Почна ли 4та да вози до последната станица во Кисела вода (11 октомври т) или уште го работат асфалтот?
Значи за со приградска да си надополнам само? Ретко да сум се возела со приградски, ич не знам Едит Ок, најдов
Еден дожд падна и ЈСП се блокира Сабајлево патници од 41 неможат да се симнат во К Вода се симнуваат на Југо Дрво, Железничка бидејќи шоферот не отварал врата од што имало гужва Резил невиден сте ЈСП нема спас за вас
Дали на некој му се случило на апликацијата Скопска да уплати пари за билет, парите се повлечени а билет нема. Што сте направиле дали има некој број за корисничка поддршка?
Да, ставив "кредит" на апликацијата и се појавија парите. Мене веќе долго време не ми прифаќа да платам во бус со апп.
Здраво сакам да извадам јсп карта. Која е подобра таа златната или лилјаковата? Сум слушнала дека на една од нив доколку не се кучнеш ти пропаѓаат, ама не знам за која стануваше збор.
Ти пропаѓаат оние возења што нема да ги искористиш во рок од 15 дена од надополнувањето. Односно, тоа е оној билет од 250 денари, 10 возења. Љиљаковата е и за приградски линии. И таму е исто. Златната е само за градски линии. Ако сакаш билетот да има неограничен рок, едно возење ќе ти биде 35 денари. Треба да платиш минимум 100 денари за таков билет. И не мора да се 10 возења. Можеш да надополниш 6 возења, ако сакаш.
Не. Пропаѓаат и на златната. Разликата е што таа љиљаковата е за градски и приградски линии. А златната само за градски линии.