Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Станав, се средив, имав обврски малце покасно. Си ги ставив слушалките на увце и одам кон автобуската. Кога... ШОК. Сите пензионери од цело маало. Стојам и си викам супер, ќе нема место за седење, ама млада сум бе не е проблем, плус не бев ни уморна. Автобусот го нема. Касни. Се нервирам затоа што ќе каснам и јас. А касни затоа што по 5 минути повеќе стои на секоја станица додека да се качат и симнат милите наши баби и дедовци кои одат на екскурзии. Доаѓа автобусот, се радувам имам фора да стигнам на време. 9483084394 души се симнуваат, 984594859485948594859 души се качуваме во автобусот и тој процес трае дополнителни 5 до 10 мин и имаш гратис шанса да вежбаш бицепс додека им ги симињаш торбите од 100 кила со сите можни пазарски продукти (нормално на оние со подобри пензиички). Се грлат и бацуваат.
    -Еееееехеееееееееееееј Крсте кај си бе, ела седни до мене ќе стане девојчево!
    -Цветанкееее, леле муа муа кај си мори ти, кај ќе ојш? На пазар? Ако, денес пензионерски ден! Шо праиш? -Еми шо ќе праам! - Еми шо да праиш! Муа, муа!
    - Добар ден, Стојан леле леле секој петок се гледаме! На лекар ќе одиш? Ако, денес пензионерски ден хохохохо!
    ;( ;( ;( ;( ;( ;(
    Кога конечно влегов, нормално не седнав, немаше каде, опцув. Гласно. Некои слушнаа, некои не. Посилно од мене беше. Не знам до кога вака, не знам кај да се обратам веќе! И јас ќе остарам еден ден (здравје Боже), може ќе сум ваква, може и бетер, ама сега за сега ми се при крај нервите секој вторник и петок. Не е фер, ама стварно не е, заради некој што се шета затоа што му е гага јас да каснам, или да излезам со претходниот автобус и 40 минути да чекам сама ко утка. И не сум мрза, да ми беше блиску факултетот ќе си одев пешки око немаше да ми трепне. А може и ќе одам да ви кажам, што е многу МНОГУ Е!
     
    На Trendafilka, Elennaa и Nightwalker им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Си отидов на станица и јас... И чекам автобус..
    И после 10 минути доаѓа автобусот, ФУЛ. А овдека кај што чекам е 2ра или 3та станица, незнам точно. :!: Едвај се бутнав некако, едвај докечав да стигнам до југодрво. Внатре се спурив, жива вода, до даска. Се симнувам, ама ме пресече од топло на ладно, ау. Мислам дека потта ми се замрзна. После се качувам во друг.. ШОК ШОК ШОК, Онур Аксел, ШОК. |( (не беше внатре Онур, нормално) туку, знаете што имаше..
    Леле, кога почнаа да дрндаат.
    - За нас треба посебни автобуси, нема од каде да се влезе.
    Јаа, мајката.
    Па и треба! Ова не се издржува. :devil:
    После кога почнаа нешто да не вреѓаат Здрвени Марии, незнам што таму. |( Леле каква е младинава. |(
    Одете понатака, што сте застанале тука.
    ПА КАДЕ ДА ИДАМ ЖЕНО БОЖЈА? Нема кај да се прдне а не па нешто друго.
    Ма сликајте се више. Преку таквото, што го немам ми е дојдено. А тек имам уште 3 години, па и здравје Боже факултет, па па па. Има да испоцркаме. :|
     
    На blueeparadise и irenna им се допаѓа ова.
  3. Crucio

    Crucio Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    30
    Ма ја со стил си ги пцујам..Око не ми трепнува......Ако можат со 50 торби да одат имаат и време да се испокараат... И така....Сега си Тргнувам порано :)
     
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Еве вака да споделам една приказна со вас, приказна која ми ја кажа возач на автобус од мојата населба, а воедно и семеен пријател.
    На првата станица од мојата населба се качиле четири бабички во двоспратен автобус и си седнале најгоре одма на првите седишта пред прозорите. Од 9 часот сабајлето се возеле непрекинато до 12-13 часот. Од прва - до железничка, од железничка - до прва и така си правеле тури низ Скопјево, а воедно и си правеле муабет. И на крај кога на возачов веќе му скипело, му дошло преку глава - им пуштил климата да им дува горе. :D И кога стариве: “Еј мајсторе, ај гаси ова дувалово, ладно е!“
    Јаа, мајката, кај гага, кај седат, си муабетат и си прават тура низ Скопје, па и ладно им било.
    И виделе - не виделе, си искочиле од автобусот. Фала богу! :D А тука глумат нозете ги болеле, стари биле. |(
     
  5. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Нозете воопшто не ги болат, да ги видите само како трчаат по автобусите. А така се прават само за да седнат. :)
    И стварно не ми е јасно што прават наутро во 06:30 низ автобусиве. Да не одат да го отворат пазарот? ]:)

    Денес се расипа автобусот што одев во школо :nod: Добро е што одма дојде 22 инаку ќе каснев ;)
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Денес...денес беше ВРВОТ!

