Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Тенкаи читам и се чудам . Кај си влегла ти :o Да јадат во автобус и нокти да сечат ? :fubar:
    Се сум видела ама тоа не ..

    Да ви ја кажам мојата најнова авантура во двокатна 22 :rofl:
    Не знам дали беше вторник или петок ама требаше после пазарот во Ѓорче да се симнам . И си стојам на врата , застанале 3 баби муабет си прават и јас викам се извинувам да искочам .. Дур се извинам појде автобусот .. Отидов во Геге |( Испадна спорт и рекреација по ладноно до дома ...Убавини :)
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    И јас во вторникот. За враќање од школо. Незнам што беше, или 15ка или 7ца. 7ца беше изгледа.. И мене многу ме болеше глава, и седнав на столче. И после стигаме на југодрво, и неможам да поминам. Ќе можеме да искочиме? Ааа, па не ви бега автобусот, не се буткајте.
    Тоа ако беше буткање, јас Дудунка од утре да се викам. Значи, јас само пружам чекор, им викам малце да се поттргнат, они дремат. И се затвори вратата. И после се симнав кај Верото. Не е многу далеку, ама мене како што ме болеше главата, како што имав 7 часа, ми идеше да опцујам се по список. Па уште, додека стигнам, пред нос ми помина автобусот. :up:
    Иначе фала Богу, не сум сведок на такво нешто како Тенкаи. Ама има некои, мастика џвакаат во автобус, џоа центрифуга е*аго.
     
  3. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Многу мразам кога има уште 1 минута да застане автобусот на автобуска а тие што треба да се симнат веќе тропаат,па доброо бе луѓе ќе застане не се секирајте-.-
    А да, кога одам втора смена во школо едно бабиште секој ден оди негде,не гледа дали е вторник или петок а ми личи на пензионерка за да работи уште , сите ги станува за да седне ,ми оди на нерви!
    -Ајде млади станете по цел ден сте на компјутер сеа пак да седите.. :devil:
    ццц неподнослива |(
     
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Џабе ни се нови автобуси кога никој не ги пази нити оддржава, ајде кај старите сме мислеле дека се гнасни поради тоа што се дотраени, но еве по новите се гледа колкава ни е кулутурата.

    Уште рано сабајле автобусите се преполни со семки од сончоглед, песок, хартии итн, па добро бе што народ сме, како има некој срце да фрла по така убав авбтобус, а тие од ЈСП дали воопшто ги чистат?

    И после ние сме за ЕУ ма ни за у Бангладеш не сме. :@

    А :!: и пензиноерите ми дојдоа на тапет, осет да немале, кесите ги ставаат на сред скали, се симнвуаш автобусот вози не застанува, а од нивните кеси неможеш нога да пружиш и уште дрско ми вели: Што бе толку малку ти треба да стапнеш за да се симнеш, не ти сметаат моите кеси :punch: , а што скалите се два метра па можам. Уффф :@
     
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Откако се запишав средно за жал се дружам со автобусите на ЈСП и уште што немам видено. Тапчки, дофрлувања, плескања по задници, пијаници и што уште не, али стварно ова пензионериве ги поминуваат сите граници. Абе мора на кривина во преполн автобус баш тогаш тие да стануваат, да се бутаат ко да ќе им избега станицата, а па највеќе ме нервира кога стојат пред врата и не ти даваат да си излезеш или во најлош случај, ќе излезат и си стојат пред излезот и се чудат на која страна треба да тргнат, а ние позади еден куп луѓе ги чекаме. Недај Боже да не им отстапиш место. Еднаш еден дедо пред цел автобус ми се развика дека ми тежел г`зот па што не сум му станала, а јас бев мртва уморна од школо.
    Неколку месеци по ред се погаѓаше кога одев втора смена во школо, да се возам заедно со една бабетина што секогаш некој ред воспоставуваше во автобусот. Се нешто и сметаше и се качуваме со другарка ми и пошо немаше место кај да застанеме, моравме напред кај шоферот. Не знам што и сметваме на госпоѓата, ни се развика зошто сме му стоеле над глава на шофеот. Леле кога и се сврте другарка ми, пепел ја направи :D и што не и изнакажа. Резил ја направи пред цел автобус, не можеше уста да отвори.
     
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    По се изгледа дека истата баба ме стрефи и мене, но и да не е, истата случка ја имав и јас, но далеку полоша, бев спремна бабата да ја скршам :@ , но после дознав дека е нервно болна и со сите се расправала.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.257
    Пол:
    Женски
    Јас понекогаш мислам дека и младите се нервно оболени. Во неколку наврати ги слушам како ги пцујат. Една девојка кога и се сврте на една, Што ма ти на мене ќе ми викаш, види се каква си, ко на журка да одиш, јас тебе да ти станувам. А бабата нешто и врати и оваа и вика, Море гони е у пи*ку матер!
    Има, има, се и сешто и од двете страни.
     
