ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Јас во вторник или петок, пример имам 5 часа, стигам дома, како да сум имала 7 часа. И стигам дома во 7, 8. И немам време апсолутно за ништо. Јас кога се враќам од школо, сум нај изнервирана, и се карам одма. И неможам одма да почнам да учам. Едвај сум додржала во школо.. И после уште сабајлето да станам во 9, за да го стигнам автобусот. Епа неможе.
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.977
    Кој бе не може да стои, како нинџи се. Кога ќе видат слободно столче, хи, ха, ху и летаат да го фатат. :D Ви викам јас, денес видов разлика меѓу здрав стар човек и пропаднато старче. Мислам, здрав, кој е здрав на стари години, ние сега не сме, него витални се. Испоседнале, па па па, идат на екскурзија. Факт е дека ако ми дојде некое старче, старица, ме замоли културно да седне, фала Богу, ќе станам. Ма и јас сама знам кога треба да станам.

    А некое бабе, повитално и поухрането од мене, да ми се дере и да ми попува, е тоа не може. Значи не е правило дека тие треба да седат, а младите да стојат. Тоа е култура. Има разлика меѓу правило и култура. За жал, кај нас не важат ни едните, ни другите. Па мешаат и искористуваат ситуација.

    Тоа со слободните карти е чист арамилук. Како што сум запознаена, истите автобуси се и преку ден, и навечер. Ама додека има овци, ќе има и кој да ги стриже. :x
     
    На ana-banana и Sarasweet им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.935
    Знаеш колкава плата земам јас? 0 денари. Е ај сега ти кажи ми за што попрво да ми стигнат тие пари. Немам ништо против пензионерите да се возат бесплатно, ама барем нека е секој ден, воопшто нема да има гужви. Јас сум и за инвалидите да се возат бесплатно, и лицата со посебни потреби.
    Ама не можам и не можам да сфатам зошто ако не можат да одат го превртуваат цело Скопје? Трчи еднаш една бабичка, трчи да го фати автобусот, кога и се скина кесето со јаболката, цела автобуска јаболка стана. Една друга ме турка, девојче помести се од вратата, ќе се симнувам за 2 станици. Е добро де, јас пак се симнувам за една... Братучедка ми трудница, нон-стоп се жалеше, во ребра ја мавале, се туркаат како ненормални, не гледаат каде маваат со тие кесите нивни.
     
    На Doozy и Sarasweet им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.843
    Допаѓања:
    36.370
    Пол:
    Женски
    Sarasweet не ми беше намерата да те навредам. Јас своето мислење го дадов на тоа што ти го имаше напишано. А тоа не е многу пофално за тебе. Какви и да се причините (можеби се и оправдани) ти како помлада и посовесна треба да имаш основна почит кон постарите, ако не за друго, тогаш заради нивните години.
    А за случката со малото дете, јас би изреагирала да бев на твое место.

    Ах, RainBow како бе не се маргинализирани? Што прави државава за нив? И ова не е не знам колку битна и неопходна мерка за нивниот живот има многу поважни работи кои треба да се направат. Како цената и достапноста на лековите на пример. А за студентите... па сега, не сум многу упатена во тоа, ама колку што знам ако не друго барем ви ја намалија партиципацијата (исправи ме ако грешам). Се сложувам дека треба уште многу да се направи, дека фалат мноооогу работи. Ама не е тоа темава.
     
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Девојче ти се регистрира на форумов само за оваа тема да коментираш? |(

    Чисто информативно ме интересира дали ти имаш потреба секој ден да се возиш со автобусите на ЈСП и дали се возиш. Сите оние кои не биле измалтретирани во вторник и петок во автобус, само тие можат да раскажуваат приказни, како пензионерите имале право, па имале ова па она. Значи приказната нема 2 страни и точка (тоа во твој стил). Во вторник и петок нема да им станам на старциве па колку сака нека бидам без култура, колку сака нека бидам невоспитана.

    Ти поддржувај си ги сите акции на држава ние тоа не ти го спориме, но старите воопшто не се маргинализирани. А може некој пензионер зема 5000 денари и не викам дека тие пари не се малку. Но кога ќе помислам на жените кои работат во конфекции по 12 саати на ден за 5000 денари и треба да се грижат за цела фамилија, верувај не ги жалам старциве.

