За муабетов погоре, јас завршив средно пред брзо и ние имавме бесплатна картичка, односно таа важеше само за време на школска година. А дојде 1-ви јануари одма ти пишува надополнете ја картицава. За лето беа малку подарежливи па го укинуваа од 20 јуни. За матурата едино беше продолжен до половина на јули ако добро се сеќавам. Не знам како било порано, дали средношколците имале бесплатен превоз сите 4 години А за бабиве и дедовциве јас стварно неам зборови. Не ме сфаќајте погрешно ги сакам и ги почитувам стариве, али шо е многу, многу е. Секад ме буткаат и нема правда за мене, освен ако не зеам ја да се расправам со нив, а нејќам. Лоша слика е, си тргнал у школо, факс, работа било кај и те избуткува некој со 10 кеси патлиџани и компирчиња, што може тоа да го праи и у друго време а не баш у ударното кога луѓе имаат работа. Некад не можеш ни со една нога да се качиш, а камо ли со две.
За ова само да те поправам дека пазарите не работат цел ден. Ама независно од тоа, неспособноста на ЈСП да си го среди распоредот не е нивна одговорност. .................................................................................................... On topic: не ја разбирам омразата кон пензионерите, уште и да се бара укинување на бесплатните затоа што претпријатието е неспособно да се организира. Има секакви и читав дека некои пишуваат дека не им било проблем на пензионерите да даваат пари за превоз. Тие секаквите се знае кои се и за нив имаме коментирано многу. Ама има голем дел од нив кои не се такви. Не знам дали сте запознаени ама во државава има пензионери кои имаат пензија и по 200 евра. Тие пензионери работеле цел живот и за жал пак немаат доволно ниту за еднодневна екскурзија, а не пак нешто повеќе. Затоа било што за нив е малку. За жал, политичките партии го имаат убедено народот дека пензионерите се гласачко телои затоа народот си мисли дека пензионерите уживаат којзнае какви привилегии. Кое е тоа гласачко тело со 14 000 денари пензија? Единствено лошо е тоа што за пензионерите кои не се со престој во Скопје не важи оваа мерка и тоа што мерката важи за сите пензионери - и со високи и со ниски пензии, а не би требало да е така (барем според мене). Неспособноста на ЈСП да менаџира, го доведе народот до степен да се зајадува меѓусебно. Не се пензионерите криви затоа што ЈСП се неспособни. НЕ се пензионерите криви затоа што ЈСП нема нафта, пуштаат по еден автобус на ден, не се одржуваат и им се расипуваат секојдневно. Ако се пензионерите виновни, тогаш зошто ноќните не поминуваат? Упатете го гневот каде што треба - кон ЈСП. На толку помош, на толку опции да бидат пак во каша е единствено заради лошо менаџирање.
Има пазари и маркети на секој крај од градов, они мора да идат да пазарат на Бит пазар или Зелен и тоа во раните часови кога сите идат на работа и школо. Некој од Трубарево да оди специјално до Буњаковец да пазари зошто му се можело, па срамота. Најубаво да си ограничат во кое време пензионерите можат да се возат бесплатно.
@NoirSerpentine и до ЈСП е, но и до (не)културата на пензионерите, младите. До сè е. Да си признаеме дека е и до тие погорните што испокрадоа од ЈСП и им се укажа можноста, па сега магично преку ноќ ,,решаваат". Наводно. Се надевам само дека денешниов протест нема да биде откажан.
Дур ние се препираме кој колку да се вози, главните продолжуваат да го тонат претпријатието. А, ние зависните од неговите автобуси остануваме да чекаме долго на автобуските станици. Не еден протест, илјада и еден се потребни.
Не се криви пензионерите тоа што немаме редовен и организиран јавен превоз. Прстот се покажува кон одговорните. Потребни се огромни промени за се ова да проработи како што треба. Во Солун имаат сега трета лента само за такси и автобус, ако возиш по неа 100e казна, одма. Те фаќа или камера или полиција. Изборот е твој. Има начини само некој треба тоа да го спроведе, а не е еден проблем во градов - од каде да се почне попрво?
Лапот ( убивање на старците ) на овие простори. Штом веќе не допринесува, се знае, во шума. И така...
Јас од странство ве подржувам! Напред наши! Ромите од Шутка биле на протест али нема врска, нашши се! Да, да, им дале нафта да имаат за една недела, од другата недела пак иста песна ќе се пее тука .
И ко за чудо, попразни беа од вообичаено. Имаше место да се качиш. Али не ме носеше патот да се качам у автобус
Не е проблем што народот се вози со автобуси кога ќе посака, проблем е што во изминативе 30 и кусур години се испокраде се што можеше и не се набавија автобуси, не се направија патишта, не се изградија болници, училишта, градинки... Најголем проблем се лоповиве, прво советниците во град Скопје што земаат пари од седница плус плати на работните места, па градоначалничкава што нема појма кај тера и партиите што намерно се мешаат за да ја спречат Данела да направи нешто. Во секој случај ние сме колатерална штета. Јас од еден крај до друг крај за да стигнам на работа одам пешки. Пратениците што земаат патни трошоци воопшто не мислат на мене и на моите проблеми. Ги гледам како се караат и се пцујат со невротичнана џукела Апасиев кој од кој неписмен и кој од кој поголем лопов. Жално е што во сред зима и заверена слободна јас ќе морам да продолжам да талкам пешки пошто следната година е изборна и овие допрва почнуваат со заебанциите...