Ја им ѕвонев пред некој ден, пошто ми пукна филмот. И ѝ викам на госпоѓата ,,шо ви се дешава со автобусите, скапуваме од чекање секој ден, поготово 2ка и кога ќе дојде не знаеме кој прв да влезе”. И ми одговара ,,сакате да Ви кажам до каде Ви е автобусот”? фала Ептен ми одговори
Подолго време е така, ниту возат точно по распоред, не знаеш кога да излезеш да чекаш. Сега со блокадиве уште полошо, денес некои 2ки само до Пошта идеа, некои до Автокоманда, а не кажува шоферот, стигна до Пошта вика симнувајте се тука овој не оди до Автокоманда чекајте го следниот. Ние на гравчиња ќе треба да гледаме изгледа кога ќе дојде автобусот и до каде ќе оди. Па дополнително со гужвите од блокадите, пола ден во пат ќе го поминуваме.
А дали е изводливо да се стигне до Автокоманда? Дали е блокирана раскрсницата кај Мавровка? Треба од Рекорд да стигнам до постојката кај х.Континентал. Па вози некој од автобусите на таа рута? 50ка ја има?
За 50ка не знам, 2ка вози преку Кале и Пластичарска до Автокоманда, за да ја избегне Мавровка. Но некои возат само до Пошта, некои продолжуваат низ Кале до Автокоманда, така беше денес.
50ка исто вози кај Кале и Пластичарска. И денеска возеше до Автокоманда, ваљда си вози до крајната рута кај што и е. Само кај Мавровка делот беше сменет, друго нормално си возеше.
5ка од Ново Лисиче врти лево кај железничка, па кај рампа право продолжува и оди низ улицана кај Рамстор. За обратно немам одено, ама би требало истото да е. Сигурно продолжува на кружниот тек кај католичка право (како 5А што оди) и врти лево за пак позади Рамстор, па тек кај железничка продолжува по нормалната рута.
Nekoj da znae po koja trasa vozi 7ca od Lisiche? Kade zastanuva za tie sho bi se simnale kaj dzamno? Vi blagodaram
Може каснам ама сеа пројде кај Пс Пролече Ама од кај дое не знам пошо кај Рампа е затворено ( тие семафори пред рампа) Ај да пишуваме овде дејли апдејтд Кај има гужви Да знаеме Сакате?
Како да се стигне од лисиче до карпош 2 и обратно (со кола)? Каде поточно е блокирано, никаде не можам да најдам конкретно инфо?
Блокирано е кај ЗОО, Мавровка, кај Црвен Крст до Рампа таа делница, фактички улицата пред УЈП. Друго сѐ е проодно. Само рачунај гужви ептен, рачунај саат време вожња ќе имаш. Секако е 20мин со кола лисиче-карпош, со гужвите уше толку.
2, 2a, 50, овие гарантирам Мислам и другите идат. Уствари сите идат само со сменета траса, 2ка иде до Пошта по рута, после, одма после мостот Гоце Делчев, врти десно, и се качува уствари на надвожњакот пред Мавровка, се спушта и иде десно, искача на Пластичарска, вози после до Ист Гејт, и надоле пак по рута. Вака за да прочитаат и други, чисто да си знаат. 22ка иде до Рекорд по Партизанска најнормално. После врти пред Градска лево (кај шо проѓаат 50, 57), па кај Холидеј Ин врти десно у она пикавецот кај Пласет. Искача кај Џамбо и си иде до последна. 41, 67 идат од Транспортен, врти лево одма на улицата кај Макпетролот, искача десно кај ПС Пролече, иде лево, искача на Рампа баш, пошо до таму е затворено уствари, и си продолжуваат по рута. Ама ова зборам за денес, вчера, завчера немав одено натака. Вчера па, скапав од чекање автобус на Рекорд, само 57 и 50 проаѓаа, не знам зошто… аман
Од Ѓорче до Аеродором оди нормално до рекорд, врти кај гтц преку па как Хилидеј Ин десно накај Џамбо. За обратно веќе кажа членката погоре.
Кантите што ги блокираат крстосниците треба право на депонија да завршат. Најгадните автобуси се возат од страна на приватните превозници и згора на се ќе го малтретираат цел град. Они треба оштета да платат што не исполнуваат општи услови, по 60 степени има внатре преку лето, зима дуваат од сите страни, половина седишта им се испокршени, валкани и измочани и сега згора на се ќе се зафркаваат со сите. Ако они имаат право на протест и ние имаме право на слободно движење.