Како да плаќам за еден билет со телефон, на припејд сум (телеком). Не ми се плаќаат 10 билети на апликацијата ни дневен билет што беше 100+ ден пошто само еднаш ќе си ја користам.
Како да плаќам за еден билет со телефон, на припејд сум (телеком). Не ми се плаќаат 10 билети на апликацијата ни дневен билет што беше 100+ ден пошто само еднаш ќе си ја користам.
Каде можам да пријавам возач на приватниве? Табличка имам само. Бројот напред не му го видов. Во состојба бев полиција да му викнам додека бев во бус.
Дали е точна информацијата дека утре ќе нема автобуси? Дали ќе има барем утрото како минатиот пат или и тогаш ќе нема?
И јас само што прочитав инфо некаде по ФБ дека утре повторно ЈСП ќе штрајкувале. Неможам да го најдам линкот ми отиде на брзина. Официјално нема ништо објавено.
Некои викаат дека имаат плати, некои дека немаат... Веќе не знам што да речам. Утре имам неколку неодложливи обврски на различни страни од градот. Не секој може да си приушти такси. Ги поддржувам за платите, ама не може вака секој месец да се протестира. Сега на вести кажаа дека ќе нема автобуси, ама приватните ќе возеле. Претпоставувам дека никој нема да знае точно до утре. И на неколку страни на интернет ми излезе дека ќе нема автобуси, но ете од ЈСП велат дека не им доцнела платата.
Се согласувам дека ситуацијава е непријатна и проблематична, но вината не е во шоферите. Законски, секој мора да земи плата до 15 во месецот. Не е прв пат да им се касни плата и смачено им е да се натегаат, речиси секој месец. Наместо жителите на град Скопје да се кренат против полититчарите, криви им се шоферите, па искрено никој не работи за лепе очи.
24ka ama treba da se simnes kaj zgradata na Gorenje oti toj ne zastanuva na taa stanica kaj Siti Mol tuku vrti levo.
Само 4ка ти одговара, со 24 можеш да се симнеш кај зелен пазар и да пешачиш и после пак исто, пешки до зелен пазар па таму автобус да си чекаш до Сити мол, 4 ти одговара највеќе за пешки да не одиш..