, барем по 2 истовремено нека праќаат
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    42.109
    Пол:
    Женски
    За ова да ми се слуЧило да идам кај другарка на гости која живее подалеку и автобусите се на 1 саат , и ако минутЧе закасниш ке си Чекаш Фино лепо ..... треба да се воведат повеке автобуси .
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    06.10.2011 10:30
    First category (entire audience)
    Диџеи во двокатните автобуси
    Од денеска, ЈСП „Скопје“ ќе почне со реализација на дневните журки, ќе се пушта музика во двокатните автобуси. Во соработка со диџеите на „Антена 5“, Ицко и Ерик Фокс, во автобусите на ЈСП „Скопје“ ќе се пуштаат неколку различни жанрови музика, во зависност од периодот на денот.

    Во утринските часови ќе се пушта потивка класична музика, додека во текот на денот, со зголемување на динамиката на движење, во автобусите ќе се пушта и подинамична музика. Во вечерните часови ќе следи ноќна програма, електронска музика, соопшти ЈСП „Скопје“. Овој проект, нагласуваат од ЈСП, се случува по барање на граѓаните, односно како креирање на нови посовремени урбани навики. Ова е нешто што сигурно е светски пример за живот, секоја чест.

    А, сега, збогум, одам да го слушам Шопен! Се гледаме таму...

    Абе да ти е мерак да се возиш во дабл-декериве, подвижна дискотека :lol:

    [​IMG]

    :D :lol: :rofl:
     
    На Hipica и SexyLady им се допаѓа ова.
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.668
    Допаѓања:
    4.619
    Пол:
    Женски
    Многу се беозобразни вчера трчав ко неномрмална по 57-цата и таман да влезам шоферот ми затвори врата и си отиде!

    3 саата го пцуев после !

    Ај отиде што отиде тој па после 20 мин дојде друг....внатре тепаници ја додека стигнав каснев 45 мин за на предавање а предавањето ми траеше 1 час! Џабе трчав ко будала!
     
  5. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Денеска петок...
    Уха, кромид парти!
    8)
     
    На ana-banana и Hipica им се допаѓа ова.
  6. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Леле леле се радувам ко детенце што немам обврски денес барем не сега кога е гунгула од пензионерчиња :party: :party: :party: Луѓе дали ние младите се повеќе немаме живци или не знам што е ама не можам веќе да ги трпам! Каде одат не ми е јасно, со штаки, со колички, се возат од прва до последна во било кој автобус, претрчуваат улици за да ги фатат двокатните автобуси, па уште те станува ај чедо стани не можам да стојам. Видете, имам култура, ама каде си тргнал бе ако не можеш да стоиш, јас дремам на факултет по 8 саати уморна си доаѓам едвај чекам да стигнам дома а ти што се возиш цел ден по автобуси ќе ме стануваш?! Па уште и некултурна сум ако не станам. Друго е да мора негде да оди човекот, нема пари за такси разбирам, ама за овие што се возат ко на екскурзии епа извинете за нив ќе бидам некултурна. Многу лоша работа е ова, мислам дека треба да се укине, искрено толкаво малтретирање е за сите останати едноставно не е фер. Претеруваат. Плус да не зборам по колку само каснат автобусите ради нив, по 5 минути стојат на станица за да се качат.
    А инаку ЈСП ми е личен шофер веќе 10тина години, ама да бидам искрена се надевам нема вечно да ми остане :wasntme:
     
    На EleMental, anastasijaki, MacaLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Ова старциве по автобусиве колку се.. неблагодарни! ]:)
    Ви пуштија без пари вторник и петок, но тоа незначи дека треба масовно да полните автобуси и да се раздеравате да се буткате и да се понашате како господари! :@
    Дефинитивно треба посебни автобуси за вас.. Овие стариве автобуси нека бидат за нив.. па ако сакаат нека се утепаат внатре ]:)
     
