А што се дешава у реалност е дека на никој од политичариве наши не му е гајле за јсп. Од даноците шо ги плаќаме сите колективно, си влечат добра пара и некаде се одмараат. Не им е гајле за луѓето што немаат превоз и тоа. Каков бензин, какво гориво, ај ќе си кажуваме прикаски за мали деца...
Забораив да додадам. У нашава државичка има пари и за лондонски бусеви, и за подобро здравство, пошта, бољи институции. Но едноставно тие што се моментално на моќ кај нас, не ги боли. Пари ко пари, стигаат за се. Јас да сум на вакво место, па и пола од плата би дала, само да знам дека на останатите би им било подобро. За јсп не знам што да кажам веќе. Се надевам ќе се подобри ситуацијава, па ќе можеме да се возиме ко луѓе.
Иако има автобуси, протестот биднал. https://sitel.com.mk/protest-poradi-problemite-so-avtobuskiot-prevoz-vo-skopje
Колку чудно ми беше вчера без автобуси низ град, денес гледам автобуси на Партизанска и си викам што убаво пак по старо, убаво ми дојде на душата хаха.
И јас им се радував. Иам чувство ко нешто по старо да се вратило Вчера си се шетам онака, и у цело време еден автобус видов, све си мислам цело време дека е викенд, не ми текнуе дека е четврток. И некако ко видов па автобуси денес, ми се врати осетот за денови.
E баш така.Не го разбирам народов стандардот го качи во пиедестал, и дури и се радуваат на привремена солуција на проблемот.Овие вака ги имаат решено проблемите привремено веќе неколку време! И не, не е решен, бидејки чекав 9-ка добри 40 минути во овој студ.Не е работата само одредени линии да се поредовни од другите. А пак гледам луѓето се жалат дека 19-ка немало ич. Нафта имало, како да не, за недела дена, па после истата приказна. Зарем не се научивте да не ги јадете овие фори. Ало разбудете се!
Кога вршиш притисок, нешто мрда. Но, треба да се направи уште поголем за да не запре. https://sitel.com.mk/jsp-ima-nafta-za-7-dena-shto-potoa-vladata-kje-nabavuva-elektrichni-avtobusi
Денес ќе да не стаса никој, на толкави галами деновиве очекував цело Скопје да и се соберите на Данела, со урлање, врескање дека сакате автобуси и нафта, а на крај испадна само оние романтичните да се соберат и тоа најверојатно за некоја ситна пара.
А вие па шо толку се мешате не сфаќам, сеирот толку ли е сладок? Главна тема ова ви е, ептен е за пукање сеир бе братче, дебилно е превише