Аеродром општина? Или аеродром да леташ некаде? Зашто бус за аеродром имаш на ТАВ страната, нема цело време. Си има одреден саат. А за оштина си имаш 5ка 15ка зависи кај сакаш да се симнеш.
Што е со двојкава во последно време особено од автокоманда почетна околу 5-6 часот баш кога сите се враќаат од работа нема автобуси ни за лек. По 50 минути се чека од еден до друг, а апликацијата неточна го пишува и го снемува наеднаш. Катастрофа.
Па со оглед што пред некој ден тој што се заринка во жардињерана кај Мавровка е 2ка, се треба да ти биде јасно. Иначе исто ми се има десено баш таму тој период, на крај морав такси да фаќам.
Немаат нафта автобусите, штедат. Од сигурни извори знам. Не е само 2ка и 50ка 57ца, 9ка, 19ка оние најмногу кај што има гужва и ни требаат
Нема врска. 2ка нема приватна. Ова е проблем уште пред месец дена. Климите трошат повеќе гориво и немаат доволно за секој автобус, затоа ги редуцираат.
Каква врска има дефектен автобус? Секогаш е практика во лето автобусите да сообраќаат редуцирано. Да, се збореше дека има проблем и со нафтата.
Јсп нит вработени има, нит ги плаќаат. Порано да работиш во јсп беше институција, одвај се влагаше… сеа распад систем, шофери со стаж таму отказ им даваат…
I dont care bro Ја сум платила билет уредно, сакам достојни услови. У такси палат клима, прозори отвараат. Ама им оставаш пари
Дека ја бива Данела Арсовска за оваа работа, затоа топ ни е јавниот превоз…откако она си почна со работа се повеќе и повеќе е пропаднат..