Ја мислам дека од ЈСП, полошо е само у болниците. -нема автобуси -распоредот на нет, со тој на буската, со тој на тел и реалната состојба немаат врска. Пред некој ден чекам 8ца во 12:20. У 12:15 на автобуска ми вика за 23 мин. А беше пекол. Доаѓа 2ка, внатре КОТЛАРНИК, и тоа уше кај моторот седев, ми се слоши. Влагам у 57, накрцано до даска, пола прозори затворени, клима ни за лек. Нема да плаќам више. За кое онакво да плаќам бе? Да се возам у раскантан бус без клима на 40+? Не
И јас не плаќав кога имаше луѓе стиснати како сардини. Да му плаќам карта, а услови мизерни, мало сутра. Кај мене во населба на двете автобуски станици имаше многу луѓе. Не можеше да се помине на тротоарот. Среќа што со маж ми идевме со кола низ град. А за постојката на Рекорд нема потреба да се коментира. Нема клими во автобусите, нема можност во сите автобуси да купиш карта. Билетарите кога работат, кога не работат. И шофери нема. Познавам некои кои заминаа во странство.
Ужас. Плус чув еден дека на една жена ѝ издрпал златно ланче од вратот у автобус. И шоферот само го избркал, не викнал полиција…
Абе ако не платиш, без разлика на условите, а те фати контрола, ќе те казни па ти до утре расправај се ако сакаш. За жал, тоа е реалноста, а особено сега кога кубурат со соодветен буџет.
Ni kazna nema da platam. Neam so da mi zemat. Neka me daat na izvrsitel. Drugarka i opnaa 24,000 od izvrsitel.. bolna rabota
Работата е што ова не функсионира кога го прави само еден човек, или една група на луѓе. Кога народот не е задоволен треба целиот, во знак на протест да не се валидира, се додека не се подобруваат условите, а нас не не бива за тоа, не сме унифицирани доволно, не знам кај е проблемот…
@Feminka22 Ако не валидирате, ќе ве казнат и ако не ја платите казната во дадениот рок, ќе ве дадат на суд. Зошто да платите тродупло? Дел од вината зошто претпријатието со години е во лоша состојба е ради неплаќачите, дел е кај властите. А, за протест да, можете. Ама пред Данела и пред Владата.
Епа ајде протест. Ја ни би ни плаќала казна. Еднаш ми пишале. Ми рече неделава 1000ка е, од следна 8000. Викам тоа ни на лихва го нема бе.
Ама и Данела и Мицко можат да речат „зошто да платиме за сервисирање на автобуси и клими за некои што не плаќаат билети“... Сите имаме одговорност. Ние како граѓани да плаќаме билети (а, категориите што не плаќаат бидејќи се ослободени од плаќање, да ги тераат да плаќаат оние кои не се ослободени од плаќање), а тие како власти да го оправат ЈСП. Едното не може без другото. Треба да има протести пред властите, ама да искочи цело Скопје. Иако добро би било да дојдат и од другите градови бидејќи и тие се возат кога се во Скопје.
Ама не е дека ние не сакаме да платиме, тоа е резултат на нивната неодговорност, всушност ако јас сум била одговорна граѓанка(и повеќето од народот)целиот овој период од кога Арсовска е на власт, и освен што ги нема подобрувано условите за транспорт, тие всушност се во полоша состојба, они нас да не казнат? А нив кој да ги казни? Затоа јас викам целиот народ, пошто ако целиот народ не плаќа казни, тоа значи револуција, и тоа значи дека тие ќе го земаат во предвид народот. На крајот на краевите ние меѓусебно треба да се служиме, не оди оваа работа само ние да бидеме одговорни граѓани, без одговорна власт! И протестот кај нив не делува, туку делува кога има финансиско оштетување нажалост, не сме доволно цивилни да ги земаме во предвид поплаките на народот навремено, туку само кога нема друго чаре.
Шоферот што има дома 2-3 деца за хранење не е виновен. И на него не му одговара да вози неисправен автобус и без клима. Не треба да се прави нешто што ќе оди на штета само на невините. Протест делува ако има голема бројка од илјадници. Секако не делува со 2-3 до 50 души.
Sekako toj so ne plaka bilet go kaznuvaat. I toa ne site. Selektivno i po nacionalnost hh. A nie so plakame zalsuzuvame norm uslovi. Kazav ko u taksi, ke si daes moze 300 den. Ama ke ti pusti i greenje/ladenje. Plus toa se pari u budzet so idat. Ne me interesira od kaj ke najdat pari. Mora da gi imaat u planirani sredstva. Mora.
Жртви се граѓаните кои се возаат со автобус заедно со шоферот , и така тие не добиваат плата, зарем од народот е? Па од оние на власт посекако! За да се среди ситуацијата треба сите да се жртвуваме малку, никој не вика дека шоферите се виновни, туку дека толку егоистична власт имаме, што самото протестирање не би довело до радикална солуција нажалост! Најефикасната е каде има последници во економијата, прочитај за tax protester. И ова не оди во штета само на возачите аман , економијата на државата ја градаат луѓето, викаш сите средства од билетите идат само кај возачите?
Одлуката за набавка на нови автобуси НЕ ПОМИНА денеска на дневен ред во Советот на Град Скопје. Исто така неизвесно е дали до понеделник или воопшто, ќе се поправат барем 40 автобуси за да се “задоволи” зимскиот возен ред на ЈСП. Аирлија!
За жал одлучуваат луѓе кои многу ретко се возат во автобуси. Секој кој го користи јсп секојдневно, би направил се за да се поправат или купат нови.
Меѓутоа тие се ставени таму за донесување одлуки за колективното добро на народот, независно дали тоа им служи на нив лично, или не.Тоа е интегритет, и имање морален компас. Ако не ја завршуваат нивната работа, ние не треба да ќутиме, всушност здрав народ, би требало до сега да реагира.