Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Какви бесплатни возни билети? Што мисли државата на нас? Оваа држава никогаш ништо не прави за младите затоа што нив не може да ги купи со бесплатни возења, тие гледаат во иднината, гледаат за животот што иде понатаму. Прванци на генерацијата од финансиски причини не можат да се запишат на факултет, за еден беден смештај во студентски ти требаат дебели врски, за една бедна стипендија да не ни зборуваме... Викаш да си фатиме такси? Нека си фатат тие такси, тие земаат пензии, јас немам никакви примања. Наместо да направат да се возат студентите бесплатно, тие прават за пензионерите, срамота. Викаш не можат да висат? А можат да носат кеси од по 5 килограми, можат да ги поминат сите пазари за да видат каде краставицата е 2 денари поефтина! Епа штом го можат тоа, можат и да стојат.
     
    На Doozy, anastasijaki и Elennaa им се допаѓа ова.
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Пак ќе ти речам, како јас ова да сум го пишувала ;) Не зборуваме за оние што навистина имаат обврски, зборуваме за оние што само затоа што немаат што да прават по дома, си вртат кругчиња по автобусите низ град.Имам два примери да ви кажам.Првиот, еден другар ми кажуваше што прави дедо му во вторниците и петоците.Вика вака-се качува сабајле во автобус, оди кај едниот пријател на партија шах, па со друг автобус кај друг пријател, па на пазар, па кај едната ќерка, па кај другата ќерка, па на крај со некој стоти автобус се враќа дома и уствари, цел ден е по автобусите.Другиот пример, имав шанса да слушам една пензионерка во автобус-темата беше од каде до каде оди 5, ама успеав да разберам како и изгледал денот.Кажуваше дека сабајлето била некаде со 5, па се вратила дома.Излегла кај некоја пријателка со 15, а одеше некаде со друга 5, во која се возев и јас со неа... :tmi:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас имам слободна, и петок навечер во 57ца на ЈСП убаво памтам не ме пушти да се качам од Козле за до рекорд без да платам. Моравме да плаќаме со другарка ми по 40 денари. Пробував да објаснам, ама ништо. Му го објаснив и законот, дека на слободната не ми пишува од колку до колку саат смеам да се возам, и дали работен или неработен ден, а што е најтрагично работен беше, значи во слободната карта нема ограничувања такви. А тоа што значително помалку луѓе се возат во ноќните линии за разлика од дневните, па сакаат да ги извадат парите од нас што и покрај тоа што имаме слободна, месечна или било каква карта е многу проѕирна, нефер и незаконска работа. Што има мене шофер на ЈСП да ми објаснува дали да платам карта или не воопшто, па уште и покрај тоа што имам слободна? Ако влезе контрола, тоа е лично мој проблем, не негов. Негова работа е да вози! И тоа ми се допаѓа во дуплите автобуси, влегуваш-седнуваш. Шоферот наводно не се замара со тоа дали имаш карта или не, си гледа да вози. Картата е лично твој проблем, си има контрола и санкција доколку ја немаш. Ја стварно сметам дека барем возачите на ЈСП немаат право да ги напнуваат луѓето со тоа дали имаат или немаат билет, или карта што важи за подолг период возење. Ај приватните некако ги сфаќам да инсистираат да платиш за возењето, но тие не смеат да ни прават проблеми на нас учениците затоа што имаме знак на слободните од Слобода превоз - слободен превоз на ученици. А сум гледала случаи како во приватен автобус возачот ги враќа учениците сите до 1 кои покажуваат слободна, и јас самата се тресам дали ќе ми прави проблем или не, па затоа ако не се брзам или пробувам со доза на незгодно и глупо чувство да влезам ко некој шверцер или криминалец, а нема везе, или си викам ај ќе почекам државен ако воопшто ми се чека, што не е случај. Така да, следен пат ако ми прави некој проблем за слободна дали во приватен на кој има знак за слободен превоз на ученици, а не дај Боже во државен дали било тоа дневно или ноќно, работно или викенд возење, стварно ќе се расправам и ќе се пожалам негде, можеби во школо, затоа што имам законско право на нормално возење на одредена релација како ученик, во било кое време, било кој ден, од било каде до било каде во границите на градов. И не ме интересираат исфрустрираните возачи и нивните фаци и гримаси кои ги прават кога покажуваш слободна.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.257
    Пол:
    Женски
    Нели оние на кои има ознака мора да ве примат? За таквите можеш да се жалиш, им е платено и имаат обврска да превезуваат ученици.
    А за ноќниве линии, стои контрола на врата и мора да се плати. Значи не можам никако да разберам, што има врска колку е саатот? Јас си имам месечна, сум си платила за возење во ЈСП и после плус да плаќам.
    Многу се бре паметни кога не треба еј.
    Или друга ситуација што во последно време ми го фаќа вниманието. Влегуваш без карта. Те фаќа контрола, ти се дере, те прави пуздер пред цел автобус.
    Ама, влегува контрола, налетува на група албанци кои немаат карти. Им се насмевнува, ги поздравува и чао пријатно. Дали сте забележале вакво нешто? Ај си викам еднаш, може им е страв, па што знам, не им викаат ништо, ама и албанците контролори е страшно колку никогаш ништо не им викаат на нивните :^)
    И сум пишала на ЈСП, ама џабе е, не одговараат, ниту ги поставуваат таквите прашања.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    На дечко ми другар е контрола, пред некој ден правевме муабет. Кажа дека им е страв, не смеат затоа што веднаш ќе ги натепаат, покажуваат заби само кога видат дека се сами, а кога се во група не им приговараат ништо.
     
