Ако не беа ромите од Шутка на претходниот протест да викаат пред камери, автобуси ни оваа недела немаше да имате. Такви сме ние македонците. За ништо не не бива.
Протестот беше политички организиран од нивниот градоначалник. За да тврдиш дека е вака, треба да не си запознаена со сите протести што се одвивале во државата, а такви ги има многу само медиумите не ги покриваат бидејќи ги мрзи да се поместат од столче па чекаат да објават нешто што ќе им прати општина, партија, министерсво или сл. А и медиумите се партизирани, не дека не се па дури и да известат, пласираат лоши информации. Плус факт е дека ако не е за Скопје, нема ни да слушнете дека постои проблем ама па овде не можам да најдам проблем во вас (нас) бидејќи не можете да знаете за нешто што го нема никаде. За протест треба многу малку ама никој не сака да биде одговорен. Протест се пријавува и наместо сите да стојат на постојка - се поместуваат на улица. Толку е едноставно. Ама никој не сака да се пријави па сите страдаат. И ако им е, нека страдаат кога се безгласни букви и чекаат и се шлепаат на друг, како и сѐ во животот. И колку да олабавиме малку ситуација:
Баш така, а и треба исто и другите граѓани кои едвај користат јавен транспорт, или пак не користат да го подржуваат протестот
И ја сум за тоа дека треба,еве јас лично повеќе од 3 години не сум се качила во јавен превоз но кога ги снема автобусиве низ улиците и ние си окапавме по улици од гужви што народот беше приморан да искочи со сопствени возила за на работа,затоа дајте ве молам да се искача на протести во поголем број се надевам протестите ги допираат надлежниве..
Не си се качила, ама некогаш ќе ти затреба. Потреба е. И сега малку даваш неубава слика, зашто делумно поддржуваш движење со автомобил. Башка што придонесува за зголемување на загадувањето. И вие треба да излезете. Не само граѓаните што се зависни од јавен превоз. И не, не треба тука да збориме за нормален јавен превоз. Напротив, за унапредување на ефикасноста на јавниот превоз.
Не сум се качила и не реков дека нема никогаш да се качам,потреба е да. Неубава слика давам ако гледаш од некоја страна од која не си ме разбрала или не ме познаваш,живеам во место каде што автобуси имам на речиси 1ипол до 2 часа со тоа што и тие автобуси кога ги имаме се со изговор дека мора шоферот пауза да си направи и касниме на работа,работам од една страна на градот на другата страна на градот и доколку ми треба 1 час со автомобил со јавен превоз би ми требало 3 часа со распоредот кој го имаме на автобуси и менувањето на 3 автобуси од работа до дома,затоа и не патувам со автобус,тоа да го подржувам возењето на автомобили не го подржувам туку едноставно не има нас што сме приморани на тоа затоа е многу полесно на тие што им одговараат јавните превози да си ги користат и да се редовни.Исто така може не ми ја разбра реченицата што ја пишав но и ја сум дека треба сите да излеземе на протести не само тие што се зависни од него.
https://skopjeinfo.mk/mickoski-ako-...78Iub-57n566SZsZ5Y_aem_77KpvNg1C6GdMeQ5wmqKdw Ajde uste 2 dena imame
Да си прашам со време, за да знам ако треба кола да си запалам. Сабајлечки функционира ЈСП или пак е газ преку глава, кога дошол, кога не, преполн... Кон 7 и пол ми требаат 22 или 15.
Денес ЈСП пак во колапс, не возеле автобусите МАН, на метан, поради блокирана сметка на претпријатието. Повторно чекање и по 1ч на постојките, за определни линии.