Исто како и досега. Само внимавај, некои валидатори не работат. Во меѓувреме ти стигнува само задоцнета порака. Така, ако си свртиш на бројот 185 уште еднаш (мислејќи дека претходно не ти поминало) ќе ти наплатат дупло. Мафија.
Пробајте тука. Јас успешно ја симнав, се префрлија парите и функционираше во бус. Колку што сфатив треба само да се јавиш на 185 без да доближуваш телефон како досега до валидаторот. Баш вчера еден дечко го доближи телефонот ама без никаков ефект, ништо не се појави на валидаторот, а тој доби порака дека успешно платил.
Со што се најави за да ти се префрлат парите? Јас сум на старата со телефонски број најавена, сега на новата се најавив ама скроз како нова сметка да ми формираше
Сега уште не е толку ладно па некако се чека автобус, страв ми е да помислам зимава како ќе дремам на автобуска...
Со телефонски број да. Пробај повторно, избриши ја сметката, не знам до што е проблемот. Кликаш на апп кај полето билети, па на полето кај што е балансот и се појавува QR код. Се поставува телефонот под валидаторот, има еден дел како камера за да го скенира кодот. Не фати од прва, ама после неколку обиди беше во ред, најверојатно треба да се позиционира добро и да се почека малку.
А како би се знаело дека во тој автобус си го купил билетот, а не во некој друг, ако не се валидира преку валидаторот, туку само преку вртење на 185?
Аман. Дај нека каже некој како корисник на припејд да дополни картичка или купи карта без да бара отворена билетара.
Ама чекај, тоа е значи новитет? Можи да се користи за повеќе возења додека трае? Како шо знам претходно кога купуваше преку моб, важеше само за едно возење во купениот автобус.
Можело бе дечки, оти лажите Само што најдов. Има опција да надополниш преку картичка и ти дава QR код што ќе ти го скенира камерчето на апаратот во автобус.. Така вика, мада што веза немам кај е тоа камерче. Не мора само од сметка на телефон да плаќаш.
Па не можеше ни со припејд да платиш, коа вртиш 185. Ајде види и јсп нешто да сменат. Ме зачуди сега.
Знам ама мене ни онаа скопска не ми работеше, даваше incompetent for this device, нешто така и САМО преку билетара можев да надополнам. Сега само што надополнив преку картица колку да пробам, баш наредниве денови ќе пробам и во автобус дали ќе работи.