1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Дали ве фатила некогаш контрола без карта и кои биле последиците? Јас моментално се шверцам, ја изгубив слободната, па додека извадам нова не мислам и карти да плаќам. Ако влезе контрола не знам дали ќе ми помине ова, ама имам и фискална за заверена маркица за јануари...
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594

    Ме фатиле, сум немала ситно во мене или едноставно се случило да ми фалат 5 ден. во новчаник.
    Мој совет е да си бидеш искрена и насмеана.
    Вака и вака се случи, трепни само со очињата, :wasntme: женските секогаш поминуваат полесно. :D
    Ако им глумиш лудило, рошкаш низ торба ко демек имаш билет, а уствари немаш, само ќе ги накурчиш и можеш да си го окркаш.
    Убав збор железни врати отвара, а во случајов - вратите на ЈСП. :D

    Овај, а што уствари ќе ти направат , дури и да се некои лудаци?
    Да ти мавнат шамар, не можат.
    Да ти земат л.к. насила, пак не можат , за податоци мислам. :?:
    Само јавен сеир и срам можеш да добиеш, и онака никој од бусчето никогаш очи нема да му видиш.
    Во краен случај, кажи си лажни податоци и точка.
    Еве искористи го слободно моето алтер-его: Поликсена Трендафилова, живеам на Железничка 15 во Скопје , родена 02.02. :D годината нека ти остане по избор. ;)
    :D
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е дека женските секогаш полесно поминуваат :D Најмногу ми е за бруката што ќе ме спука :tmi: Ама истото си го мислев, ко божем ќе ги видам пак негде луѓето или пак ме знаат...
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Мхм, е тоа е де, бруката е голема.
    Ама голема работа, ехееее какви поголеми бруки чекорат по земјава. :D
    Туку, навистина, има ли некој/а на кој/а ЈСП им пишале казна за неплаќање билет?
    Постои такво нешто воопшто? :^)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека се плаќа десет пати повеќе на пример околу триста или така нешто. Ама ретко кога земаат, ако не сакаат да извадат карта ги симнуваат на следната. Ама имаше едни се погодија злобни, две деца без карта беа, им се дереа толку што мислам и во други автобуси се слушаше. А овие немале пари да платат. И ги симнаа на следната и надвор се расправаа нешто :x
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ја знам дека ако те фатат со друга слободна, или ако не ти е заверена ставаат забрана на некое време и неможеш да извадиш... ама колку напишале таква казна незнам :rofl:
     
  7. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Хахаха, е се изнасмеав читајќи... Ајде еве и јас некоја дешавка...
    Во еден прекрасен ПЕТОК, на еден дедо цела табла јајца му падна во преполн автобус, и не можете ни да замислите колку беше грозно, се жолто лигаво доле бљак.
    А еден четврток па, се качува една бабичка во автобус, и пустата му вика на шоферот: "Абе чедо, може ли да се качам, знам дека петок е без пари, ама мене за денеска ми треба".
    Колку што ме нервираат старциве, знаат да бидат и смешни некогаш :)
    Ама дефинитивно најгадната случка што ми се има случено во легендарните ни бусчиња на ЈСП, беше во 5ка. Со една другарка се враќавме од центар, и стоиме на крај тоа просторот што е. Автобусот полупразен, а на четирите седишта до нас седи една девојка. Се качи еден човек, нека имаше еве едно пеесетина години. Носеше долг мантил, така беше подебел со наочарчиња, и тук-таму кога и да погледнев накај него ќе се насмееше. И баш и викам на другарка ми "види го овој менталниов", и она пошто беше свртена со грб се врти, и кога, што да видиме. Гадот го откопчал мантилот, шлицот под панталоните откопчан, а гаќи нема. Го извадил надвор и не гледа, се смешка, и си го шантра лево десно, на девојката у фаца што се вика и го мавташе.
    Што се не ќе видиш. Едни и единствени ЈСП СКОПЈЕ!
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Мене ме имаат фатено без карта, и си плаќаш казна 200ден, а бев заедно со цимерката на шверц и контролорот се смилува и ни даде една карта за двете, па си дадовме по 100тче.
    П.С. Колку пензионери има во Скопје? -Изброј ги автобусите во петок и помни ги со 50 :)
    Немам ништо против пензионерите, ама па возење секој петок насекаде само затоа што е "гага" а некој што стварно има потреба ќе дреме на -10 надвор и ќе се гузва со бабите и дедовците кои си се возат чисто рекреативно од пазарче до пазарче, па од пријателка од четврто до другарка од осмо, се со цел максимално да се искористи бесплатното возење.
    А зошто на студентите не им се даде некое бесплатно возење, мислам дека има повеќе студенти отколку пензионери кои паметно и рационално би го искористиле тоа возење. Пензионерите си земаат пензија, студентите се нели академските граѓани, тие се иднината на државава и се најзагрозен слој од општеството.
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    ^ Пирамитке, добив желба за некоја авантура со ова што го раскажа за 20ка. :lol: А 20ка од кај до кај носи? Не сум се возела со неа, колку што памтам, ама гледам дека би требало. Занимљиво ќе биде, о да да. :lol: Јас сум верна само на 57, а до сега немам доживеано барем некое ПОголемо разочарување од неа. Сум се возела со 5 и 22 ама поретко, и да, запознаена сум со старчето со хармониката од 5ка, ама не лично :lol: , другарка ми го видела, дури го снимала со мобилен. Сега ме мрзи да пишувам, ама другпат ќе си ја посетам пак темава за нашиот драг ЈСП и ќе си напишам се што ми лежи на душа за нашиов славен превоз. Крај. :D
     