    На ana-banana и marama им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    31 декември 2010, тогаш уште не се шеткаа пензионерите без пари. Чекаме јас и братучед ми 5ка, некаде околу 3 часот опладне. Брзам јас да стигнам да се сремам за славење, братучед ми да стигне на работа, а една бабичка како изгубена стои на станица. Гледа еден човек како купува цигари на трафика и си збори тивко, за неа:
    "Што се труете бе со тие цигари?.."
    И братучед ми мој, 100% откачен и вика:
    -Кажете и дека не треба да пуши, јас нон-стоп и зборам, не ме слуша.
    -Ех девојче, па ако го сакаш ќе го слушаш, и тој тебе треба да те слуша.
    -Не ми е девојка, сестра ми е- вика братучед ми
    -Не ме лажи ти мене знам јас што ти е. :lol:
    По некое време пали братучед ми цигара.
    -Ееееее гледаш, треба и ти неа да ја слушаш.
    И си почнаа разговор.
    Раскажуваше ќе идела Нова година да слави, со црвен крст некаде, па прашуваше со кој автобус требало да иде, дека ќе останеле до доцна, докај 11-12 :lol: . и братучед ми на шала и вика дека додека да стигне 11 ќе дошло, и испаничи жената, "Лелееее, па има ли 11?", а надвор уште бел ден, не ни почнало да се стемнува. И стигна автобусот и братучед ми и кажа дека и стигнал, тргна да се качи, па ќе се сопнеше за малку, се симна возачот да и помогне. Тргнува автобусот и братучед ми вика: "Сигурен сум дека нема да знае ни каде да се симне" :rofl:
    Се ми се чини издрогирана беше бабичката :tmi:
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Абе до кога ќе пишува Среќен Роденден татковино!? До другиот септември најверојатно.
    Патем, што нема да видам. Денес се враќам од школо со 7ца, и идам до југодрво. Имаше повеќе гужва. И само, јас се приближувам до вратата, и еден старец, почнува буквално да ме бутка, по грб. Уствари на тепање поише личеше. х) Он седнат, а на него му пречи, што стоев приближно до вратата. Не дозволи, никој да стоеше приближно таму. И само што застана автобусот, овие се смеат и и викам на другарка ми: ****** спасувај жива глава ако можеш. И си излегов од другиот излез. А пред тоа, на една постара така жена, и рече девојче. И нешто викаше едно време. Овие се скинаа од смеење, ама јас некако успеав да се воздржам, додека да искочам од автобусот. :fubar:
     
  10. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Уште не можам да поверувам што ми се случи сабајле. Чекав 15 минути автобус на станица, патем втора по ред од каде што тргнува. Ај што доцнеше, па и кога дојде немаше место да се качам! Преполн беше автобусот со баби и дедовци, иако е понеделник. Останав запрепастена како ме испобутаа истите тие бабички што во вторник и петок колнат низ автобуси дека нема место. Морав да чекам друг автобус што ме носи до пола пат, а потоа трчав до училиште за пак да задоцнам. Среќа не ме запиша класната.

    Па знаат дека во тоа време има најмногу гужва, можат двокатен да пуштат, а не еден час подоцна кога вози празен низ Скопје. :@
     
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    кДобро, кој ѓавол ги донесоа оние глупави двокатни кинески автобуси во Скопје??

    Го пцујам секој идот кој се сетил на ова и се надевам дека ќе го акне еден автобус баш ваков.
    Прва работа: што да правам јас што ете природата решила да не бидам 1,50 висока него 1,78. Си ја исчукав главата затоа што нормално долу нема место, сите те тепаат како да си пињата.
    Втора работа, не биваше некој курс да им одржат на возачиве како се вози. Или пак да не купеа автобуси кај кој нормално закочување е просто невозможно.

    Да си ја дообјаснам мојата фрустрација:
    Си одам прееска накај дома. Станицата е веднаш по семафорот, па јас се симнувам пред време од разбирливи причини. Како што се симнувам по скалите балансирајќи ташна и цело тело затоа што инспирација за скалите најверојатно добиле од тобоган и се водат по тезата "Ај да те видам немој да паднеш", милиот ми возач со црн цвик закочува. Закочува мислиш пред него сам Господ застанал, и јас фино си се стумбав надоле. Луѓе лом се направив, најсериозно. Коленото ми е одрано, раката помодрена, два нокта скршени. Доле среќа немаше никој оти беше претпоследна станица затоа што ќе видеше како јас паѓам како трупец некој. А возачот мртов ладен ми се врти и ми вика Добро си, а? И толку.

    И сега ранета и саката пцујам се живо и диво околу мене. Колку глуп треба да бидеш за да донесеш вакви автобуси? Една добра работа нема кај нив, една.
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Тајгер супер си прошла со дали си добра .. Како возат , ко компири да носат а не луѓе ..
    Таман реков дека не сум видела такви што јадат у автобус мораше да се деси истото . На враќање од школо имаше една девојка што онака баш сочно и гласно си јадеше јаболче . Во двокатен автобус се возев , затоа и се слушаше .. Ја гледам и не знам со шо да се крстам . Си застанала на врата си грицка и гајле нема .. епа дојди ми :)
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    многу се незгодни а возачите немаат осет кога вози двокатен треба макар 3-4 минути на влегување/излегување да постои, има камери пред себe и одлична прегледност, гледа кој се качува и симнува, може да почека сите да се симнат и сместат, а не едно влегување на патниците и одма гази не чека, а по тие скалите можеш да се испоубиеш.

