Возат само тие на гас. Туку, доста со седење... https://www.slobodenpecat.mk/gragja...ot-so-javniot-gradski-prevoz/?fbclid=IwY2xjaw
Како што тргнало, ќе треба народов да иде со такси на работа, факултет, училиште, лекар..... Не се нормални. Некој нема пари за такси.
Фактот што се споменува дури и како опција е тоа каде згрешува народот.Град без јавен превоз не се смета како град, а камоли главен град
1. Зошто нема јавно НИКАКВА ЈАВНА НАБАВКА од страна на ЈСП во период 01.01.2024-20.11.2024? прво тоа 2. Сакав да видам шо викаат ревизорските извештаи за долговите: но, пред да идеш на линков, зошто нема за 2022, 2023 ?????? ајде да видиме ДЗР шо напраиле. Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај ЈСП „СКОПЈЕ” за 2023 година ги утврдивме следните состојби: - евидентирано е земјиште со вредност која отстапува од проценетата пазарна вредност утврдена од овластен проценител; - дел од градежните објекти се без регулирани права на сопственост и без вредност, а не е евидентирана урбаната опрема добиена на трајно користење; - не е утврдена објективната вредност на основната главнина и не е извршен упис во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Северна Македонија како основачки влог; - пописот на средствата и обврските не е во целост спроведен; - слабости во начинот на пресметка и исплата на плата и надоместоци на плата на вработените, во ангажирањето на лица преку приватни агенции и обезбедувањето на правна помош преку адвокатски услуги; - несоодветно давање на користење под закуп на земјиште, деловен простор и урбана опрема; - преку позајмици ЈСП „СКОПЈЕ“ како основач на ЈСП Турс „СКОПЈЕ“, во континуитет ги покрива редовните трошоци од неговото работење, но истите не се вратени, така што на крајот на 2023 година, по овој основ има искажано побарувања во износ од 21.731 илјади денари. - слабости во изградбата на објект на Водно, кој и по десет години, не е пуштен во употреба, иако истиот подолго време се користи; - штетно склучена спогодба за плаќање на долг, поради повисока стапка на законска затезна камата - слабости во постапките за јавни набавки во однос на утврдување на техничката спецификација аха, еве зошо не ми ги дава. Во делот Нагласување на прашања, ревизијата известува за проблемите кои подолг период се присутни во работењето на претпријатието, а се однесуваат на: негативна главнина од 550.017 илјади денари, тековните обврски кои ги надминуваат тековните средства за 1.174.274 илјади денари, остварен 1 денар приход (од превоз) за 2 денари направен трошок по км, ненавремено плаќање на обврските кон приватните превозници кои заклучно со 2023 година изнесуваат 93.254 илјади денари и обавување на дејноста со застарен возен парк. Имајќи ги во предвид овие состојби, и покрај субвенционирањето од Град Скопје како негов основач, претпријатието не е во можност да ги постигне стратешките цели за одржлив урбан транспортен систем и развој на јавниот градски превоз во Скопје. Ова ,,тековните обврски ги надминуваат тек с-ва'', значи дека поише ДУЖАТ, него шо имаат пари да исплатат ОВОЈ НАОД ЗНАЧИ СМЕТКОВОДИТЕЛКАТА И ЦЕЛО СМЕТКОВОДСТВО НА ЈСП ДА СЕ ГОНИ!!!!!! за неправилно книжење известување у државниве, се лежи ЗАТВОР. Мислење за финансиски извештаи Според наше мислење, поради значењето на прашањата изнесени во точката 3.1., финансиските извештаи не ги прикажуваат, вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ“ на ден 31 декември 2023 година, како и финансиската успешност и паричните текови за годината која завршува со тој датум, во согласност со применливата рамка за финансиско известување. Мислење за усогласеност со закони и прописи Според наше мислење, поради значењето на прашањата изнесени во точката 3.2, активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи на Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ“, за 2023 година, не се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. еве објаснување шо значи дека не се вистинити 3. Основ за изразување на мислење Ревизијата е извршена во согласност со Ревизорските стандарди на Врховните ревизорски институции (ISSAI) и Кодексот на етика на Државниот завод за ревизија. Одговорностите согласно ISSAI се опишани во делот на Одговорност на ревизорите за ревизијата на финансиски извештаи заедно со ревизија на усогласеност. Веруваме дека ревизорските докази коишто ги имаме обезбедено се доволни и соодветни за да обезбедат основ за нашето ревизорско мислење.
