Не најдов инфо дали има промени на некои од трасите затоа што мостот Беласица е затворен (ако не го пуштиле во меѓувреме).
Ниеден автобус не поминува од мостот Беласица. Сите тргаат од Транспортен, па НБ на РМ, МАНУ, Бит Пазар, Битолски Конгрес и Хотел Континентал.
Не поминуваат да, мислев општо некоја промена во движењата, бидејќи сѐ што е на тркала се слева кон судови и Битпазар.
Нема фрка, се најнормално си функционира. Можеби попладне и сабајле има гужва повеќе, ама нема некој посебен проблем.
Здраво Сакам да ве прашам како оди сега плаќањето за возење со градски автобус не сум од Скопје и се немам возено мн години со градски, дали може да се плати од моб.тел јас сум корисник на А1, ако може некој да ми објасни
24ка вози од кај Шампионче за накај Центар? Бидејќи видов известување во петокот дека пак не вози од таму, а денес мислам дека видов кај што помина од таму. Да не се возел некој па да знае точно?
Како се вика постројката шо е одма до тунелот пред природно математички факултет? По конкретно спроти континентал и East gate?