    На anastasijaki и Artemission им се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Неможам да ја сватам зошто пензионер од Ченто купува леб во вторник и петок од Ѓорче.
    Неможам да сватам зошто носат дебели волнени џемпери на 28 степени.
    Неможам да сватам зошто си пуштаат полифони мелодии на максимално ниво во преполн автобус .
    Неможам да сватам зошто кога зборуваат со друг човек на 35 цм одалечен од нив се дерат да ги слушнат и во автобусот километар позади нив што е.
    Неможам да сватам зошто на автобуска станица офкаат а штом дојде автобус трчаат и побрзо од Болт за да фатат место, притоа ако нема место офка мислиш последен ден од животот му е.
    Неможам да сватам зошто ако е гужва викаат по младината, онаа расипаната младина да не прават гужва. Кај се брзале младите може и следниот автобус да го фатат, нели |(
    Неможам да сватам зошто 90 годишна старица оди со автобус за да купи од бит пазат кило шеќер, нема во маалската продаваница?
    Не, неможам да ги сватам и кога на -20 степени по снег одат да се прошетат во жена парк.
    Колку и да си културен и со почит кон старите луѓе во Скопје посебно во петок нема теоретска шанса да ги разбереш истите и да си дадеш логично објаснување за нивните постапки.

    Ве молам и проколнувам ЈСП донесете како во Хрватска да може пензионерите да се возат секој ден бесплатно. Па кога има потреба нека си оди со автобус. Вака и да има и да нема обврска мора, ама баш СИТЕ пензионери во петок да се низ автобусиве. Имајте милост за нас обичните смртници под 65 години.

    Во ваквите убави сончеви петоци ни ова не не спасува нас!
    [​IMG]
     
    На karak, Elennaa, LilBaby и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.977
    :rofl: :rofl:

    А бе, што се нервирате па и вие толку, кулирајте си. Буткале, мавале, тегнеле, влечеле, слушалките во уши и мува да не ве лази. Мислите тие, сите стари, немоќни и истоштени... |( Како не бе, пожилави од мене се. По цел ден седат дома, имаат енергија и пешки да одат до Водно, ама моментов е што превозот е БЕСПЛАТЕН! :rofl:

    Претпоставувам дека одат по логиката, дај да се возиме додека можеме, после или ќе умреме или ќе го укинат бесплатниот превоз. :rofl:

    Мене лично похорор ми се тие автобусите, што имаат како поврзан дел, како армоника. :rofl:
    Кога ќе видам како ја фаќаат кривината кај Веро, преплет црева добивам. Се мислам дека вториот дел ќе отиде накај Југодрво ( така се викаше тоа накај ГТЦ, нели ?! :?: ).

    Исто, смешен ми е еден црн автобус, 19ка мислам дека е. Кога ќе го видам преполн, напикани внатре, како сардини, а самиов автобус ти е конзервата. Еднаш видов еден, палмата си ја возеше. Која глетка еј, чекам да преминам, мине автобус, крца полн, студенти, ученици, торби, ранци, стари, абе секаков народ внатре, а до врата шармантно стои тип со палма во цреп. 8) :rofl:
     
    На LilBaby, Plavusa.17, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Не ми претставува никаков проблем да има бесплатен превоз за пензионери, баш напротив ако сакаат нека воведат секој ден , но од толку до толку часот :!: на пример од 9 до 15 часот.А не тие и така ранобудци ќе станат рано и одма со автобусот уште од 7 часот сабајле на шетање, нека се возат подоцна и така на нив не им се брза за на работа, училиште , факултет...Луѓево си биле на гости па после на пазар , се изнакупиле кромиди , лукови, патлиџани, пиперки .....и туп во најголемата гужва кога луѓето се враќаат од работа пак ко нацртани во автобусите |(
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Оооооо потпис и печат! :D :D :D
    Еднаш со колешки со возевме со еден ваков и ги зезавме тие што беа во задниот дел дека ќе ги оставиме на пола пат некаде :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Сакам да кажам...

    Hallelujah.
    Забранија трубо фолк да се пушта во Градскиве автобуси :bow:
     
    На Nightwalker, Trendafilka и Asterion им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.712
    Пол:
    Женски
    А мене не ми е јасно зошто картата за ноќни линии е 40 ден. и не можеш да се возиш со месечната. Па навечер пак се возам со јсп зошто да плаќам кога веќе сум извадила месечна :^) Глупости.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Еве и јас да кажам нешто за ЈСП.

