Здраво, денес ја изгубив картичката и сега ако одам пример утре да извадам нова, дали ќе може? Или прво треба да ја пријавам картичката што ја изгубив како изгубена?
На кои места можам да ја продолжам скопската картичка за студенти? Дали има некаде во близина на Медицински факултет или пак во близина на Градежен?
Прашање до сите оние кои ја користат апликацијата Скопска. Купив билет од 250 ден, од банка имам потврда за повлечени пари, на апликацијата во историја стои дека е купен билет меѓутоа на почетна страна не постои дека е купен билет. Дали сте имале ваков проблем?
Блиска другарка го имаше овој проблем,беше во јсп се бунеше и и рекле тоа не е до нас, до апликацијата е, и парите и пропаднаа... Па се префрли на скопската си става таму физички. Проблемов беше во септември ко што се сеќавам, не знам дали е сменето нешто меѓувреме
И мене ми се случи исто. По некое време ставив 40 денари во баланс и се појавија и другите 250 што ги ставив.
So vozi li nekoj redovno so 15A? Ja pratam po vozen red, ama dzabe cekam, sabajle nekako a porucek ja nema nigde.
За жал откако јсп ги презеде и линиите на приватните превознице,се' поголем е бројот на "непостоечки" автобуси кои фиктивно се движат....не можат да стасаат,а распоредите не се сменети
ccc sramota, pa barem aplikacijata live da raboti da se znae koga i dali doaga ne da se mrzneme po avtobuski. drzava banana
Добро, што им е проблемот на некои шофери кои на сред пат прекинуваат линија и ги симнуваат патниците? Два пати ми се дешава истава ситуација за краток временски период. Луѓето уредно плаќаат билет а они те симнуваат на сред пат. И после нормално плаќаш повторно оти добар дел од контролорите се ненормални па иди докажи се. Скапано претпријатие, ова што се случува кај нас во последно време го нема никаде!
Зошто се е лудо, никој не ги контролира, возачите си прават што сакаат. Мене ми се случи во 24ка застана кај сити мол и вика излегувајте, викам зошто епа вика се исклучува линијата... а има уште 2 станици до последна, јас бев за последна... нема смисла. Извози си до последна па исклучи се.
Се е дива лига, дел од автобусите шо треба да тргнат во определен термин, не тргаат и стојат на почетната постојка, штеделе гориво. Па се чудиме зошто нема автобуси иако требало да има по термин или прекинуваат возење на сред траса.