Реално можеш, не им ја сфаќам логиката позади ова. Сигурно не е предвидено за повеќе возења, ама па контролорите немаат начин да знаат од кога се возиш, така да... Модерна технологија со модерни автобуси Btw и со апп е исто, не пишува за која линија е купен билетот.
Купив карта за 10 возења преку новата апликација ама апаратчето не ги чита, не сфаќам зошто? Пробав и одоздола демек таму била камерата за QR кодот, чекав чекав, не чита. На крај свртив 185. Нешто погрешно правам?
Какви лопови се Јсп Имав 2 возења и се куцнав еднаш, на тоа пишуваше грешка при верификација и ај пробав пак, фактички и со тоа грешка ми земало возење и сега кога гледам за назад ми пишува немам за возење.... дебили а да не куцнев пак ако имаше контрола може ќе ми се понашаа а вака кај не важи кај ви зимаат да знаете среќа па од тел можев да платам
Имам прашање, вчера ме фати контрола во ЈСП и ми напиша записник за казна 1000 денари, јас сум редовен студент втора година и немам извадено картичка за бесплатно возење но ми кажаа колеги дека ако извадам ист ден ќе ми ја искинат, што мислите?
Си требала да платиш преку телефон, и така само време пишува на билетот. Не би требало да ти ја скинат, ќе треба да ја платиш.
Не може така. Мора да ја платиш казната. Да си имала порано извадено картичка, ќе беше друго. И друг пат, не влегувај во автобус ако не можеш или не сакаш да плаќаш.
Можеби не е за тука ова но ме интересира дали има негде да се пожалиме анонимно (иако знам дека нема да се смени ништо) околу приватните превозници. Се возев во приватна 22ка каде што возачот за малку ќе фатеше жена при симнување, застанува после автобуската и не остава патниците да се симнат од автобус односно пребрзо затвара врата. Го знам возачот за жал од кога што знам за него секогаш вози така, не дај боже да се случи некој на некого поради неговото лудо возење па уште се дере на патниците со реченицата ,,Да не сакаш црвен тепих да те почекам да се симнеш". Не сакам да се качам во било кој автобус и да се молам да преживеам...
Имаш на страната дел за поплаки. Џабе, сум реагирала за одредени настани и никогаш не одговориле. Единствено имаш мејлови до одговорни лица, ама ова веќе не ти е анонимно. @Heidi__9
Дали некој друг има иста ситуација да не му ги пишува средствата што плаќал на 185 на апликацијата на Телеком како трошок? Имам околу 10 пати платено, и секогаш за 1 ден ми ги пишува на апликацијата како трошок, сега не ми ги пишува? Не дека мн сакам да им плаќам за превоз, и онака го нема редовно, ама неќам вакви ствари да не испадне отпосле да плаќам или некој друг проблем?