Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ко прво, автобусите ич не се редовни. А ко второ, мрзам вторници и петоци!
    Денес кај чекав 45 минути еден автобус, кај се симнав една станица покасно, па одев пешки. Па се изначекав за друг. Па стигнав дома во 3 саат. Катастрофа. |(
    А култура од народ што сме, што да ти кажам..
    Имаше две групи на деца, основно мислам дека беа, машки, и се караа.. И сега, излегува едната група, се враќа ги плука овие, и излегува..
    И овие, за да вратат, од автобус плукаат. :puke: Ебате културата, ебате.
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Добро биваше покрај се и месечната маркица да ни ја поскапат? Кај не можеме да се возиме од полноќ до 5 сабајле, ние плус ќе си плаќаме. Наместо на студентите, кои имаат најмногу трошоци да им биде бесплатно, ние и на средношколците и на пензионриве им плаќаме сега.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.257
    Пол:
    Женски
    Ужас. Е тоа е. Јас се почесто шверц се возам. Ме фаќа гужва, не можам ни до вратата да стигнам, а немам намера за да платам карта да се бутам. Е не. Уште еднаш со целиот памет се избутав, а една пред мене плаќаше, вадеше пари, па овој почна да и се дере зашто порано не ги извадила. :^)
    А оваа трчала да го фати. Жими таквото.
     
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Останав во најголемата гужва во 16 и 30 во Веро трговскиот, и бидејќи пропадна комбинацијата со превоз, видов невидов, се информирав што вози до кај мене и застанав да ја чекам таа фамозна 22ка.
    Дојде од новите, и беше прикрај со слободни места, ама јас со кеси, не се мислев, си седнав.
    Веќе до собрание немаше место да се држат оние кои стојат, и баш се завртев, се околу мене пензионери! Уште шоферот пушти парно, и го поодтворив прозорот над мене зошто сите се бунеа загушливо, топло, и ај да влезе воздух , зошто немаше што да се дише, освен јаглерод диоксид.
    И едно бабенце ми вика климитизирано, не отварајте (демек така пишува ми вика и се смешка злобно) а висеше над мене, и јас ја погледнав и го затворив одма, иако ем топло и загушливо, ем воздух јок!
    За инает, иако опкружена со постари, си седев, ма да не ни можев да станам од што сите беа како сардини во конзерва, и едвај ја дочекав мојата станица!
    Веќе во вторник, 16 и 30, 22ка НЕ!
    А едни момченца го распрашуваа човекот што седеше до нив(околу 50 и некоја по возраст, сепак пензионер), дали се лечат пензионерите бесплатно?? А храна исто плаќате како и ние?? Си се возите наваму натаму секој вторник и петок а? Се зезаа, и накрај му викаат Кажете му на Груевски дека не ви е здраството бесплатно, да превземе нешто :D
     
  5. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Стварно не знам што им се врти низ глава на пензионериве :) Па јас не сум држач или потпирач :@ Се враќам од школо со 22, немаше слободни места и бев приморана да стојам. Еден пензионер си застана до мене и комотно си се потпре на мене. Па добро бе човек, имаш држачи кај што можеш да се држиш :)
     
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    [​IMG]

    Баш така..
     
    На Smurfette.M му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.257
    Пол:
    Женски
    Уф само да не го поскапат и приватниов. Наскоро треба да се знае дали и они ќе го поскапат билетот за 5 денари. Јас сега само со приватен се возам, разликата не е мала, десет денари.
    Ако им се зголеми бројот на патници ваљда нема да ги зголемат цените, а веќе подолго време со загуба работеле.
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Да плачам или да се смеам, од работа накај дома во државен автобус, полн до даске, се качиле некои пијаничишта познати ми се низ град виселе, тројца беа, едниот со пола литарско пластично шише кока кола полно со ракија си пијуцка, другиот другар му бушав немиен гаден смрден запали цигара :o ,третиот манијак упорно се буткаше во мене па земав го згазнав и упорно му стоев на стопалата до кога не се тргна. Едвај го натераа да ја изгаси цигарата оној бушавиот, тој со ракијата уста не затвори демек дома го чекале 5 жени сите пари му носеле од проституирање, он им бил макро и беше многу горд на тоа, се возат со автобусот изглеа за да не мрзнат надвор, од новите беше со парно, после ќе се врателе со истиот. Мислам дека имаше и една жена со нив, пардон женска, тој со ракијата и рече да се држи за шипката навикната била на шипки :lol: , после и рече дека ќе ја тепал па таа куропецаше цел пат зашто ќе ја тепал и то беше, патешествие...
     