  6. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Искрено во вторник и петок е неподносливо да се вози, како и секогаш кога ќе најават бесплатно возење, како што беше за 8-ми септември, бела ноќ...
    Јас секој ден патувам во автобус и можам да забележам разлика во понеделник, среда и четврток и вторник и петок.
    Во вторник и петок, има буткање, викање по нас помладите, како ние од мерак да сме излегле исто како нив да си се возиме,и да си се шетаме (не треба ни во школо,ни на факултет ни на работа да одиме)
    Можеби има некој потреба, не викам не, ама зошто тогаш има гужва од постари лица само во овие два дена.
    Јас не им станувам и ги ставам на игнор сите што ќе ми речат да станам. |-)
    А да плаќам такси, не фала, како што е поскапено. Да одам пешки? Нека одат тие нека се раздвижат :^)

    Се туркаат тие, се туркам и јас, немам веќе никаква толеранција во вторник и петок кон патниците.
    ( особено кон овие што си се возат бесплатно наваму натаму)

    Уморна се враќам накај дома најдов место, седнав и ете ти ја една бабичка скоцкана, нашминкана, посвежа од мене до Водно пешки да ја пратев ќе отидеше и ќе се вратеше ми вика "девојче ај стани да седнам" а јас само и реков " не можам, и јас сум уморна цел ден сум на нозе" за таа да почне да ме навредува :devil:
    Само се свртев ја погледнав не можев да се расправам од што бев уморна, а додека таа сама си збореше и навредуваше сите неа ја гледаа како луда а не мене. :fubar:

    Јас си плаќам месечен билет, мене не ми плаќа државата и ако има место ќе си седнам без око да ми трепне дали некоја баба или дедо дошле над мене, па колку сакаат нека зборат. |-) Па уште кога ќе ги слушнам "еј денеска бесплатно, да се прошетаме малку да видиме до кај оди автобусов, зошто да плаќам друг ден" :@

    Станувам на трудници, и изнемоштени постари, ама во вторник и петок, само на трудници и дечиња. :rock:
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Џабе се тие, тие им стојат за украс. Мноогу се ретки приватниците, што пуштаат со слободни. И многу ме нервираат. Ќе ти се дере, ко божем си убил некого. Ај денес, се возев со приватна 22ка, и еден баш шофер, кажуваше како, некој приватњак, на некое девојче и раситнил цела стотка и и вратил 99 денари. Мислам? :fubar:
    И да, многу мрзам, кога ќе ги прашам, дали може со слободна, они се прават на Тошо. Или само ќе замавнат со главата. И јас мислев дека тоа значи не. А тоа значело влези. И ми се раздра: Влегувај! |(
    Па иди ти разбери се, ако можеш..
     