    Најпрвин, зарем требаше 20 години да чекаме нови автобуси? А кога веќе ги купија и ставија во употреба, ред е да се стави ред во сообраќајот и редовноста на автобусите. Зошто уредно не се одбележани сите станици т.е. постојки со информативни табли на кои ќе пишува кои автобуси и во кое време пристигнуваат. Како ќе знае странски турист или човек не од Скопје, каде кој автобус оди и каде да го чека??? И да има покриви на секоја постојка, и столови за седење додека се чека авотбусот. Нели има стари луѓе, мајки со деца и бебиња, уморни млади и стари луѓе итн...

    Второ, навистина нема логика цената на ноќен билет да биде 40 ден. и да не се признаваат месечните. Јас немам месечна, ама одвреме-навреме се возам во текот на денот најчесто. Сепак, еднаш се вратив во 00:15 од град и ми наплаќаат 40 ден., а на оние кои имаат месечни слободни ни им ги признаваат??? Затоа е ЈАВЕН државен транспорт, за да биде солидарно финансиран од буџетски пари, а не комерцијален и приватен, за да прави профит.

    Трето, во автобусите не треба да има никаква музика. И не траба да има ни интернет. Затоа и се вика автобус, а не дискотека и интернет кафе. Сум се возел во Европа во градски автобуси и нема никаква музика, ниту интернет. Има само електронски дисплеј и разглас, кој ги информира патниците, која е следната станица. И има на видно место графички приказ во автобусот, на која линија вози, и низ кои станици минува. Ова во контекст на првата точка.

    Поздрав и пријатно возење ;)
     
    На Elenuskaa, teddybear, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    rossonerka верувај старциве се опасни, уште ако им пуштат секој ден да е бесплатно тоа ќе биде хорор, ќе се возат максимално, а верувам ќе има такви и секој ден што ќе ја користат поволноста. Вторник и петок во ЈСП е хорор над сите хорор филмови :lol:
    И да, мислам дека треба да го регулираат малку возниот ред, а не сега со двокатните поретко пуштаат автобуси и после хаос :devil:
     
  16. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Чувството кога си се возиш попладне во двокатен авѕобус, и слушаш аренби хитови, или пак навечер, и си слушаш хитчиња, денс, техно и транс нумери, наместо некогашниот турбо-факинг-фолк...
    PRICELESS!!!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Ауф, дефинитвно, вторник и петок, е хорор муви. :sweat:
    Па уште, во старите автобуси, на некого да му падне лук. И незнаеш попрво од што да плачеш..
    Поготово втора смена во школо, за идење накај школо, АУ.
    Идат деца, се враќаат во школо, па уште и старци. :x
    Среќа, неделава имаме помалце часови, се враќаме порано, заради екскурзииве, па нема многу гужва.
    Иначе, кога се возам со двокатни, секогаш се качувам горе, и да има место доле. Некако навикната многу, за еден месец сум така. |(
    А музиката, никогаш не ја слушам. Слушалките у уши, и терај..
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Роси ,ние дур се качиме до горе,ќе треба пак одма назад за симнување... :D
     
  19. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Денес влагам во бус двоспратен и секако ко што е редот секој вторник и петок, внатре само пензионери. Сите испоседнати како да тргнале на разгледување на Скопје. Плаќам карта и почнува песната Change the way you kiss me. Jас почнувам да се смејам, ги гледам бабиве се држат за уши- тие што дослушуваат, дедовциве се погласно зборат- муабет неможат да направат, се бунат им смета музиката, а шоферот откачил до крај, ја затворил вратата и уво не го боли :D
    Браво за музичето :)
     
    На mims-89 и SexyLady им се допаѓа ова.
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.597
    Пол:
    Женски
    Специјален поздрав до сите што патуваат во вторник и петок со гратски (посебно со 2, 19, 50 и сите шо поминуваат низ пазари автобуси)
    http://www.youtube.com/watch?v=tR6vyidw ... re=related