    Не до двокатните туку до необучените возачи.

    Незнам каде можам да поднесам поплака до нив? само кој ме слуша мене :D , но вреди да се проба.
     
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Интересна сум пишала неколку пати на страната ама после тоа ми го нема коментарот :^) .
    Не знам каде би можела да се пожалиш , ама страната заборави ја :)
     
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    :D Види ти фината а :D , ништо ми преостанува на некој телефон да се јавам ако најдам, ќе видам што ќе направам, ако ме сослуша некој ќе пренесам искуство, ако не ќе си :x , трето нема.

    Неандерталци |(
     
  16. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Новите автобуси...КРШ, кинеско производство кои ќе траат 10 години ПРЕКУ СИЛА со по 5 ремонти.

    Возачите...катастрофа.
    Хигиената...НУЛА

    Контролорите...најголемите клошари во градот, без никакво образование и култура, идиоти, ги ставам на исто ниво со дебилине така наречени алфи.

    срамота.
     
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ја мислам и протест да се направи против новиве автобуси, пак ништо нема да се превземе. Заборавив дека се донација, а ние сме си таков народ, а нешто ни дадат гратис си го прибираме, без да пребираме.

    Подобро ќе беше да имавме упола помалку автобуси, ама понормални а не ова. Кога ќе не испоубијат сите, нема да има кој да се вози во автобусиве.

    Прееска баш размислував, некаде пишуваше демек Лондон почнал да тоне, па може нашиве решиле да го прават Скопје Лондон. Ништо чудно.

    ПС. Со среќа на сите што утре се возат со автобусите и ја имаат честа да видат каква е староста. Мераци, да си бираш која баба сакаш да бидеш. Се гледаме во двојка со судни маки.
     
  18. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Пред да почнат да ги возат двокатните автобуси, возачите една недела одеа на обука, а после тоа полагаа некои испити за возење на двокатен автобус :) Тие што не ги положија испитите немаат сертификат и не можат да возат таков автобус :P (Така ми кажа другарка ми)
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Јас нема многу да дебатирам на темава, секој си има свој став и право на свое мислење.
    Наш народ плаче кога нема, а кога ќе добие или му е малку или нечини.
    Што е подобро старите автобуси во кои има дупки нога скршиш, добиваш главоболка од бучењето и шкрипењето на секое закочување. Бие промаја од сите страни, дрвени столици, и расклатени , простоимаш осет како на клацкалица да си седел.
    Или пак новите во кои лето има клима, зима има греење, убави столици,музиче wi-fi...естетика убава
    А тоа што некој бил висок нека не се качува тогаш горе, тоа што старине се безобразни,влада дава бесплатен превоз заради здравство и пензии, а тие за пикник го користат, тоа е друга работа. А тоа дека биле од кина не чинеле, па ние ако ја имаме најшкарт робата од кина незначи дека и автобусите се шкарт, кина е светска сила ние се жалиме, чекајте нека поминат 5-10 години па после ако се расипат зборете, а не што ќе биде ако биде.
    Бидете задоволни, дека е подобар од стариот е,ако не е така еве пишете во што е подобар стариот автобус од новиот.
    И уште една поговорка, дај му на човека прст, ќе побара цела рака = македонски народ
    П.С. заборавив за возачите да пишам, па и ние ако работиме со народ каков што сме, ќе спобудалиш, наместо да стане пред станицата, тој седи до последен момент.И ти да го чекаш него???? епа извини стани станици порано, безобразни викаат по шоферите,застани овде застани онде, се замуабетила со другарка на станица, гледа дека и стигнал автобусот, и чека да тргне за да може да и докаже се на другарка си, и откако ќе и замине автобусот ќе рече: етеее безобразен ме виде а не застана, ова ли е возач......

    Епа замислете на нив како им е, секој ден различни карактери да трпат :@ ја би спобудалела

    Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Никој не вика дека треба во стари автобуси да се возиме, нити некој кажа против овие новите, работата е што двокатните се малку незгодни, возачот не чека да се симнеш, 1 минута дали чека да се излезат патниците, а не гледа кој оди по скали и кој може да се испокрши, па има камери пред себе и секој дел од автобусот се снима има прегледност, мајку му. Еве пред некој ден јас се симнувам по скалите, а тој не чека веднаш тргнува и веруваш дека летнав и среќа што успеав да се фатам, каде ќе завршев јас незнам, можеби низ врата право на станица, :lol: . Тоа е целата поента. Инаку на секој граѓанин му е мерак во новите автобуси.