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Што се случува со двокатните автобуси на 41? ниеден немам видено .. :worried:
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Секој ден ги гледам пред Веро. Си возат мислам редовно. :)

    А, бе лудница се овие пензионериве. Овие како на разгледување да ги носат, тура околу градот.. :x Јас искрено не знам дали да се смеам или да плачам кога ќе видам таков автобус. Смешно ми е колку се преполни автобусите во вторник и петок, а ми се плаче кога ќе видам дека како сардини се луѓето внатре, гревота. Па уште и на вратата висат бе, некна една висеше од една положба што јас би рекла дека е физички невозможна. :D

    Кога требаше јас некна да се возам со еден таков, ама ич не ми беше смешно. :x
    Па си чекав приватен, ем 10 денари заштедив, ем не се чувствував како фиш, т.е. сардина. :D
     
  11. aleina

    aleina Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Jas iskreno sum zadovolna od avtobusive, topli komotni ubavi... megutoa VTORNIK I PETOK !!!!!!!!! NE KOMENTIRAM celo skopje e izlezeno
     
  12. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Смртна казна е да се возиш во вторинк и петок :swear: :swear: :swear:
     
  13. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Па се имам возено пред една недела со афтобусите и да ви кажам право задоволна сум,посебно од овие двоспратните :)
     
  14. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Никогаш нема да заборавам дека еден петок, кога истураше дожд, јас се возев со 24ка цели 35 мин. од рекорд до зелено пазарче...автобусот скоро и да не се мрдаше, а старциве внатре развиле дискусија, зборат ли зборат, се изнашетале низ цеееееееееело Скопје, смениле десет автобуси и раскажуваат импресии...надвор ладно и врне, внатре топло и испарува од секој...Совршен почеток на викендот...
     
  15. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сега пред некој ден се возев во двоспратен прв пат јееј :rofl: И тоа :!: намерно седевме двоспоратен чекавме да го видам :wasntme: Интересно е бре ама многу е ниско, башка што прв пат во живот во скопје ми влезе контрола, ама јас поштена сум не се шверцам... :D
     
  16. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Да, фино е во двокатните горе на спрат, доколку седиш. Ама затоа пак доле, поготово во вторник и петок, е еееептен интересно. Гужвање, туркање, кубење, газење.. Понекогаш сме принудени и на скалите да дремиме :D А, да не почнувам за оние манијацине што се лепат за тебе одзади. Можете да замислите како изгледа нели ?
    Ајде некако се справуваме со ова во зима, ама во лето е уууужаааасс. Поготово во старите крнтии .. Права кромид парти. Сташно. Радо би си пешачела до школо, само што ми е ептен далеку.
     
  17. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    4.574
    Пол:
    Женски
    Град Скопје конечно реши да ги слушне поплаките на граѓаните за неверојатните гужви што се репризираат секој вторник и петок. Средношколци, студенти, вработени, сите се жалеа од пензионерите и нивната потреба за слободно столче во автобусите на ЈСП. Тие, навидум стари и болни, сакаат да седнат, а учениците уморни и поспани одбиваат да станат, и така до бескрај.

    Град Скопје донесе нов предлог, да се воведе годишен возен билет за сите возрасни лица, за мажи над 64 години и жени над 62 години, кој ќе чини 1200 денари, а ќе може да се користи секој ден во неделата за сите градски и селски линии. Тие билетот ќе можат да го плаќаат на две рати, по 600 денари во текот на годината.

    Од вработените во ЈСП дознаваме дека ова може да биде навистина добро решение за поплаките кои секојдвено ги добиваат, а и автобусите нема толку да доцнат бидејќи ќе се намалат гужвите.

    Секако ова е само предлог на Град Скопје, треба да почекаме истиот да биде изгласан и да стапи во сила.

    Но, не сите пензионерите се согласуваат со овој прелог .

    За 70-годишниот Драгослав Митревски ова е добра идеја и вели: “Секој ден да имаме право, за да нема гужви“. Дој додава и дека не е ни скапа цената на годишниот билет, а и дека лекарите не закажуваат прегледи само во вторник и петок.

    За пензионерката Снежана Лазаревска, ова е непочитување кон пензионерите и додава: “Конечно ни дадоа нешто без пари и тоа ни го земаа“. Според неа, ако сакаат да ги намалат гужвите, пензионерите секој ден треба да се возат бесплатно.

    Ни останува само да посакаме што побрзо да се реши овој проблем, бидејќи некогаш метежот е навистина неподнослив.

    Ивана Јариќ

    БезПардон.Мк
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.257
    Пол:
    Женски
    Слушнав за ова денес и се надевам ќе се оствари. Само така ќе се растерети градскиот превоз. А 1200 денари се ништо за цела година.
     
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Значи денес колку што ми било забавно никогаш не ми било забавно. Прво се качив до бит центар со еден абе пензионериве се буткаат и се буткаат. Абе не можеш да искочиш застанале на врата ко мислиш го ослободиле градот. Ем не искачаат ем се рашириле.
    Послем фатив друг и една будала жена влага вика ај бе ти педеру стани таму или сакаш к**** со двете мадиња да ти ги извадам! Почна да пцуе овој Груевски може само пи**** да ми ја лиже.. абе да не им веруваш на ушите :x цел автобус се смееше
    Една баба и вика ќути мори не ти личи на годините и оваа одма враќа вика а ти курот да ми го јадеш :x

    Смешкиии :lol:
     
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ц ц ц ништо не им се погаѓа. |(

    Како и да е фала Богу ќе се растеретиме.