    Возењето во вторник и петок е хорор кој пробал знае, а за останативе само можат да коментираат од страна.
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.843
    Допаѓања:
    36.370
    Пол:
    Женски
    И јас се возам во автобусиве и ми смета гужвава, ама... што треба да направам? Да бидам вулгарна и некултурна кон другите? Ако се тие такви, не морам и јас да бидам како нив. Мене на пример ми сметаат и средношколците, ама имаат право да си се возат. Секогаш кога можам или одам пеш или се возам со такси.
    ana-banana Не, не се регистрирав само за темава. Зошто мислиш така?
     
  7. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    не станувам па нека пукнат ако сакаат. јас без никакви примања си плаќам слободна секој месец, а они кај пензија зимаат , кај се возат без пари па уште и да им станувам ?? е како па да не ! :swear:
    не можела да стои, а може од Ѓорче 2 до Бит Пазар да се спотера за 10 денари поевтини пиперки ?? ајде ви се молам :fubar:

    и нешто што плус ме заинатува е што обавезно кога седам ќе ми се намести некоја над мене и така ме гледа под око, демек совеста да ми проработи. да да, надевај се. ;)
    а ми се има десено и да ми кажат да станам, тогаш викам шината ми е ногата, не смеам да стојам. и чао пријатно бе ич не се замарам. слушалки на увце и си пичам . 8)

    а ако веќе стварно се толку ``изнемоштени`` можат било кој ден да си платат 25 ден. во приватен и да седат или во државен друг ден освен вторник и петок.
    мајка ми стално ме критикува и ми вика замисли така баба ти да стои пола саат како би ти било. и тие што се возат се нечии баби и дедовци. и така некад искрено жал ќе ми падне, ама за мене уште повеќе. наречете го себичност или било како , тоа е мојот став.
     
    На Sarasweet и ana-banana им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.977
    Еве јас како студент ќе ти одговорам. :)

    Државата за мене, моментално, освен што ми ја плати школарината од 200 евра за првата година поради високиот успех од матура, не прави буквално ништо. Знаеш колку труд вложив, и вложувам и ќе вложувам, за од наредната година земам НЕКАКВА стипендија, макар и од 1000 денари. Тие 200 евра што ги ,,заштедив,, ги искористив на стручна литература. Еден поасален речник е со цена ,,уби Боже,,. Една асална граматика е поскапа од мојот зимски капут. Види ја државата, како се однесува со младината. А јас сум една од 200те студенти кои имале ,,шанса,, да заштедат школарина. Каде отидоа останатите 15 000 и кусур. :x

    Не знам од каде си, ама во Скопје студираат студенти од цела Македонија. Ја имам привилегијата да седам во стан, значи имам подобри услови од повеќето во оглед на храна, сместување и комфорт, но знаеш колку многу чини сето тоа ?? Штедам буквално на се, од шампон до батерии на далечинско. Цимерките дневно даваат 50 денари само за да стигнат до факултет и назад. А, бе, има од источна, западна Македонија, еј, со месеци не си идат дома затоа што картата им е 1000 денари. Што не им го плати тоа државата ?! Секој сака домче да си оди, така ? Ете можност, наместо вторник и петок, парите од петок, на пример, нека бидат резервирани за студенти кои сакаат да си одат дома.

    Мада, на студентите не им треба многу. Да видиш во какви услови се седи, во МИЗЕРНИ бараки, па учат и завршуваат, стануваат луѓе. Е во тие треба да се инвестира, да им се помага. Не бараме ние којзнае што. Ние еден ден ќе ја градиме државата. Зашто најлесно е од топол кревет и лаптоп да се пишува и да се бранат пензионерите. Нивното поминало, моето допрва иде.
     
