Да го поздравам шоферот од автобус 13ка со сериски број 1204 со кој се возев денеска околу 12:30 и да му пренесам дека сите убаво гледавме што прави зад волан (ретровизори има) и убаво си смрдеше цел автобус, барем долниот спрат. Ова пошто ниска им е платата, сигурно од стрес.
Првично се мислев што ли можел да прави, па сите патници го виделе што правел..да кака, да моча...?? Абе ова не е ништо ново, качи се во 19ки-те, исто ко во кафана да си била
Абе смејте се, јас да пушам и пафкам пред пациент ќе ме избркаат. Ич не ги жалам ваквите, посакувам комотно да ги избркаат. Автобусот му е работно место и на работно место ако не се контролираш со штетни зависности, не треба да го имаш
Хахаха па не е дозволено И мене ми сметаат цигарите Сум пријавила, и што? И сум им кажала на шоферите и пак, што? - Девојче иди седни назад
Јас не знам дали на мене ми се погодуваат зависници од цигари, али во секој втор автобус начекувам возач со цигара во рака. И тоа ако е милостив ќе отвори прозор да се луфтира чадот. Ако не, ние шо се возиме изиграваме улога на дрва шо го прочистуваат воздухот
Шоферите нека се курчат, ама ние не сме должни да им трпиме. Не смеат да ни загрозуваат здравје. Треба да бидеме упорни за и тие над нив да сфатат.
Бидете среќни што воопшто дошол автобус и мал милион се пуши ајкос по канцеларии во продавници во молови и на работно место или пак не те услужуцаат нека пуши само нека ни заврши работа и цигарата станата е потреба луѓе има отказ даваат зошто не се пуши за време работа фала богу може и пауза да немаш Све ни е средено во државата остана само пушачот шофер А има и голем дел што многу им е гајле што мислите зборите и пријавувате. Иди со такси ако неќеш пушач крај тебе во држава каде ништо не можеме како граѓани
Немаме сите пари за такси. А, има и таксисти кои пушат. А, ќе се буниме затоа што не можеме да дишеме поради цигарите. Сакаме живи и здрави да стигнеме на дестинацијата, не да се задушиме!
Не знам што е тоа бидете упорни да се соречи тоа Не пуши кафе не може пауза 15мин не повеке Не седнувај Работи Робувај За ебана плата? Пораџи такви вработени и шефви и директори не останаа вработени А тие што се останати немаат желба да се сретнати работат со такви како вас Јадам и ми доаѓа мушететрија (немам каде морам на каса да јадам што не си оди да не ми нарушува раат 15мин голтам цело залче за такви како вас да не се осетите запоставени пријавете ме
Сакала или не нема да сме здрави од тортура како вашата од храната цела проголтана и од криза за цигара додека вас ве услужуваме
Големата потреба цигара па ај да го жалиме немал пауза. Цигара да споредуваш со храна? Добра си? Телефон е забрането зашто со едната рака мораш да го држиш, исто ко цигарата. Па дај на телефон ќе си збориме дур возиме. Дојди ми во лабораторија и дури те боцкаме, ќе ти дувам чад во фаца, може? Дај слободно и нека си го дрка ако не, пошто стрес и потреба има чоекот.
Да не раздлабочуваме океј ли да не разговараме за здравството хигиената дрскоста и односот спрема пациентите како да сме предмет долгото чекање болни затоа што правите муабет со колешката или прденост има вашата тетка и тоа е еден вид на загрозување на здравје и да во ходнците има што се пуши цигари и тоа во оделенијата за интензивна нега Крај на муабетот не може све да биде потамането
Те сфаќам што сакаш да кажеш, но е малку неиздржана споредбата со државата. Државата* е таква каква што ни е, ама тоа не е некакво оправдување. Нештата се решаваат кога ти и твоите колешки ќе се побуните и ќе побарате достојна пауза. Проблемот е кога една (секогаш е една) ќе отстапи од тоа и вие останатите ќе си го соберете. Е затоа не нè бидува. Оти каменот од близу доаѓа. *Државата ја прават луѓето, да не беа луѓето воопшто и ќе немаше држава. Само повеќето не се свесни дека имаат некакво влијание. Да не сум офф, автобусите некако ги намалуваат.
Ги намалуваат затоа што нема шофери. За таа плата никој не сака да работи. Во населба имам комшии шофери. Пола од нив отидоа во странство. Возат камиони. Кога бев во Мк се качив во 22. Прозорите нечисти. Ништо не се гледаше. Среќа што се возев до последна станица (железничка). Долу мокро. Капеше од горе. Немаше ни клима.
Не се криви ни пациентите ни докторите. Системот ни е таков. Државава во која не се знае кој шо праи. Колумбија не ни е рамна.