ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Discussion in 'Општи дискусии' started by RainBow, Dec 17, 2010.

  1. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Joined:
    Feb 26, 2010
    Messages:
    2,230
    Likes Received:
    438
    ако 5-ка тргнува од ново лисиче во 19 и 45 во колку е на рекорд?? ама ич немам претстава за колку време стигнува а итно ми треба, ај ве молам за одговор, фалааа :*
     
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Joined:
    Aug 24, 2011
    Messages:
    1,724
    Likes Received:
    3,266
    не се интересни со она СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТАТКОВИНО после 2 месеци уште што стои |(
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,014
    Gender:
    Female
    околу 20 минути и треба - отприлика

    да да, тоа може да се смени, еве сега наредниот месец сигурно ќе напишат ЧЕСТИТИ И СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,230
    Likes Received:
    67,739
    Gender:
    Female
    Не работат они во угостителство, па да се нервираат со различни карактери. Одговараат за човечки животи. прочитај поназад за ТајгерЛејди што се утепала по скалите. Читај наназад коментари, па ќе ти стане јасно. Си прочитала за возачот што ќе ја згазел бабата, не дочекал да излезе?
    Не, нема оправдување кога се работи за човечки живот.
    А за новиве автобуси доволно е кажано, не ми се повторува веќе.
     
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2011
    Messages:
    2,031
    Likes Received:
    15,673
    Интересна, Душица и Тајгерлејди (и сите останати што имате забелешки за возачите) доколку имате некакво лошо искуство со некој шофер од ЈСП јавете се на 0800 15115 (Бесплатен телефонски број за Ваши забелешки и сугестии)и кажете го времето, бројот на автобусот, линијата или регистрацијата (некаква информација како би го лоцирале) и пожалете се, би требало да има некаква казна или санкција. Можеби лично нема да добиете ништо, но се надевам тој идиот ќе биде казнет со намалување на плата и нема да му текне друг пат да вози "компири".
     
    interesna likes this.
  6. Crucio

    Crucio Истакнат член

    Joined:
    May 21, 2011
    Messages:
    93
    Likes Received:
    30
    Лугје незнаете денес бе 41 застана првата станица кај Кисела Вода...Тука кај тоа основното училиште.Автобусот трга буквално али еден 80 годишен старец збрчкан наочари тегли ауууууууу како трчашееее па вие тоа да видевте и после да станувам? еј јас толку немозам да трчам..... И на тивко си викав WHAT THE FUCK ?
     
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Joined:
    May 14, 2010
    Messages:
    1,863
    Likes Received:
    2,847
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2011
    Messages:
    4,161
    Likes Received:
    14,172
    Gender:
    Female
    Ај вака да си раскажувам случки. :rofl:
    Денес вторник? Вторник!
    После 20тина минути, конечно доаѓа некој автобус, 15ка мислам дека беше.
    И како по обичај фул. И ние си застанавме таму негде на почеток, нема место позади, и прво возачот почна да ни вика: Ај па, одете поназад, знаете денес вторник е, немора толку да се брзате за да одите до дома.
    Одам во школо, и чекам 20 минути автобус, ало! |( Нормално ништо не му реков, се свртев и малце влегов повнатре. х)
    После некое време, влага една жена, и кога почна.. Ајде назад, ајде назад, не гледате колку место има? Неколку викаа, ама нема место. Ама ајде одете, видете колку е празно!
    А, извини, ти од птичја перспектива гледаш кај има празно место?
    Леле, дај барем јас да одам од позади.
    И се испобутка, јас со ногава неможам да стојам, она ми вика подесно, полево. |(
    И отиде некако скроз до крај, и почнаа нешто да се надвикуваат со една друга жена во автобус.
    - Е заради вас, Македонија ќе пропадне.
    - Па ти оддамна си пропадната.
    И покрај тоа, што бев жива вода, 300 степени почнав да се смеам.. И некое време си дофрлуваа по нешто.. И имаше некој позади мене, и вика: Ова втор дел Џеврие.
    Јас уште толку. :D
     
