Кај нема автобуси, па и шоферите курнази! Полупразен автобус 5ка, не застана на постојка, т.е. забави само малку и изгледа дека немаше за симнување, си продолжи. Тие шо чекаат на постојка, ќе си почекаат.
Дали знае некој кои автобуси одат до авто испитен центар? Или во близина? Прв пат одам до таму. Тоа се наоѓа на ул. Перо Наков 108а, колку што знам некаде во Маџари. Ви благодарам
Здраво, дали може пензионерска картичка да ја користи лице пензионер од друг град? Ако, да кои документи се потребни? Ви благодарам!
Луѓе, како успеате да стигнете до вашите дестинации во точен рок, со овој возен ред? Ова е лудило, никаде го нема ова, ниту во земјите од трети свет!!! Не заслужува да се вика држава!!!
Катстрофа е состојбата со автобусите, особено на оние линии каде не поминуваат приватни автобуси. Се чека и по еден час за да дојде автобус, а шо е најлошо ни возните редови ни апликацијата за следење не се ажурирани, па дремиш на постојка.
Јас буквално секое сабајле излегувам со намера да идам со автобус и доаѓаат два пуни, да не можам да се качам и тргам пешки.
Ова веќе не е човечно. Им се чудам на оние, чие работно место или училиште им е многу оддалечено од домот. Како навремено стигаат? Ваљда секој ден не одат со такси? Тек сега зимава, ќе биди шо ќе биди. На минусни температури да се скамениш на постојка…
Добро шокур се дешава со автобусиве? Тогаш оној на жардињера се качи, бил дефектен, во Бутел еден нели се запали, скоро еден на автобуска се запали, во моја населба трипати начекав летово застанати оти се расипале и сега само шо минав кај Југо дрво 3Б стоеше исто нешто расипан. Води некој сметка, ги поправа?