Ова морав посебно, ЧИТАЈТЕ УБАВО. ИСТИТЕ ТИЕ ШО СЕ БУНАТ КАКО НЕМААТ ЗЕМЕНО ПЛАТИ, ЛА ЖАТ! Од извршениот увид во персоналните досиеја, склучените договори за вработување и доставената документација за пресметка и исплата на плата и надоместоци на плата за вработените, ревизијата ги утврди следните состојби: Начинот на пресметка и исплата на плата за вработените кои имаат статус на административни службеници не е усогласен со важечката законска регулатива во делот на основната и исклучителната компонента на плата, односно не е утврдена минимална плата и не е усогласен бројот на бодови за степен на образование, ниту се утврдени додатоците кои ја сочинуваат исклучителната компонента на плата, што не е во согласност со член 4 од Законот за минимална плата со кој се утврдува висината на минималната плата и членовите 86, 87 и 89 од Законот за административни службеници, кои го регулираат начинот на утврдување на основната и исклучителната компонента на плата. Исто така, утврдивме дека кај повеќе работни места од самостојните одделенија бројот на бодови при пресметување на платите се разликува од работни места предвидени во другите одделенија со исти звања. Делот на плата за работниот стаж на административните службеници и давателите на услуги и другите вработени се вреднува во износ од 0,5% а најмногу до 20%, од деловите на часовите поминати на работа, за секоја почетна година работен стаж, што не е во согласност со член 87 став 5 од Законот за административните службеници и член 47 од Колективниот договор, каде е уредено дека делот на плата за работен стаж се вреднува од деловите на плата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж. При распоредување на давателите на јавни услугите и помошно техничкиот персонал на повисоко или друго работно место, утврдивме дека дел од вработените не ги исполнуваат условите за вид на образование, предвидени во Правилникот за систематизација на работни места15 . За четири месеци извршено е наградување на 42 вработени лица, врз основа на одлуки од директорот без предлог од непосреден раководител, ниту опис за која иновативност или креативност се предлага лицето за награда, што не е во согласност со член 45 од Колективниот договор. мрш таму профитеришта
Се додека не се излезе на МАСОВЕН протест со блокирање на улици, нема целосно да се реши работата, туку привремено ќе се крпи, се додека не настане повторно некаков проблем. Барем еднаш месечно, ЈСП "колабира", за плати, за нафта, поради расипани автобуси итн. Проблемот е до Данела, но и до советот на Град Скопје, каде мнозинство имаат ВМРО, кои под директива на Мицковски блокираат предлози од Данела. Веќе јасно е ,Мицко не соработува со неа, тој и сам си призна, тоа шо ја поддржал било најголема политичка грешка. Е сега поради овие политички препукувања и циркузи, Скопјани до напролет, ќе трпат. Тешко до локалните избори да има трајно решение со ова темпо.
A Град Скопје па јаката институција. Оној Трајко е бетер од нејзе. На факс носи презентации со фаци на лица од СДСМ. Тоа мене не ми е нормално однесување од ПРОФ ДР
Немам пари за такси на средина на месец... Едвај се довлечкав пешки до дома од еден крај на Скопје до друг. Капак на мизеријава деновиве најавуваат и дожд па прскањето од коли ќе ми е награден бонус.
Да, класично препукување, а нас не третираат како деца. Штета што нема законско решение да си заминат заедно, и советот и градоначалничката.
Одењето пешки е добро за слабеење Во понеделникот отидов на Клиника. Среќа што немаше гужва во автобус. И што автобусот дојде навреме. Гледам ставиле нови апарати за наплата.
Има луѓе кои живеат 1 час или час и пол далеку од факултет/работно место.Човек си оди пешки заради здравјето тоа се знае, ама сега на студов??!! Дајте,ни како шега не се спомнуваат овие работи.
На госпожата и е гајле тоа што некој ќе оди пешки или ќе плаќа такси. Она битно си ја грее на работа. А народот нека се мачи. Па и условите во автобусите се за никаде. И такси ретко се наоѓа
Да каеш таму у ДЕ каква држава сме!!! Нови апарати за наплата, ВАУ. У Саудиска Арабија ќе има летечи таксиња ние се радуваме овде ко дете од Африка за вода.. Ај ќе се испратам сама