    CharmedGirl likes this.
  9. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Би било навистина прекрасно кога би се одобрило барањето на директорот на ЈСП , во вторник и петок да има само одредени термини кога пензионерите ќе може да се возат бесплатно. Јас неможам да сфатам, луѓево тие денови како за инает да се сите излезени и само тогаш да се возат.
    Ние и карта ќе си платиме и пак крив ќе бидеш тој ден, а и бев присутна кога во толкава гужва имаше и кражба, едноставно многу погодни моменти за такви работи.
    Прекрасно е што ете е овозможено такво нешто, меѓутоа овие два дена е бетер од диви запад :fubar:
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,014
    Gender:
    Female
    Владата за доброто на пензионерите им го даде ова бесплатно возење,за пензии и за лекарства, ама пензионериве се од безобразни побезобразни,сите "се болни", и секој вторник и петок "пензија зимале",неможам да ги поднесам :@
     
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2011
    Messages:
    4,161
    Likes Received:
    14,172
    Gender:
    Female
    Има добра вест!
    Тргнато е тоа Среќен Роденден!
    Сега, се менуваат на секое, и кога ми е досадно, си читам се по ред. Многу е интересно, и после пак од почеток. :rofl: И секое почнува: Почитувани патници.. Имаше за да не се стои горе, за да се припремиме на време, за да ја оддржуваме хигиената, да излегуваме од заден влез, итн. А не само цело време Среќен Роденден, Среќен Роденден.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,936
    Цената на билетите што се продаваат во автобусите на ЈСП од 30 ќе поскапат на 35 денари. Билетите од билетара, наместо по 25 ќе се продаваат по 30 денари, додека билетот за 10 возења од 230 ќе се покачи на 250 денари. За приградските линии, билетот за 10 возења од 280 денари ќе се качи на 300. Цената на месечните билети за студенти, возрасни и пензионери останува иста.
    “Главна причина е поскапувањето на цената на нафтата. Во 2009 година, во ноември, цената на дизел горивото изнесуваше околу 50 денари, денес е 68 денари, а трошоците за нафта се движат од 30% до 35% од трошоците на ЈСП. Друга причина за покачување на цената е одржувањето на новите автобуси и санирање на штетите од вандалското однесување на несовесни граѓани”, вели директорот на ЈСП, Мишо Николов.
    Друга новина од ЈСП е дека времените објекти во кои се продаваат билети за јавниот градски превоз, во иднина ќе се заменат со специјални автомати за таа намена, но ќе се продаваат и на различни продажни места.

    извор: http://www.bezpardon.mk/poskapuvaat-avt ... ti-za-jsp/


    Ајдеееее на здравје нека ни е... Пу уште и нон-стоп вртат реклами по радија, изберете јавен превоз... Нека се возат пензионерите без пари, а другите ќе плаќаме и за нив... :fubar:
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    3,458
    Likes Received:
    7,886
    Супер!
    Јеееее, лудило!
    Добро бе, мисли ли некој на студентите воопшто?
    Или редовно, оваа држава ќе ги форсира бенефициите за пензионерите, а од нас што се бара најмногу нели пошто се вложува во образование и квалитетна младина, ќе плаќаме уште малце 50 денари за билет, или пак у крајна мера, ради пензионериве што не ги полнат автобусиве само вторник и петок, туку и другите денови, ние као помлади не само што ќе стоиме во автобуси, туку како што стоиме, можеме и пешки да поодиме. Сепак млади сме, снажни сме, во нас е иднината!