    На Sarasweet, ana-banana и DAngel им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ееее Дузи, знам, само кај да се пожалиш?! И што е најтрагично на рекорд влезе контрола ни ги побара билетите, ги покажавме, а на предна врата дремеа редица, ама баш редица деца со слободни да се качат и не ги пушташе, и ние чекавме 10 минути внатре затворени и баш како криминалци: „отварај средна - брзо затварај!“. Се е тоа заради тие нови билети од по 40 денари, да не им стојат туку-така, туку да ги продадат на било кој начин...
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Паметот и културава на пензионерите им е до тој степен што една баба ме нападна буквално затоа што шоферот застанал точно пред мене дека видел младо мевце :o каде бе со тоа понашање, и како да не и се раздерам културно? И како да и отстапам место да влезе пред мене?
    Бесчуствителна сум да, и нека стојат гајле ми е. Можат да стојат не туку ги жалете, штом може за една сијалица да се ака до битпазар може и да стои во автобус. Па по двокатниве што е, абе атракција, чиниш у Париз се па го разгледуваат градот. Неможеле да стојат а можат да се пентарат по скаличките во двокатниве нели? :^)
    Не ги жалам затоа што им ги слушам муабетите „Еве убаво времево денес да се прошетам, да идам до Центар, па да фатам друг кој ми дојде, секој вторник, петок одам на различно место кај ме носи патот„ „Ааа убаво и јас така нешто„ - му одговара другарот пензионер :^) И јас да станам после киснење 5 саати на факс на некој што му се шета. Епа нека стои коа може и да шета. Никој не им брани да се возат и да си ги вршат работите во вторник и петок ама немаат осет веќе. 100 кила праз носат во автобус да умре човек.
    А уште потрагично ќе биде ако им ги направат сите денови бесплатно, верувајте дека полошо ќе биде, ќе си го користат секој ден така за прошетки и пак ќе бидат преполни автобусите, и тоа што се случува во вторник и петок ќе се случува секој ден.
    Ај валда сеа коа ќе застуди уште повеќе нема да се возат веќе ...
     
    На ana-banana и Elennaa им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.720
    Пол:
    Женски
    Taка ти рекла? :D Уште ова го немав слушнато :rofl: Сите граници се преминуваат веќе, па после младите имале истенчени нерви.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека уште полошо ќе биде ќе се шетаат секој ден. А за тоа дека поради студот помалку ќе се возат искрено се сомневам. Летото на +40 степени се шетаат, па и сега на минус ќе се наоблечат и пак на прошетка :devil: :devil:
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.843
    Допаѓања:
    36.370
    Пол:
    Женски
    Не сакам да бидам оф топик, ама ќе ти одговорам кратко на ова.
    Од Скопје сум :) и отприлика знам со што се соочуваат студентите. Се сложувам дека треба да се направи многу повеќе, не само за нив, туку општо за се во државава. Најмногу ме иритира фактот што најголем дел од "закониве" што ги носи владава се популистички. И ова со пензионериве е таков, ама па имаат право да си се возат луѓево.
    Глупаво ми е вака, јас нова тука и оп одма на оваа тема се фрлив, кој знае што ќе помислите за мене :lol:
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    И јас сум за тоа, да не се направи секој ден да им биде слободен. Т.е не дај Боже. :x
    Прееска, се возев во автобус, и седев, и не видов дали беше некоја постара ваква таква. Позади мене беше.. Ама се фатила за моето столче, не го пушта. Ме изполупа по глава, и после станав. х)
    Ама не за друго, па и, држам со една рака јакна, па опрема физичко, па ликовно. И немам за што да се држам. Сеа јесте да, и они имаат ќеси, ама нема белким некој да им краде кромид. И да да кажам, многу крадат по автобусиве. И најчесто, не се држам за ништо, туку за џебовите, да не ми земе некој нешто. х) Поготово кога ќе се најдам измеѓу две „шипки“ и двете далеку, и иди фати се.
    Ваква била, таква била. Ама таква сум. Чим можеле да се буткаат можат барем еднаш да постојат.
    На враќање од школо мислам дека беше.. цело време се жалеа оти стоеле.
    Еми јас цела недела стојам, по 2 саати, па кој ме прашува.
     
  15. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Ако ја видите баба ми во 22 вторник и петок не и станувајте . Во понеделник и четврток навечер и текнува дека ја боли нешто за да оди следниот ден на доктор . Последниов пат отишла и рекла дека ја боли душата , па ја испратиле на психијатар ( многу нормално |( ) .

    Муабетите од типот да се прошетаме , па вторник/петок е веќе се секојдневни.Исто и стани девојче / момче , има постари кои не можат да стојат .