    Се враќам фино лепо од школо,се симнувам кај градска, се вртам накај станицата на зелено пазарче...и стоев :o едно 5 минути. Абе,абе поише беа од Гемиџии, Фемили,од Сити Бојс,абе ... :o
    Се наредиле еден до друг,бетер од геријатрија еј!!!!

    Се буткаат,те маваат со тоа празот ,зелките,нозете модри ми останаа од тоа торбиштата нивни... :o
    Иде автобус, и сите ко муви на гомно аууууууууууууу,овие од автобусот се вџашија, the enemy is coming :sweat: ,и сите заземаат стабилна позиција за одбрана,отииии...страшен напад имаа мумииве!!!

    Ми доаѓа автобусот... внатре ,смрди на леш, на пот,на кромид, аууууууууууу...ставам гас маската и влагам со цела храброст во мене што ја имам...Се местам,кога ете приметувам нешто ме гмечиии...викам ајде ќе издржам...буткаат,буткаат, абе бетер од жена на пораѓање еј :o Ситееее коски ми ги сомелија.

    Па на една јаболката и паднале,па уште се наведнува и сите околу неа имаа поглед нека стане Господе,цревата во коски ми влегоа [​IMG]

    Сериски убиец на старци ќе станам ако продолжи ова,најсериозно викам... :x
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Леле, одам јас сабајле накај факс, и мине 9ка. Нова, гланц. Внатре испоседнале нинџиве, со наочара за сонце, ама оние мафијашките од пазар. Знаете, све видим, само Сунце не видим. Пола лице што им го блокира. Абе како на обиколка на градот да одеа, колку надмено и гордо гледаа... Уште дигитална камера да извадат и да се сликаат на секоја постројка. :rofl: Седат бате, млади стојат, тутка гужва внатре, ама они седат. Ами цел живот стоеле, јадните, мора да седнат.

    После мине уште еден, и уште еден и уште еден и си викам, е фала ти Господе што пешки одам на факс. :rofl:
     
    На K-a-t-e-n-c-e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Морам!So true. :D

    [​IMG]
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    35.680
    Пол:
    Женски
    Е што ви сметаат толку пензионериве бе? Па што да прават луѓето, од дома да не излегуваат за да на вас ви биде удобно и комотно? Ај да ја свртиме малку приказната и да проговориме за невоспитаните средношколци кое се возат во автобусиве? Тие нели се како неандерталци кога ќе влезат во автобус? Мислиш светот е нивен, па се удираат, закачаат, дерат и што уште не? А уште кога ќе видам како си седат на седиштата, а некоја мајка со дете или стар човек стои над него, а нив мува не ги лази? Па тоа ли е култура бе? Срамота е!
    Значи, да не генерализираме, приказната секогаш има две страни. На крајот на краиштата, секој како граѓанин на оваа држава има право да се вози во автобусите. Без исклучок! Колку и тоа да му смета на некого и да му оди на нерви. А доколку ви смета гужвата во автобусите или старите лица, секогаш имате избор: или одете си пешки или со такси. ;)
     
  10. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ана,никој не рече да не одат со автобус и да седат дома. ;) Ама за 30 денари, можат да поминат без гужви,без никакви повреди и без да им се слошува ;)
    И башка,ај да има ептен итна работа тој ден,па да сфатам, ама да ми се шета бре со бастун навака натака,а јас да се гужвам и да каснам во школо или каде и да е?! Е нече мочи.
    Па и да ми се дере да станам.Ако не си кадар да стоиш,седи си дома!

    И јас се сложувам за неандреталците,и мене ме нервираат...ама мора да одат во школо,сакале ние или не.А старците баш и не мора на пазар или на шетња во вторник и петок да одат.Цел град е во огромна гужва само заради нив.
     
    На Elennaa и anastasijaki им се допаѓа ова.
  11. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Што корист од пензионерите? Тоа што имаат плата плус 10000,а денар не им даваат на внуците? Се испозапалија за бесплатниве возења како јајце на асфалт во лето на 50 степени. Тие мислат дека ние младите така денгубиме по цели денови,па кога ќе ни дојдат во автобус и ќе ни кажат,ШТО ЧЕКАШ,СТАНИ,па ние со цела љубов да станиме?! А,извини. Јас цел ден сум на факултет,главата не знам каде ми е,тој стани ми вели. Зошто не направат за студентите нешто? Него,ние не сме толку глупави да се фатиме ко слепи за стап за едно гратис возење со автобус како тие. :)
    Да,приказната секогаш има две страни,али тука едната е во гроб.
     