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    35.680
    Пол:
    Женски
    Не сакам да одам офф топик па да се објаснуваме тука што и како прави државата за сите нас. Тоа е друга тема. Да се вратиме на конкретново, ЈСП. Пак ќе кажам, вие можете тука да се жалите колку сакате, тоа нема да го смени фактот дека пензионерите како сите нас имаат право да се возат во јавниот сообраќаен превоз кога и колку сакаат. И не, нема приказнава само една страна (можеби за вас) секогаш проблемот треба да се согледа од сите агли. Како бе можете да кажете, нека си седат дома? Што мајка бараат секој вторник и петок да излегуваат? Па тие луѓе цел живот го поминале во оваа држава, работеле тука, создавале, добар дел од ова што сега го имаме во нашава ни мила државичка е создадено од нив. И сега некој од вас да им каже, ај седете си дома, стари сте, што ќе шетате? И тоа само затоа што на вас ви смета? Ви се молам!
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ко сестра ми да го пишувала ова, денес дебатиравме за ова.
    Што ако си платила? 23 години имаш. Тој има 75, може бил на контрола, може има сериозен здравствен проблем, може навистина е изнемоштен, може бил во аптека по лекови, од кај знаеш ти каква е неговата состојба а има 50 години повеќе од тебе. Не може да се правиме младиве паметњаковци и да не стануваме од инат на постари само зашто они се возеле бесплатно а ние сме платиле.
    Они не се криви што се возат бесплатно, државата и ЈСП тоа го донесе. Ако на некој сакаш да му тераш инат тоа прави го на државата и претпријатиево и поднеси пријава.
    Не ги оправдувам стариве, значи стварно се напор и сум зборела на темава дека избегнувам и одам со приватен во вторник и петок, ама сепак култура треба да имаме. Основна култура.
    Мене на 20 години ме болат нозе, а камо ли на 70 и уште некоја шмизла да седи и да се прави божем и е лошо а она само се потсмева на стари. Што да им правиме. Да речам не станувам умри цркни што се возиш мора ли секој петок во град да одиш? Тоа е бездушно. А и јас еден ден ќе сум пензионер. И нормално нема да дремам дома и да гледам на саат и да чекам да умрам. Ќе си шетам бе додека можам.
     
    На Breezy и marama им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    35.680
    Пол:
    Женски
    Мислам... браво на културава. Што да ти кажам :x
     
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ако сакаат да си шетаат, нека се возат и други денови,ок?
    Ако сме млади не треба да значи дека мора да се задушуваме по автобусине,да ни редат неоправдани секој вторник и петок бре,на што личи тоа?! Или нека одат сабајле во 9-10, а не во 1-2 најголемата гужва кога е.Па се буткаат да се качат,па кршат нозе,припаѓаат по автобусине. Ако ти е лошо можеш друг ден кога нема гужва да отидеш.

    И јас станувам на некој изнемоштен дедо,на мали дечиња или трудници, ама на дрски створења, е богами нема.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.257
    Пол:
    Женски
    Пак за културава. Колку што има некултурни деца, бетер се некултурни старциве. Мислат дека ако се стари и се возат беспари го фатиле Господ за му*да. И стојам цврсто зад ова. Доволно сум менувала по 4 автобуси, некогаш по 6, не сум можела на нозе да стојам, ама ќе се нашла некоја старица да ми се дере уште. Култура ли е тоа? Не е, срамота е. Е тоа е срамота. ЗОшто толку масовно не се шетаат другите денови? Не, само овие два дена излегуваат, мислиш си влегол во некоја твајлајт зона.
     