    Неделава бев прилично болна , качив температура дур се враќав вторникот од град за да ми рече едно бабе да не гледам надвор туку да станам на постари .
    Не ми доликува , млада сум , она беше трипати постара од мене , ама со оглед на тоа што можев и да и повратам секој момент културно и реков дека немам сили да станам .. занемарувајќи го фактот дека позади имаше слободни места - не знам како . Ме погледна на криво и си размислуваше нАли на глас како младинава место напред оди назад .
    Верувајте дека ич не седам тие денови ама тогаш да имав сила ќе ја изедев од што ми играше на желудацов .
    Кога скоро оздравев поточно завчера отидов со мајка ми до град , имав некоја обврска . Се ослободи место и мајка ми рече седни , лежеше неколку дена сега си омалаксана и стварно така беше . Влезе мало девојче со мајка и одма станав и една баба дотрча за да седне и и реков најкултурно дека станав за мало девојче да седне . Ме погледна така коцкасто а мајкава ми се заблагодари .

    Луѓе , се гледа кој е изнемоштен а кој иде на шетање . :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Значи ужас! Нема нешто поужасно од тоа што се случува во автобусите во период од 6:30 до 7:30 наутро, 12:00-1:15 попладне и 16:30-20:00 навечер.
    Тогаш ние средношколците одиме/се враќаме од училиште, а пензионериве баш во тој термин "мораат итно" да одат на прошетка. |(

    Мизерија. Сабајле немаше место да се диши, ама си имав земено убава позиција. И една жена му вика на еден младич: Па нема да се симнуваш? И овој: Не :^) Оф, јас мислев дека ќе се симнуваш.. И коа се намести накај мене, ме истурка, ме искрши. |(

    И после да им станам? Попрво би станала на некое мало девојче или на некоја женичка која си оди од напорната работа него на стариве што морале да се прошетаат. Ако неможеш да стоиш нема да искачаш од дома бре. Како пред да воведат бесплатно возење ги немаше?! Ма, немој, молим те. Бруки.
     
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ова се случува во петок и вторник! :!: :D
     
    На Ket.Rin и Sanniii им се допаѓа ова.
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Прееска се чувствував како салама во тост на тостер. Ох не, ко растителен кажкавал! Ма се бутаат во државниве ко да нема да дојде друг автобус.
    Абе како им закажуваат во болнициве баш во периодот од 13/15:00?
    Насабајле не се диши, а и попладне не е ништо подобро.
     
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Автобуски, возни линии, такси компании...

    E морам да ја споделам случкава.
    Вчера кога ја носев малата на забар си начекав 2 слободни седишта и си седнавме (обично седи кај мене во скут). На наредната станица се качи еден чичко така постар, ама не беше дедо и воопшто не личеше дека е изморен и изнемоштен и ми вика-ај земи си го детето во раце да седнам, а мојава машала ако ти седне во скут ќе те здрви....и седна што седна, не реков ништо-ОК, за да наредната станица се симне :o |( ....си се изнасмеав и се почудив, седна за една станица да се повози.
    Потоа си ја седнав пак до мене и доаѓа пак еден човек, мортус пијан, смрди, труе и тој ми вика-може да седнам... само косо го погледнав- а извинете, каде :^) ....е бев спремна да се карам, жими се`, ќе се карав, па макар и со пијан (а од пијаниот бега и будалиот :!: ).
    Среќа моја си продолжи понатака, шуќур се спасив.

    Кога сум сама, нема проблем, ќе стојам, колку и да сум уморна ќе стојам, станувам на постари, бремени, родители со деца, имам осет...и никогаш не ми се случило кога сум со ќерка ми да му речам некому да стане за таа или ние да седнеме. Ако има место ќе седнеме, ако некој ја викне да седне (има такви, ретки се, ама има), се заблагодарувам, ама се нервирам кога ќе се појават паметњакови кои се однесуваат дека секогаш мора да им се остапи место и дека мора, ама МОРА да седнат.
    ЈСП и се` е можно. :x
     
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Е богами што се нема да видиш во ова автобусиве. Некултура на високо ниво. Седнаа три девојки и една постара жена пред мене и мајка ми и си отворија јадењето и јадат ли јадат. Ај што јадат, него мљацкаат, и уште па се смеат со отворена уста полна со храна. Да ти се згади и живот и се. Господ знае од која планина се симнале и право во автобус се качиле. Плус на крајот откако стана сите трошки на седиштата ги оставија и по подот ги испофрлија. А една друга пак, спроти нив, извади грицкалица и зема ноктите да си ги сече. Нокти буквално летаа на сите страни. Седев и се чудев како не им е срам цел автобус да ги гледа, стварно не сфаќам. Не верував дека и ова ќе дочекам да го видам.