Коментираме актуелна тема која се врти по медиуми и за која имаме свое мислење, ете за тебе е тоа дебилно, за мене е дебилно што никој не излегол на толкава галама на протест и тоа е тоа, нема потреба од лутење. Ниту имам комплекси, ниту имам нешто против баш напротив ги почитувам скопјани исто како што ги почитувам и неготинчани, кавадарчани, кочанчани, кичевчани... Точно не е само до Данела ама кај Мицко рже рже не се држе е работата, па затоа удри по Данела. Ова од денес:
Абе коментирате, но со потсмев цело време, уште пред неколку дена Све е дебилно, цел народ сме дебили, ете ко сликана
Пошо не се организира протест у 13 саат у работен ден. Туку овие курташак си играат. Немало нафта, па оп, владата херојска ќе дала нафта, ама за точно 7 денови само. Абе важи.
Протестот вчера беше партиски организиран. Неверојатно е како од 200 луѓе по постојка на ниту еден не му текна да ги организира луѓето и да се преместат од постојка на улица. Не можам да разберам! И не е за разбирање. 5 часа чекаат на постојка без да преземат нешто. Навистина не ми е јасно. (ова е за деновите кога немаше автобуси) И ништо не може да го оправда таквото однесување. Кој чекаат да им ги реши проблемите? Зошто е народов толку...не знам веќе ни каква е оваа состојба.
Читам дека ќе имало и приватни автобуси. А тоа што некои од тие автобуси се од старо време, не е важно
https://24info.mk/арсовска-долгот-од-централната-власт/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR1NCWiLuouyZEqVdkEZKk2CPC_k2GaikNhq8eDwGZyoR2PlngKJvHPZDs0_aem_u9GKrSd1mSfgEcQ8wNUXBg#m402jkg8ghphhmiu0qt https://24info.mk/од-денес-приватните-превозници-прест/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR05IivT8LczEJyvP6uSPjsyKbtJYyH_KQ2dFBjr5JVUzlc3hZjgP0NKFmM_aem_BsOOWxqZ_j27VpwLLzvrHA
Јас вчера се возев у бус. На едната страна одма дојде, али беше преполн, а кога се враќав можеби чекав по 20-30 минути од автобус. Два ми требаа.
Јас едно знам.Протестите требаше да бидат масивни и да продолжеа секој викенд, се додека не превземаат сериозни мерки. Ова не е игра. Линкот што го пратив е пишан на 27-ми и вика ОД ДЕНЕС. Значи дека нема са има!
Не се љути, али ја не ти го ни отворив линкот. Не беше моево поврзано. Дојдов онака да се искажам у темата, ја видов активна и си викам ај да пишам Инаку не пратам јас дали има, дали нема. Не ме интересира, оти не се возам често у автобус. Бус фаќам коа имам потреба само. Ако има има, ако не, се снаоѓам. Повеќето места на кои одам ми се прилично блиску и им удирам една златна пешадија
На апликацијата пишува дека автобусот треба да дојде за 15 минути. И не доаѓа. Го пишува следниот кој е за пола саат. Не се нормални. Затоа со автобус одам само кога морам.
Бидејќи притисокот кој го вршиме е привремен.Ние едвај се собираме еднаш, и тие излегуваат со привремено решение од 1 недела,и нам ни требаат 10 години за следниот протест. За жал сме како народ..
Со кои да се собереш? Сите само по постојки зборат, ама не се поместуваат подалеку од нив. И старо и младо треба насекаде да протестира. Поразително е што многу мал број од младите реагираат. Повеќето се срам, без волја.