И дајте да се укине ова бесплатново за пензионерите. Гласачко тело биле, нас другите кој нѐ ебе. Месечна карта земав и шо дека, пак све пешки се враќам. А пензионер нема секојдневна потреба да оди некаде така да може комотно да си плаќаат како сите други.
Јас мислам дека сега за пензионери било 300 ден. месечно, секој пензионер може да си дозволи толку, а не научени се бесплатно. Бесплатно треба да е за ученици, студенти.
Па, средношколците и студентите имаат бесплатно. Да, за пензионери е толку и имаат 4 дена бесплатно. Но, колкава е нивната потреба не може да се генерализира. Немаат сите исти околности. Не е дека секој ден идат на пазар. Мораат и на доктор како и ние.
Знам дека имаат бесплатно студентите и учениците, затоа пишав за нив само треба да е бесплатно. Па и да имаат потреба си имаат пензија и 300 ден. секој може да си дозволи месечно. И не, немаат само пензионерите потреба да одат по доктори, колку млади има болни што некои не се ни вработени, некои на боледување, ако е веќе така нека биде за сите бесплатно. Имаат потреба, не велам не, ама некои и си се шетаат, слушнав жени кај што збореа дека се изнашетале, дома што ќе правеле, срамота.
Немаат сите пензионери потреба секој ден да одат по лекари. Целта им е да се шетаат. Не ми е јасно.... Кај одат во 16 часот во најголемите жештини? Сега гледав едно видео на фб. Народ на автобуска постојка, а нема место во автобусот
Или сабајле уште пред 7 кога одат сите за на работа и на училиште. Гледам колку се бутаат кога ќе поминам од автобуска, не им дозволуваат на учениците да се качат.
Нафтата е на пат кон ЈСП. Се очекува вечерва или во раните утрински часови да има враќање на автобусите на улиците.
Супер!! Колку долго ќе е тоа решение? Недела дена. Факт е дека секако фалат автобуси, возачи..... И пред да снема нафта се чекаше. Само не цел саат туку 45мин. Нема логика да се замачкуваат очи, ко демек се грижиме за народот па најдовме решение. Но луѓето се со IQ собна температура и меморија на златна рипка, малку е и ова за ваков народ
Се надевам дека нема да го откажат протестот. Потребен е. Проблем не се средува со привремено решение.
Ете ВМРО, си ја постигна поентата, на грб на граѓаните. Не ме сфаќајте погрешно, и Данела си влечи вина, ама ова инаетење на ВМРО, е црешата на шлагот, ги прават граѓаните малоумни.
Ја слушавте ли Данела кога кажа дека бесплатните месечни студентски билети биле терет за ЈСП и градот Скопје, бараше МОН да ги исплати парите за бесплатни студентски билети на ЈСП.. Излеа ќе удрат овие по студентите од немај каде, вика дека немале капацитет да даваат бесплатен превоз за студентите.. Како бе од бесплатен јавен превоз за сите граѓани дојдовме до нема пари за студентите да се возат бесплатно?
Многу е јако како УСС пушта соопштенија како ДПМНЕ штаб да е... И тоа се политизираше... Ебате државата.
Имаа кажано дека претходната власт не му наложила на тогашното МОН да исплати пари. ЈСП на доброволна основа им дозволува на студентите да продолжат да се возат бесплатно. Во август од таму кажаа дека тоа нема да се укине. Но, колку ќе се држат до тоа без пари...
Што има врска ако работат, дали плаќаат партиципација при упис на семестар и уште 300 други глупости што не знаат ни за што даваат пари веќе, плаќаат, епа што тогаш?