    На Doozy, Sarasweet, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Виножитке ако воведат бесплатен хампургер во 7мица во четврток нема да одиш и да си ја искористиш шансата? Или ќе одиш другите денови за да платиш 140 денари?


    Инаку неможе некој да ми докаже дека имаме култура основна од млади до стари кога станува збор за возење во превози средства. Ние сме ти неандрталци.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Да, јас имам 23 години ама ме прашал ли некој мене за мојата здравствена состојба? Не, тие ме гледаат млада исто како и ти сега, што прочита дека имам 23 год.
    Ме прашал ли некој како ми поминува денот? Не.
    Ако има 75 години ќе знае, дека во вторник и петок е гужва,дека не добро за него да се бутка ако е болен и оди по лекови и дека секако нема да седне одма штом ќе влезе. (а ако има сериозен здравствен проблем, се сомневам дека ќе биде во состојба да се вози по автобуси)
    Зошто не оди во понеделни или пак среда? Друго како да му верувам кога го гледам полн со енергија трча по автобусот, ехее, јас не можам толку да трчам а ко ќе влезе ај стани.
    Епа и јас имам душа, ако имам 23 години. И не одам од ќеиф да се возам секој ден, туку од што морам.
    На државата и да и се бунам, не слуша никој, такада еве на форумов ќе си искажам мислење па може некој ке ја разгледа темава :^)
    И баба ми има право на бесплатен превоз, па и до аптека да треба да оди, во вторник и петок сама не сака да се качи во државен автобус, ради таа гужва, свесна е дека може да и се слоши во толку гужва без воздух.
    Си плаќа приватен и оди до саканата дестинација, се разбира не ја чека смртта ама никогаш немала желба пред да умре да се повози бесплатно овие два дена, и таа се шета ама не се однесува како овие погоренаведените и искрено мило ми е што е таква.
     
    На blueeparadise, ana-banana и Elennaa им се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Богами неоправданиве ги редат, машала машала.
    Па ќе почнат да се дерат зашто не сме искочиле порано..
    Па во колку во 11 да искочам?
    Нормално дека ако видам некого, станувам. Ама има некои се подбиваат. Абе млади се они, види ги. Нека стојат. Јас бев на пазар, стара сум.
    Па богами, јас два и пол саати, ако дневно ги поминувам во стоење, на нивни години ќе почнам да лазам.
    А башка, што некои автобуси се по ретки, ем фул. И иди бутни се.

    Една баба во автобус му вели на момче што седело:
    дете, ај стани јас да седнам.
    Нозете ме болат, а ти си млад ќе постоиш.
    Момчето пак ја прашува бабата:
    А ти бабо, како мала си станувала на постари?
    Бабата гордо: Да, секогаш.
    Детето: Е, затоа сега ќе те болат нозете...
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.257
    Пол:
    Женски
    Па да ти кажам право, ако не ми е добро, ако ми се лоши нема да одам да јадам. Ама старциве тоа не ги спречува да се шетаат, колку и да не им е добро, па ќе му трубат над главата на некој што навистина морал да оди на работа и едвај стои.
     
