А мора ли заверен семестар? На нас уште не ни е заверен, ќе потрае недела дена, и ако има контрола ќе ме казни, без разлика што сум студент
Е за тоа не знам дали треба да е заверен семестарот. Пробај така без да е заверен. Ако има гужва, прескокај ги сите и кажи им ,,само да прашам".
Систина што? Аџибадем, Офталмологија? Аџибадем ти е кај Борис Трајковски ако памтам, кај Воена, така да сите што поминуваат на Партизанска ти одговараат. Офталмологија треба да е кај Палас. На гугл мапс ќе ти ги даде.
Дали постои уште опцијата за плаќање во автобус? Нели можеше да завртиш на број и да доближиш телефон? На новата апликација гледам го нема тоа. Можеби утре ќе ми треба да се возам, како да платам?
Вратена е и опцијата за купување на билет за едно возење во автобусите, доста време беше укината, јас така платив пред некој ден.
Можеш и со 5ка. Ќе се симнеш на станицата кај паркот спроти Алумина. Ќе свртиш на булевар 8-ми септември. Отвори на Гугл Мапс со сателитски поглед, се гледа убаво каде е.