  10. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    ЈСП рулз :) Кога одев во средно,мислам мај беше,немав извадено месечна и викам ајде ќе се шверцам.Ама ко што сум си баксуз, влезе контрола и јас уште паметна се правам му ја давам слободната без маркицата за мај :lol: :lol: И ми ја земаа слободната и ми лепнаа казна :rofl: Ама после јави се ваму-таму ниту платив ниту ништо, само отидов до Автокоманда,мислам таму беше, и си ја земав слободната. Сега фала богу,многу ретко користам автобус.
     
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Во ЈСП се качувам ако сум крајно приморана (немам време, се брзам, доцна е...).
    Еднаш ете се случи да влезам во петок во 12ка мислам... never again baby! Страшноооооо :tmi:
     
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Ајде, сега расположена сум да си поприкажам за нашиот драг градски превоз. :)
    Јас редовно си се возам со 57ца и не ме разочарала нешто посебно до сега. Само се нервирам кога конечно ќе фатам место, и ќе ми дојде некоја бабичка и уште безобразно ќе ми се внесе во фаца, се гледа дека ништо не и е . Ајдее, станувај, што е ова, зар не ме гледаш, неможам да се задржам |( ?! И тоа уште на врата, не влезени, веднаш мене ме стрелаат со поглед, па аман, како се мене ме наоѓаат?! А во автобус, гужва, во лето не се дише, од сите страни те стискаат а ти мораш да мирисаш нечии 'парфимирани' мишки. И еднаш бевме искочени со друштво до град, а автобусов беше лом, гужва и богами мноогу непријатни лица во него. Се набутавме сите на крај во автобусот, а таму 4-5 циганчиња, со ќесите и дуваат лепак. :fubar: Целите нечисти, смрдливи, па почнаа да ми паѓаат пред мене, едно дури на нога ми падна. Леле, одвратноо! И сите само тапо го гледаат, едно му даде рака и овој стана и пак си продолжи да си дува лепак. Грозно.. И после малку се поместивме и отидовме кај кругот, а тој се вртеше триста и шеесет степени, што за малце не паднев кај некој во скут. :clap: А до нас беа едни многу непријатни фаци, некои албанци што манијачки не гледаа. Околу мене гледам некои дебели, грозни тетки што јадат хамбургери и од сите страни им тече мајонез и кечап! После гледам една (претпоставувам) средношколка што очајно ги вади сите книги од ранец, и упорно сите и паѓаат и вади некоја книга, па чита ли чита, учи ли учи, и тоа со слушалките во уши. :!: После фала богу се симнавме, и надвор измрзнавме. Зашто во автобусот беше загушливо топло а ниеден прозор отворен. Па така е, кога е топло се е затворено и запечатено, а кога е ладно, се е отворено и слободно.. А за проблемов со шверцањево, сум се шверцала и не ме фатиле. А и во поголем број од случаите, не ми ни барале карта, ми викале дека сум малечка. :lol: Еднаш сум се возела со овие новиве автобуси, многу се поубави, почисти, повисоки и седиштата им се обложени со крзно ли, или грешам? Како и да е, не беше баш сега, може сум се помешала нешто. :$ А 5ка мене баш ми се чини океј, можеби зашто начекав да се качам во скоро празна. А славното старче со хармоника сеуште не сум го запознала. :lol: И 22ка ми се чинеше исто океј. :) А ова што рече Пирамитка, може и да се деси да се повозам со 20ка, да видам какви авантури ќе ме чекаат. :D
    Ете, толку за нашиот превоз. Ако ми текне уште нешто, ќе пишам.. А до тогаш, во поход на нови авантури со нашето Јавно Сообраќајно Претпријатие! Јууриииш! Се внесов малку.. Малку поише.. Да?
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    принудена сум да го користам јсп, и чат пат приватниве. ЕЕ драги мои, летово и тоа ми се деси, да ме лупне приватна 22-ка на последна станица идејки во рикверц, незнам само зошто одеше во рикверц коа имаше место пред неа за уште 3 автобуси. Уште луѓево вриштат пиштат и му лупаат по автобус а тој си вози...Страшно. Смрди, климатизирано е во зима, со природен климатизер, зошто игледа на шоферот му е топло, а пак летно време, па луѓе бе промаја ќе го фати цел ден во автобус ако отвори прозор :) .
    Случки има милион, од господ да ти даде здравје, до тоа зошто си се качил во автобус(као млад си иди пешки). А да не збориме за тоа дека автобусиве се чистилиште за џебот. И тоа јасно се знае кои се неоткриените крадци, а сите мудро си молчат. И нема поубава глетка од трките за седиште, дупли автобус, а тој се качува на задна, здогледува трудна жена и празно седиште, и трката започнува(седиштето е на предна да се разбереме). Али, сепак, јас мислам дека има доволно дејствија за една шпанска серија.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Ме фати денес контрола :bow:

    Си седев така убаво, си викам недела денес, нема шанси да влезе... И како и секогаш што бива, така и овојпат. Се качи на следната станица и само слушам од позади Картите молам! Брееееј што баксуз ќе бев.
    И дојде до мене, и по советот на Тренди директива му викам- немам карта. Како ми вика немаш? :^)
    И почнувам со невино фациче, ама имав слободна ја изгубив и се по редот му објаснувам. Ама нејсе. Ми вика Ајде станувај. И по алејата на срамот ме извади напред, за пример де нели. И видов вака со арно не бива, човеков еден стар, смачено му беше од животот, кој знае колку како мене ги видел. И ми вика:
    - Дај лична карта!
    - Немам.
    - Плати 200 денари.
    - Е не плаќам, кај треба сега нова слободна да вадам, 1000 ден да давам и уште сега двеста да плаќам? :o Е не плаќам.
    - Е па ќе одиме во полиција, ајде симињај се.
    Е сега работава беше кога се обрукав веќе, барем до крај да биде. Зошто само едната половина од автобусот да види, па мора цел автобус да ме чуе!
    И така држ не дај, се извади од такт човеков, мене ми дојде време за симнување и нејќеше да ме пушти без да платам. И платив, упм.
     
    На Foreveryoungiwannabe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    :( :devil:
    Ѓубре, аман, на тој жена му не му дала очигледно денеска, :D па си лечи фрустрации врз други.
    Башка де, се возиш секој ден минимум 2 пати во денот на различни релации, еднаш во 6 месеци ќе се провозиш без пари и - крај на светот, пропадна ЈСП за цели 30 ден. |(
    Смотаница.
    :@
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Уф, ама се изнервирав. Сакав да си го купам третиот дел од трилогијата Милениум, ама сега нема да можам. Секој месец ми се планирани трошоците, а овој ми отидоа и премногу непланирани :(
    Ќе треба изгледа да чекам на роденден некој да ми се смилува.
    А башка сабајле ми закасни првиот автобус 5 мин и вториот ми избега, па морав и за такси да дадам пари. А бре животот ми се скратува од овие дебили жими све.
     
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    А, и мене ме имаат фатено без билет, пред едно 100 години, уште бев во основно. Контролорот ми побара 100 денари казна, а јас кога фатив да му вадам денарчиња од џебови, едвај стокмив стотка. Луѓето што гледаа жал им падна, уште што не му рипнаа да го тепаат, како така он на дете сите пари му ги собира :D
    Ама битно сега пензионериве џабе си се возат.
    Ѓубриња :devil:
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    да де пензионерине што имаат повеќе пари од сите нас тука се гагаат и се развозикаат во петок без пари. па нека направи еден ден без пари и за останатите што сме ние црни овци или .... и голема работа ако еден е без билет, стварно нема да пропадне јсп. а се се качуваат во културни автобуси она контролите а не им држи да се качат во 2ка, 58, .... и дрн дрн другине каде што неколку пати биле пребивани. нашле па зашле не преценуваат и не ценат искреност кога стварно некој не ги лаже а и треба да направат да даваат белешка или нешто слично ако некој чува фискална и навистина има изгубено слободна. зар само они да заработуваат
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    И уште ми вика, па може си ја нашла фискалната на улица :^)
    Да бе, стоев јас пред билетарата, чекав на некој студент/ученик, да му испадне фискална пд 950 ден, на 31 декември |(
     
    На Foreveryoungiwannabe му/ѝ се допаѓа ова.
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    е знаеш што ми текна треба стварно да направат на задна страна на фискалната да ни ги пишуваат имињата и печат од јсп па кој сакал нека си ја чува кој не нека си ја фрли знаеш некогаш ете ќе ја изгубиш слободната и тоа ливче живот ќе ти значи. ништо идам од понеделник со предлогов во јсп ;)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.