  12. vivadani

    vivadani Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    колку само прашина се крева околу пензионерските денови вторник и петок,како што слушнав од сигурни извори најверијатно скоро ке им го лимитираат времето односно ќе се возат бесплатно ограничен период од денот,барем така некако ќе се намали гужвата во шпицот на денот.
    Има секакви искуства за овие месеци пд кога им дадоа слободен превоз на лицата со навршени 64 односно 62 за жени мешутоа македонска работа шверц комерц и јас сум пензионер и муфте возење не е на одмет, како и да е навистина е тешко да се патува во вторник и петок.им симнувам капа има луѓе кои културно си влегуваат во автобус и се однесуваат сосем пристојно,но има и такви кои не гледаат каде се качуваат битно е да е муфте,а други денови со саати ќе дреме на постојка чекајќи приватен се плаши да даде 5 денари повеќе.............но тоа е тоа можам да им кажам со среќа на возачите на градски затоа што од тие што ги познавам лично барем 5 се казнети со по 20 000 денари затоа што некој пензионер им паднал и го научиле да бара оштета........на една случка на која бев сведок навистина го жалам цовекот затоа што не беше виновен ама за тоа си доби казна од 30 000 денари само затоа што една бабичка падна а човекот лазеше буквално а оваа не се држеше никаде,мораше да подзакочи му излета друга кола пред него и оваа кога падна му вели ќе видиш ти што ќе те снајде сега,требаше да ја удриш колата а не јас да паднам.....а не сваќаше дека и да удреше во колата автобусот таа пак ќе паднеше затоа што не се држеше .............
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ќе мрчам да! Па више преку таквото што го немам, ми е дојдено.
    Извини, а јас секој вторник и петок да одам со такси? Да давам 200 денари, само за натака. Ааа, нече мочи, да им се посречи ове ночи. Или пак јас пешки да идам до Карпош? Јас поминувам 14 станици, за натака. И да папсам, заради нив? :^) Да, јас сум крива што сум се запишала толку далеку, ама тоа е мој избор.
    И секој вторник и петок да каснам во школо, заради некој што сака само така да се прошета? И после да ми се дерат наставниците, а не фала. Саат и пол искачам порано, а тие 2 дена, треба порано? :^)
    Па и уште, јас имам 7 часа, и физичко меѓу последните. Жива вода, и некој да ме станува, од столче, дека бил на пазар. Дај молим те.
    Не сум крива јас, што не пуштаат со слободни во приватни. Има некои, ќе те отераат у три лепе.
    Ај, некои мораат да одат. Ама зашто идат на пазар, баш тогаш кога ние се враќаме, или одиме накај школо?
    Девојче, не гледаш колку место имаш напред? Кое место бе, кое? Да го имаше, јас ќе одев прва. Или мене слабо ми гледаат наочарите.
    Имаше денес еден, малце така се поткара со една, и во право беше. Се гледаат за себе. Па и други сакаат да искочат, или да влезат мајката.
    И толку веќе, ми се здосади, се едно исто.
     
    На Monna.Monna, mims-89, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.255
    Пол:
    Женски
    Што ни сметаат пензионерите? Ни сметаат што без потреба се развозуваат натаму-наваму, што кога си уморен не можеш да седнеш без некое бабиште посвежо и понашминкано од тебе да не ти мрчи над главата и да ти ги бута торбите во скут, што нема ни кај да застанеш а пак некое старче да не ти мрчи. Секој има право да се вози, ама по потреба, а не зашто му е бесплатно и може цел ден да си го врти градот. Зошто јас да давам пари за такси, па уште и за такси еј што е огин скапо, а они без пари да си се шетаат :^)
    И да, ми сметаат и ми одат на нерви, бидејќи они како постари треба да имаат култура, ама за жал ја изгубиле изгледа со годините.
     
    На anastasijaki и Elennaa им се допаѓа ова.
  15. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Елена, се си кажа, како јас да сум го пишувала ова.Имам еден предлог-нека ги поделат автобусите, нека има посебни за пензионери, посебни за средношколци, а посебни за остатокот од луѓето... :lol:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    35.680
    Пол:
    Женски
    Абе, пак ќе кажам, вие пак ја гледате едната страна на приказната, сопствената. Од каде пак вие знаете дека тие одат само за да се шетаат? Па дури и да одат само на шетање, имаат право на тоа и точка! Како што вие имате право да си се возите ваму таму со бесплатните возни билети. Гледате, не сте толку дискриминирани, мисли државата и на вас. ;)
     
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Како да не ми сметаат пензионериве, кога секој вторник и петок праат панорама на Скопје.
    Аман веќе |(
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Имаат право да, ама не значи сега, ај имам слободна, немам попаметна работа, ќе се возам. И никој не рече дека сите одат на шетање. Имаат некои работа, да. Ама 20 пати до пазар некои ќе се прошетаат. И после ќе ги болат нозе, епа не сум јас крива..
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.255
    Пол:
    Женски
    И да имаат работа ја оставаат за вторник или петок. Затоа и е толку натрупано. И нема друга страна на приказната, таа е.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    - "Животот неможе да биде потежок" .....
    рече девојката и влезе во автобусот полн со пензионери
     
    На anastasijaki, Elennaa и CharmedGirl им се допаѓа ова.