Баш разговарав со маж ми за ова. Вика Среќа што не сме таму. Во ДЕ нема проблем со превозот. Редовни автобуски линии, метро, трамвај, воз. Да ти е мерак да се возиш. Колата ретко ја вози маж ми. Лани се возам во автобус (си идев од работа) и имаше гужва. Кажуваше една жена дека ден претходно кога си идела од работа, се качил контролор. Им побарал карти. Патниците почнале да му се дерат и го избркале од автобусот. Во таа гужва да плаќаш карта
Машала, во пакет со некултурата на народот ова на ЈСП им оди ,,подмачкано". Народ што се бута и што не знае да почека луѓе кои се симнуваат, кој не знае да се справи со ситуацијава, кој седе пасивно и врти муабети од типот ,,ќе дојдат други избори", како да кажам (да не навредам). Толпата е моќ ако е правилно воспитана и ,,владее" преку својата дејствувачка сила. Не примитивно, туку умерено, кратко и јасно изложувајќи го проблемот. Со ваков народ, ништо не е можно. Ќе речам и два-три збора за младите неандерталци во друга прилика.
Се уште ми е мистерија како во најзагадениот град во Европа и пошироко и од денес официјално без јавен транспорт се продава квадрат по 2000 евра. Освен луѓе кои сакаат да се осамостојат/формираат нови семејства не знам кој би купувал тука недвижности.
Нема автобуси. Наводно, цел ден ќе нема. Такси и онака ќе нема оти само по еден човек внатре ќе се вози и тоа е тоа. Гледам се организираат луѓе за превоз - не е решение ниту ова.
другарка живее на улица кај што поминува 57 о рече поминала една 57 на 4 саати... Иначе јас како што приметив 35ли има често
Не знам за првиот дел од прашањето. За вториот дел, никој не знае. Вечерва во 18 часот Град Скопје ќе одржи седница на која надежно ќе одлучат што ќе биде со автобусите. Следи ги вестите после.
Демек нашле привремено решение... https://republika.mk/vesti/skopje/g...-se-reshi-problemot-so-avtobusite-niz-skopje/ https://skopjeinfo.mk/skopjani-mozh...da-mu-dade-nafta-na-jsp-od-drzhavnite-rezervi