Па така кога читаат и не дочитуваат, битно фатила некоја реченица ама и од цитираната реченица не знам како дојде до тој заклучок Нема врска битно ти Annath ме разбра се надевам и другите. Ова како цацко со бензинот кога поскапел, мене гајле ми е ако поскапел ја секад си ставам за илјадарка. Така и за картиве, гајле ми е ако поскапат ја си вадам слободна од 950
Има слободна 950 денари и 1050 Првата е градска и може само во градски линии да се користи, а приградска е за сите линии, затоа е поскапа
Да, ама некаде пишуваше дека цен ата на слободната нема да се промени само ќе се изедначат и сите ќе бидат по 1050
"Непроменета останува цената на месечните билети за работниците, но не и за студентите и пензионерите кои досега се возеа со градски или приградски месечни билети. Со новата одлука градските билети за нив, кои досега се продаваа за 950 денари, ќе имаат иста цена како и приградските кои чинат 1050 денари. Пензионерите и натаму ќе може да уживаат во возењето со градските автобуси бидејќи како што информираа од ЈСП бесплатните денови за превоз во вторник и петок, за нив, и натаму остануваат." Ова е од денешниот Вечер.
Ако некој странец се качи во автобусите на ЈСП во вторник и петок, ќе помисли дека македонскиот наталитет е понизок и од зимските температури во Сибир!
Патешсетвија по автобусиве во вторик и петок еден куп имам. Кај мене во населба има пазарче. Една жена што ја знам, живее на 100 метри од него. Ама рано посабајле ја гледам на автобуска прави муабет со друга жена. „Каде ќе шеташ?“ „Те до Битпазар, да купам нешто и да се прошетам, дома не се доседува“ Сабајле се возам во 50ка, седев горе и на Битпазар се качува еден дедичко со качкет, со бастунче, едвај оди. Ама кога виде празно седиште скроз на другиот крај, кога летна, чиниш крила доби. И заклучив.. Што е брзина на светлината? Брзината со која изнемоштен пензионер здогледува празно место и седнува на него. Ми е жал за старите луѓе што стварно имаат работа некоја во тие денови. На таквите обавезно станувам.
Кога поскапе такси превозот, местото во автобусите стана претесно. Кога ке ги додадеме и крадењето симпатии и гласови од пензионерите преку акцијата слободно возење за нив 2 дена во неделата( плус ако додадеме дека одат без веза натаму наваму, колку да пополнат некој саат), станува уште потесно во автобусиве, ама ајде, најефтин превоз. Цената на горивата постојано варира иако си држи високо место, ем гужвиве низ улиците и неровозите+паркингот, пак автобусите ке искочат во пресрет како ок решение. Ми се допаѓа идејава со новиве автобуси, барем ок изглед имаат, додека за квалитет не сум компетентна да зборам, а и нема подобар доказ од времето- времето ке покаже за нивниот квалитет и истрајност,сепак тие автобуси се на народот, со пари купени исклучиво од народот, значи ние сами си ги купивме, со парите од казните, разните поскапувања, даноци и итн, па логично е сега да накачат цена,со цел истите да си ги одржуваме, и повторно пак ние, граѓаните. Се е логично во нашава држава, само се надевам ке бидат пореални со цениве на билетите, да не случајно им удри во глава како за многу други работи ,па се занесат и за ова, и на ова накачување да додадат плус за брзо време, е тогаш дефинитивно ке си одиме пеш.
Јас навистина веќе старцине неможам да ги трпам, овааа е луда работа Кога влегов во автобус,седнав до една постара жена, кај скопјанка се качува уште една госпоѓа и ме замолува да станам (у себе си викам ај,и онака после железничка се симнувам) И станав на госпоѓата, а таа седнува и и се обраќа на таа што седеше до мене: намерно не се качив во предходната 5ка зошто знаев дека си во оваа, и што велиш кај застанавме во петокот со муабетот? Лелеееееееее не се нормални, за шетање и муабетење во автобуси одат уффф (секакви луѓе има)
Најголема грешка на ЈСП е што им дадоа бесплатен превоз на пензионерите во вторник и петок што си го користат за идење до пазар и што се понашаат како господари во автобусиве. Уште нешто да ми се случи, да ми се развика некој пензионер и слично ќе го направам лом пред сите во автобусот и ќе поднесам жалба до ЈСП да се забрани бесплатниот превоз за нив. Крајно невоспитани, некултурни, само да се расправаат...
Значи стварно ми е жал за некои стари луѓе што им затвараат врати пред нос.. денес еден дедо душичка му паднала ракавицата па се врати да ја земе и таман да се врати овој шоферот не почека! Сирот којзнае колку чекал ...
^Слична ситуација денес кога одев накај школо . Да влезе една жена овој ја затвара вратата и падна .Како што се затвараше вратата ја лупна женичкава и падна . Срамота бе срамота . Како да ќе закасни , па нели треба да види дали сите се симнале , дали се качиле сите што сакаат .
се возев еднаш у двокатните ради мерак и шо да ви кажам освен катастрофа. ептен се нефункционални особено на првиот спрат премалку простор има а недај боже да купуваш карта од кај шоферот и да има уше неколку такви фуууууууј па на сардините им е покомотно беееее али затоа на манијаците им е топ, ако им се присака да фатат женско те им шанса
Воопшто не ми се допаѓа односот на возачите. Воопшто не внимаваат како ги возат двокатните автобуси. Во нив има вкупно 5 камери. Возачот ја прати целата ситуациа во автобусот преку нив и пак не внимаваат. Вратите ги затвараат дур излегуваат луѓе, џабе им даваш сигнал не застануваат за жива глава. Пред некое време (има месец) еден дедо се симнуваше по скалите, возачот нагло тргна и дедото се струполи по скалите Гревче.
Девојки ве молам доколку сте информирани да ме известите преку лична порака,која цена е месечен билет??Јас не сум студент веќе,значи месечен билет за приватно лице.Може ли да се извади?Како се цените?
Markica za vozrasni za gradski linii 950,00 -Ваква ми треба?Мене ми е поточно за автобус бр.65 и бр 41.