Симни ја SkopjeBus за да го глеаш бусот коа се движи. Иако не секад е најточно ни тоа. Јсп е ова јбг..
Постојат две 15ки едната оди по партизанска, другата не? Денес дали не видов што бројка е, дали имам посмешно нешто дека 15ка оди по партизанска..
Си ја утнала темата , ама еве и одговор дуплофан се вика има во книжари или во дуќаните за бои и лакови. Е сега дали е fashion tape не знам, јас за теписони ја користам да не се лизгаат.
Ми стигна известување од министерство за транспорт и град Скопје за казна што не ја платив пред година ипол. Во тој момент бев редовен студент и имав бесплатен превоз и картичка студентска во ЈСП но не ја куцнав поради гужва, дали доколку ги наведам овие работи во жалба може да добијам помала казна?
Zeni Aj nekoj neka mi prati denven raspored na vozenje na avtobusi?Linkot no da e razbirliv.Nekako vo posledno vremem ne gi razbiram.
Одбери статичен возен ред. И сега најгоре си бираш градски или приградски. После под тоа имаш бројка која ти го означува автобусот кој го сакаш, пример го дава 2ка ти си бираш пример 7ца. Имаш датум и локација од каде до каде вози. Под тоа имаш час со црни бројки, 5, 6, 7 итн.. До црните бројки имаш зелени бројки. Црните бројки ти го означуваат саатот а зелените во колку часот тргаат од почетна станица. Пример, во 5 црна бројка часот имаш две зелени бројки т.е два автобуси, тргаат од почетна Драчево во 5 и 10, следниот во 5 часот е во 5 и 20 итн со зелени. Во 6 часот црна бројка имаш само еден автобус со зелена бројка и трга во 6 и 30 од почетна. https://skopjebus.mk/mk/schedule/
Зошто нема распоред за автобус 25 што оди до средно Водно? Нели имаше, сега не го гледам. Да не го повлекле некој да не има инфо?
Веројатно бидејќи не работи жичарата нема и автобуси да одат. Да се пожалам и новата апликација не им е баш функционална , веќе една недела не ги покажува во живо автобусите.
Апликацијата за во живо следење не им работи баш океј, има линии каде шо покажува само за во еден правец а за враќање не.
Катастрофа им е новата апликација! Да се брзаш за некаде и да треба веднаш да провериш дали има бус, го промашуваш 100%.
Мене не ми ја прецизира автобуската станица, пишува "во близина на " , ама едно дете ми кажа финта се притиска на автобуската станица и ти покажува реална листа автобуси, иако не ги покажува на мапа.
Да, а и кога се зумира на мапата (на тел.), ако има икона автобусче се допира на неа. Па кажува минути.
Здраво. Ако може некој да ми објасни како можам да надополнам билет на апликацијата, не можам да се снајдам.