Преку недела кога има 23ка од Ченто период од 12 до 13 часот многу ми треба а не можам да го погодам Значи на јсп тоа не е точно од 12 и 15 до 5 до 13 го чекав
Добро што е со автобусиве? Кога и да треба да фатам по 30-40 минути чекам или не доаѓаат. Нешто проблем имаат или јас таква среќа имам??
Исто, ама изгледа луѓето се имуни на цела оваа ситуација, па им изгледа нормално. Од кога дојде Данела Арсовска вака се случува.
https://www.slobodenpecat.mk/kraj-n...iXo6ral9Q7xKo4Sc5RTdU92JUy40L1KaGxlxMK_dXQ-Iw Градоначалничката Данела Арсовска очекува приватните превозници повторно да се вклучат со возилата во сообраќај наредната недела, до кога би требало да завршат сите процедури кои сега се спроведуваат.
Со кој автобус можам да идам од Кисела вода до ТЦЦ Плаза, на која постројка треба да застанам и колку има пешачење до таму? Фала
Ако не ти се менува 2 автобуси, можеш со 24ка или 4ка, со што ќе се симнеш на постројка Хотел Карпош и ќе се упатиш од твое лево, ќе преминеш пешачки и ќе одиш околу 6-7 минутки до ТЦЦ Плаза. Втора варијанта, можеш со тие 2 автобуси да тргнеш, па на рекорд да се симнеш и чекаш 5ка. Ќе се симнеш на постројка Бул.Теодосиј Гологанов ВЕРО кон Ѓорче (Хомакс продавницата) и ќе пешачиш околу 3-4 мин, Плаза ќе ти дојде тогаш од десна страна.
Можеш со сите три, 24, 4 или 4а, со 4а се симнуваш кај Веро Тафталиџе, поодуваш малку право и на раскрсницата идеш десно и тука си, со другите две кај Хотел Карпош (они одат по Партизанска, а 4а по Иво Рибр Лола). Од каде и да одиш, неколку минути се во прашање, сѐ е блиску.
И не само овие погоре, сите приградски кои одат во правец Автокоманда. Пример: 65, 65А, 65В, 66, 66А, 67, 63, 63А, 63Б, 53, 55, кои тргаат од Транспортен центар (железничка). Исто и 50А, како 50ка, од Клинички трга. Сите застануваат на станица хотел Континентал и имате минута-две пешачење.
Има подземен премин кај што е станицата кај Континентал, треба да се помине доле и излегуваш на станица Општина Гази Баба. И од таму истиве бусеви доаѓаат за назад