    На SunFlower94, DAngel, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    35.680
    Пол:
    Женски
    Не сите пензионери се возат во вторник и петок. На некои им смета гужвата, па ги избегнуваат тие денови. Ама тоа се оние кои што имаат малку повисоки пензии, па не им е важно дали треба да платат билет или не. Само... знаете ли вие колку пензионери има што земаат пензија која изнесува цели 5000 ден? И што да прават тие луѓе, на што попрво да ги потрошат тие големи пари? Нормално дека ќе чекаат да дојде вторник и петок за да се возат бесплатно. Ја поддржувам оваа акција на државава. Конечно некој да се сети на старите, затоа што се маргинализирани во секој поглед.
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Те сваќам виножитке што сакаш да кажеш но обично човекот секогаш гледа да искористи кога има поволности. Не се сите такви, но повеќето се.
    Финтата ми беше имаш шведска маса и бесплатно јадење секогаш зимаме повеќе од потребно.
    Имаме happy hour земи 2 пива за една цена и зимаме 2 а едвај едното го пиеме.
    Јас сум за да се донесе бесплатен превоз секој ден за пензионерите, зашто ако вака се туркаат и морале они жалните да прошетале секој вторник и петок вака ќе видат оваа недела во среда ќе шетнат идната во петок итн. Инаку ете нашиве соседи ова го направија и видоа дека секој ден бесплатен за пензионерите им е порастеретен сообраќајот и одлично им оди. Посебно за Хрвативе ова го читав.
    Инаку дефинитивно сум и за бесплатен превоз на студентите. Или барем намалување на месечните билети.

    И старциве се злобни реално прават детски работи.
    Но ние младите сме затоа поцивилизирани, пообразование и треба да сме покултурни. Но тоа е мое мислење и јас си се придружувам кон тоа.
    И мене не може некој да ми докаже дека јас ако сум платила во петок карта дека мора да има резервирано место за мене во автобус и да не станувам на стар дедо кој што сакал да се провози а кој одвај го држат нозе. Тоа што тој не размислува со својот мозок не ми дава на право и јас да не размислувам со мојот. И среќна сум што така воспитана.
     
  19. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Дали сум културна или не тоа е мое. Ти така си заклучила дека не сум.
    Мене ме научиле да станувам на изнемоштени лица, трудници и мали дечиња.
    Ама во вторник и петок не го применувам правилото, освен за трудниците и дечињата.
    А уште повеќе ми иде на живци тоа што дотичниве господа кога ќе влезе трудница око не им трепнува, и не стануваат уште ќе ја избуткаат.
    Исто бев сведок кадешто една постара жена го стана мало (накај 5 год) дете,(мајка му беше подалеку седната со торби) зашто нели дете било младо, можело да стои а таа не.
    Е тогаш ми идеше да ја исфрлам од автобус. :devil:
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.257
    Пол:
    Женски
    Маргинализирани? Пре би рекла дека студентите спаѓаат во таа група.
    Што правеа пензионерите додека го немаше ова? Како можеа тогаш да издвојат за еден билет од триесет денари и да отидат каде што треба?
    Ама морам да се согласам дека државата е најкрива за ова. Само за поени се створи овој хаос, за ништо друго. Уште па кога ќе чекаш пола саат автобус и не можеш да се качиш пошто е полн.
    Само некој што не се вози често со автобус може да каже нешто како, Добар е овој чекор, нека се возат пензионерите колку им душа сака. Само некој што не се угушил, не бил измаван, не можел да се качи во автобус, не му се има некој издерено, може да каже такво нешто.

    Поцивилизирани сме, ама пробај да бидеш цивилизирана кога се враќаш трета смена од работа насабајле и едвај чекаш кревет да фатиш, спиеш стоејќи. Работата е кога ќе фатиш слободно место, никој не очекува дека секогаш ќе има, сигурно нема да станам некоја баба за да седнам. И тогаш здогледуваш слободно место и се струполуваш, па некоја баба доаѓа и ти вика пред цел автобус како не ти било срам да седиш. Јас тогаш како не ја фатив за коса не знам. Веројатно трошка култура останало во мене. Ама мирно и кажав дека не можам да стојам, а она уште толку почна да вика колку младинава била некултурна. И да не се нервирам? Да ги поддржам пензионерите? Е па мислам дека тоа никогаш нема да се случи.
     
    На Whatsername и Sarasweet им се допаѓа ова.