Околу 5-6 мин, блиску е. Фати ја 5ка како што ти кажа членката, и ќе се симнеш кај студентскиот Гоце Делчев.
Знаете ли добра апликација за градскиот превоз во Скопје? Некоја која функционира, бидејќи не сум од Скопје.
Мислам дека ова што ќе го кажам заслужува посебна тема (не само од аспект на превоз, туку и воопшто - меѓучовечки односи), но ајде ќе го кажам како мислење тука. Не знам зашто шоферите на ЈСП се: - на некој начин искомплексирани зашто се шофери (баш напротив, таа професија не ја гледам како потценувачка, туку има голема одговорност); - ова е поврзано со претходното, дали од тие комплекси кога ќе чукнеш на врата или поттрчнуваш обожава, значи обожава да се прави важен; - луѓе кои генерално се шофери немаат еднаков третман помеѓу македонци и албанци. Илустративно, имам гледано како за албанци уште црвена патека не послале додека кај наши, претежно стари, изнемоштени жени околу 70+ им ја затвараат вратата пред нос. Колку македонецот е омаловажуван, еве се ставам на местото на тие стари баби и дедовци, наши македонци. Што е тоа да си албанец, албанка; престиж ли? - контролори кои казнуваат наши, а нивните ги пуштаат свесни ли се дека џабе казнуваат ако казнувањето не важи подеднакво за сите? И на крајот од денот ептен е битно да си (непристрасен) човек, да тежиш кон тоа да си бар малку свесен.
Дали смеам да превезувам велосипед во автобус? Станува збор за мал електричен велосипед. Знам дека по светов е дозволено, не знам како е кај нас.
Одкако најавиј нов возен ред, не ми работи мапата на старата апликација ЈСП-во движење. Таа ми беше покорисна од оваа новата Скопјебус.
Ај просветлете ме што значат различните бои? Во двата саати трга бус или во 12 трга од 1ва станица, а во 12:30 доаѓа на последната?
Јас колку што разбрав е дека има во 12, па после следниот е во 12:30.. Ако грешам нека ме поправи некој..
Лево црните саати се само период. Значи во периодот од 12 часот има автобус само во 12:30. Ако имало повеќе пати, со црно пак ќе има 12:00, па десно со зелено ќе има 12:00, 12:30, 12:50 на пример. Стварно малце глупо го направиле, ич не е user friendly.
Одкако го сменија возниот ред може ли некој да види на карта до каде е автобусот? Како на она ЈСП во движење што беше, или има друга апликација за тоа
Има друга апликација Skopjebus ама многу различно. Треба да одиш на истражување, па да ја спуштиш игличката на автобуската каде што си, па се појавува листа на автобуси , но внимавај листата е за двата правци. Одкако ке стиснеш на конкретниот автобус ќе ти покаже каде е автобусот. Но не секогаш ги покажува автобусите, понекогаш доаѓаат , а ги нема на апликацијата или пишува на листата дека треба да има, ама на мапата не се покажува.
Ако времето го пишува со зелени бројки тогаш е лоциран автобусот, ако е со црни си рачунам ко да не постои..
И во странство не е секаде дозволено, зависи од градот и превозникот. Јас порано носев „класичен“ маунтинбајк во автобус, ама одамна немам видено некој да го прави тоа кај нас, па веројатно не е дозволено. Се сеќавам дека имаше држачи на линија 25 за Водно. Имаше и ваква иницијатива (од 2020): https://natochak.blogspot.com/2020/07/blog-post_14.html Имам познаник што работи во ЈСП, ама не го гледам често. Ако го видам ќе прашам и ќе пишам поточно. И искрено, со сегашниве услови, поскапо гориво, повеќе луѓе во автобуси и поредок возен ред, дури и да имаш право да внесеш точак, дури и да е мал и електричен, во пракса би било тешко изведливо. Веројатно би морала да чекаш полупразен автобус.
Истово прашање и јас го имам. Не сфаќам дали бусот во 14:30 ќе тргне од првичната станица или? Преглупа ја направија апликацијава а никаде немаат насоки.