Се возев доста време во најтоплото во автобус со клима. Од постојка која ја пече сонце од 50 степени и потоа на 20 степени во автобусот е ненормално да се влезе. Не можев да функционирам. Да не беше далеку релацијата што се возев, пеш ќе одев. Без осет се со климите. Во странство (повеќе места) нема клима или е наместена да има многу мала разлика од надвор до внатре. Барем нека ги вратат автобусите на кои им се отвараа прозорците.
Ja pocnav peski. Same shit e, a i pobrzo stigam. Ako e za kratka distanca (2-3 buski) I onaka nema bus
Си имала среќа да начекаш, обично без клима се. Пред некое време се качив и едвај издржав. Затоа строго пешки. А и доста се бавни, баш гледам неколку ме поминуваат, а јас пред нив стигам. Само не е фер за подолги локации, постари луѓе се принудени да ги чекаат, а нешто и така се инаетат. Слабо гледам некои од линиите, нема толку чести. Малку безобразно е на времево да се остане без функционален јавен превоз.
Па и не беше некоја среќа. Сите беа такви, а патував 2 пати баш во најтоплото. Ќе се радував ако беше некој без клима. Ќе се испотам, ќе ми биде тешко ама ќе ми помине. Вака цело време лошо ми беше заради огромната температурна разлика :/
Гледам дека на странава нивна се колку толку точни, па тука почнав да гледам. Само ако знае некој што се овие се ѕвездичка бидејќи сум приметила дека тие некогаш ги нема?
Конкретно за 2ка, ( * ) значи дека тргнува од Железара, другите без ѕвездичка тргаат од Автокоманда СС
Викајте по Град Скопје. Претпријатието нема пари. https://www.slobodenpecat.mk/na-jsp...letniot-vozen-red-prizna-direktorot-kushoski/ https://www.slobodenpecat.mk/arsovs...zapochne-postapkata-za-nabavka-novi-avtobusi/
Дојдов само да кажам дека сакам све да им онадам на ЈСП оти да купиш билет е невозможно. Билетарите затвораат во 7 ипол, 6 трафики во кои прашав не надополнуваат, шоферот те гледа ко попарен ако прашаш за да купиш од кај него, за од телефон може само со постпејд. Ај мрш
Ќе се вратиш назад со било кој автобус, ќе се симнеш кај хиподром после можеш или пешки или со еден од овие автобуси 63, 50А, 66.
Преку апликацијата може да си плаќаш од картичка, може да се купи месечна карта, со десет возења или да си ставиш колку што ти треба едно возење е 35 денари исто како од билетара
Од апликацијата едно време ми даваше ерор кога пробував да се логирам, а сега не можам да ја најдам на плејстор. Ај ако може скрин која беше, да пробам пак Едит Ако е Skopska, епа сега ми дава дека не може да се инсталира.