Ова е ван памет веќе, нека си одат на суд нека си бараат што не им е платено, што сме ние должни да се малтретираме и да трпиме.. И онака со години не трујат со тие ѓубрињата од приватни автобуси, еколошка катастрофа им се автобусите, уште од сам старт не требало да им дозволат да ги возат тие скапаници низ Скопје.. Еден таков автобус колку загадува, 10 државни не загадуваат..
Не дека ја бранам Данела или сум дел од некоја партија, напротив. Меѓутоа, од многу блиски извори знам дека целава работа кој како си ја тумачи. Приватниве краделе пари од Град Скопје (околу пола милион евра на годишно ниво) и Данела ги открила и сака да прекине Градот да им дава пари, што е во право. И сега, приватниве пошто си сакаат уште троа пари, протестираат. Уште па наивни и невини се прават кога некој ги фатил на дело. Само навратете се неколку години назад, зимаа по 30 денари, а карта јок. Кога не беа дел од ЈСП застануваа и екскурзии правеа, на улица застануваа да збираат луѓе... Крај краева, ЈСП си се снајде со автобуси и линии и не зависи од приватниве. Win win.
https://www.slobodenpecat.mk/privat...at-na-bulevarite-sѐ-do-isplakjanje-na-dolgot/ прееска накај 11 кај Мавровка, единствени луѓе што седеа таму беа полицајците. Овие ги немаше нигде. си изблокираа пола град си отидоа дома лагано. Ќе живееле на улица Боже пази. Тие автобуси таму што се стаени, абе тоа за у отпад сѐ таму. Таратајки живи, викаат живот им биле автобусите, пола прозори немаат, смрдат на прашина и немиено, они не ги одржаваат, а сакаат да живеат од нив. Во такви као 12, 9, 11, 22п, 23 се качувам ако МОРАМ, иначе никад не би. Поготово летно време, Аушвиц
Што убаво пуштија двокатни автобуси сега 23ка, 9ка само државни двокатни има, нека им платат што им должат и нека им речат дека немаат погреба од нив, најпаметно..
23 ки има дволатни ама од 10 минути ги нсправија на 1 час, а за викенди на 2 часа ги има и тоа ли е убаво. Нека им платат и нека си возат приватните. Јсп како кочина им се автобусите валкано со дефекти се често. Приватните почисти беа и редовни.
Приватните автобуси се еколошка катастрофа, едно време возеа и на црвена нафта, испокршени се, нечисти, за разлика од државните кој што се метат по еднаш на ден, и еднаш на ден се перат внатре.. СКОПЈЕ НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРИВАТНИ АВТОБУСИ, АРСОВСКА НЕ ДОЗВОЛУВА КРАДЕЊЕ, ЗАТОА ДОЈДЕ ДО ОВА.. Имате 45ка за Ченто, имате 65ки што поминуваат низ Ченто, 55ка, имате многу автобуси што поминуваат низ Аеродром, никаква потреба немате од 23ка да ја има на 10 минути.. Исто како и за 9ка, поминува 50ка кај клинички, 3, 3Б, 25ка, сите тие се државни, малку подоле стои и 57ца, нема потреба да ја има 9ка на секој 10 минути..
Јсп да не се поарни немаат автобуси и возачи за нивните линии, а не па за приватните. Јас работам електометал маџари , а живеам во ченто. И што сега од ченто треба 65 да фаќам до град па да чекам 3б до електрометал маџари
Јас и така правам во 07.45 од ченто има 23 ка , а отвараме во 09.00 и 1 час да чекам или да каснам 30 минути бидејќи следната е 08.45 , за назад затвараме во 20.00 часот за дома многу касно доаѓам ако вака возат 23 ки незнам крајот кај ќе биде Во ред нека нема приватни јсп нека ги вози и тие линии ама да ги возат по распоредите на приватните
Нема доволно автобуси ЈСП за да ги покрие сите линии да бидат чести како што си биле, зошто некои линии да ги има на саат, што се должни граѓаните да губат време по автобуски или да стигнуваат дома саат покасно. Конкретно 2ка е линија само на ЈСП, па некогаш ја нема по еден саат и преполни се автобусите. Нека си го решат проблемот меѓу нив кој на кого е должен и нека се организираат со автобуси, затоа што ситуацијата моментално е катастрофа, а ако не се побуниме ние граѓаните ќе си тераат вака.
Сигурно, затоа што и ноќеска ќе продолжат https://a1on.mk/macedonia/blokadite...achalnichkata-arsovska-se-sokri-od-mediumite/