    :clap:
     
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Од кога 31 поминува од Ново Лисиче, а не од Драчево? :^)
    За малку ќе се качев и ќе завршев таму, место кај мене во населба, да не беше едно познато девојче во бус и да не ми кажеше.... :$
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,230
    Likes Received:
    67,739
    Gender:
    Female
    А приватниот превоз ќе поскапува? А значи слободните исти ќе си остнат, м? Тогаш да си вадам слободна најубаво.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,014
    Gender:
    Female
    Јас си вадам месечен билет 950ден.
    многу се исплати, како што сум нон стоп по автобусите - ми одговара
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,388
    Likes Received:
    17,606
    Gender:
    Female
    Каков народ сме не ми се верува, треба да ни ги вратат кантине со нив да се возиме. Вчера на враќање од работа едно смрдличе средно школо веројатно, и покрај тоа што немаше гужва во автобусот застанала и легнала на вратата и кога возачот ќе отвори врата она стои на едната половина и ја притиска не и дава да се отвори а кога вратата посилна од неа ќе ја оттурне ауу коментира се жали демек возачот и е крив. Едно мало дете и вика-тргни се мори од вратата а она се прави важна-ти ли ќе ми кажеш бе. И една станица пред мојата, на возачот му дојде преку таквото и отвори да се симнат луѓе и затвори, пак отвори-затвори и така 5-6 пати намерно а оваа смрдлава на секое затварање поаѓа да се оптегне и да ја држи вратата и еднаш така убаво се одби од вратата и коментира гласно накај шоферот а он кога и се развика да се тргне од вратата оваа одма поглед надоле, ама пак нема да и дојде памет. И после цацко им е крив кога ќе се расипат вратите и нема да се затвараат кога ќе им биде најладно. Не е за наш народ ново бе, само канти да им дадеш од времето на тито.
    А друга приказна која се повторува секој вторник и петок сабајле, во 50-ка на два спрата, накај работа, едвај влегов, ај што влегов едвај и стоев,ама каква сум ич немам осет што некој пензионер сака да си се прошета насабајле, да го фати денот како што треба, да види до кај оди 50-ка до кај оди 2-ка, да се проценка на пазар и пак ништо да не купи, да го видат комшиите дека е нашетан човек. Ама беља работа за еден така покрупничок пензионер немаше место, дури и наочара ставил и висеше на врата се бутка вика да му направат место и еден помлад му вика ај бе не се буткајте пензионери оставете не на работа да отидеме качи се у друг празен автобус, почекај малку, а овој стариов ни две ни три му вика-ај не јади лајна ти. :o И повеќе од инат отколку што стварно немаше место никој не се обиде да се помрдне и стариов (па и не толку стар, помлад пензионер :D )остана да чека друг автобус за да ја исполни вторничката тур де скопје рута.Цел пат до работа јас мислев на кутричкиот и за неговиот неисполнет сон, да ја фати 50-ка во 7.10 на битпазар.
    А како трето-навистина сме многу себични и не услужливи како народ, не солидарни, без култура. Ќе се качат во автобус и мислат готово ја си се качив сеа другите нека му мислат јас не се мрдам од тука. Околу вратата ќе се соберат мислиш крембанани делат тука, а кај столчињата се шират и никој не сака да се помрдне иако знае дека може ама зашто сега да се малтретира и да троши атоми од својата енергија, кога повеќе ќе им годи да го фаќаат сеирот што другите не можат да се качат како нив и да се раскомотат. Страшно бре македонче.
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,014
    Gender:
    Female
    На таквите кои не им чинат новиве, нека чекаат некој од стариве автобуси да наиде, или приватен(поевтино е). Ионака сега е демократија може да си бираат.
     
  19. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Joined:
    May 12, 2011
    Messages:
    133
    Likes Received:
    99

    За жал, никој уво не го боли за студентите па и нашиот билет поскапува-на 1050. Срам да им е! Ова секој ден се побетер е! И ај после кукајте како ви бегаат студентите од државава. Е не, ке прашувам! :devil:
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,812
    Likes Received:
    202,831
    Gender:
    Female
    Не си сфатила што сака да каже со тоа... како народ ние не сме да ни дадеш нешто ново, ич не знаеме да го цениме и чуваме, а бе не не' бива едноставно за ново.