Може во автобус да купиш. Ама да знаеш дека едно возење е 50 денари. Во некои приватни автобуси не ни продаваат билети.
Јас во автобус си плаќам со мобилен. Стари лица не ми пречат. Само што некои автобуси се ретки како на пример 16ка. Долго време треба да ја чекаш и порано мораш да излезеш за да го фатиш. Е тоа е проблем. Друго ништо.
Месечен билет, дали важи од 1ви во месецот до 30/31. Или можам пример утре да земам карта и да важи до тој датум наредниот месец? И каде може да се земе месечен, само во автобусот под железничка или?
Месечен билет важи од 1ви до крај на месец. Можеш да земеш и во Влае. Има билетара долу кај дуќанчињата (пред трговскиот). Гледа спрема Партизанска. Ама да знаеш дека работат до 13 часот.
Најбезборазно ми е кога ќе видам некој со црни вреќи у бус. И тоа на 2 седишта. Сфаќам дека не сите имаат пари за такси, ама не моеш да окупираш простор шо е за сите, и ја или било кој да стои, а ќесите да си седат. Не е фер. Вчера една у 57 беше со две црни вреќи фул. И фати 2 седишта за нив, а она стоеше.. Да не збоеам шо автобусите се праени за Кинези и нема ни за луѓето место, не па за вреќи или куфери..
Јас одма реагирав. Им викав Тргнете ја торбата за да седнам. Сум платила карта и имам право да седнам.
Добро како се користи апликацијата на Скопска, купив за 250 ден. 10 возења, укл. НФЦ и не сака, што да направам? Како функционира?
И мене со месеци не ми работеше, ја преинсталирав апликацијата пат исто. Долго време немам влезено во ЈСП.
Ќе ја вклучиш апликацијата, треба да имаш вклучено интернет, и кога ќе се качиш во автобус со задната страна на телефонот ќе се допреш до валидорот.. Апликацијата е добра, луѓето се смотани..
И контролорите треба да поработат на односот. Последен пат кога се возев со автобус не чекаа да се куцнат луѓето. Одма сакаа казни да им пишат. Претходно еден од нив сакаше да ме казни. Во ист момент влегов со него во автобусот, ама јас од задна врата. Тој од предна. Вадам телефон за да го доближам до валидаторот, а тој ми вика Ќе те казнам. Почнав да се расправам со него.
Знам дека прашањето не е примарно за оваа тема, но дали знаете со кој автобус може да стигнам до аеродром? Каде има постојка?