Мислам редно беше, иако не е сигурно. Можеби е малце и себично, ама барем во вторник и петок нема да има толку гужви. А во недела нека си се возат колку сакаат. А дефинитивно сум против секој ден да им е бесплатно! Тоа нема да се трпи, пу пу пу, не дај Боже.
Пензионериве не се нормални. Вчера една баба во фул автобус уште и налутено вика- „Аман од студентиве, не може човек на раат да се повози“. И дадов еден поглед, проследен со поттисната желба за . Жими се ми идеше да ја мавнам. Еден дедо пак, зема си го закачи чадорот на држачите горе. Бог да чува. Се молам да ги укинат гага деновиве. Неиздржливо е ова веќе. Ќе си речеш залади, нема да има толку гужва. Ма нема везе, уште во 6 сабајле се нацртале на автобуска.
Предлогов не знам дали ќе наорави подобро или полошо ако се прифати. Тие што ќе ја извадат таа карта од 1200 денари има да се возат секој ден, цела година... Пензионерски памет „Сум си платил, ќе се возам секој ден“.
знаејќи го нашиов народ, се плашам дека сега гужвата ќе биде секој ден, бидејќи имаме многу несовесни пензионери кои сега секој ден ќе можат да се гледаат со пријателите и да муабетат во автобусите од прва до последна станица. но да се надеваме, и да мислиме позитивно. п.с. сметам дека билетот што им го дале е мнооогу евтин, јас студент секој месец плаќам 1050,и никој не ми дал на рати. сега па и се бунат 1200 за цела година секој ден, па уште и на два пати можат да плаќаат ја би се согласила доколку би бло билетот да да е 1200 годишна цена, ама само вторник и петок да им остане ај со господ напред ќе видиме што ќе испадне.
По неодамнешната иницијатива на двајца советници од Град Скопје, да се воведе платен билет за пензионерите кој би чинел 1.200 денари и би се плаќал на две рати од по 600 денари, повторно никна нова иницијатива за пензионерскиот превоз. Пензионерите да се возат бесплатно секој работен ден 09.00 до 15.00 часот, е новиот предлог кој ќе се разгледува на утрешната 54. Седница на Советот на Град Скопје. Според директорот на ЈСП-Скопје, Мишо Николов во автобусите во вторник и петок се случува голем метеж во автобусите. -Знаеме што се случува и мораме да најдеме решение за тој проблем. Сега за сега постојат повеќе иницијативи и правиме анализа на сите нив, но како и да е мора да има некоја промена која ќе ги реши проблемите. Како опција, постои и воведување на повеќе бесплатни денови за пензионерите со цел да се растовари метежот. Во текот на пролета се очекува да има некои промени, потенцира Николов. Извор: http://kurir.mk Е уште ова фалеше...
Лелеее не дај Боже. Баш секој ден? Кога одиме накај школо? НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ ФАЛА! Јас сакам жива да се вратам од школо.
Уф леле. Ни 1200 годишно не можат да платат ли? Уште ова фали да го направат и сме наебале начисто. Не ни вадам слободна, ќе си се возам со приватен тогаш.
Бре, бре, бре, наместо да им дадат на студенти 1200 годишна карта, тие на баби и дедовци од Скопје и тоа... А, бе, какви гревчиња има, од некои помали градови, дома нивните којзнае што јадат и како се греат за тие да студираат во Скопје, пешки одат децата, по еден саат и повеќе оти немаат 70 денари дневно за автобус, овие пензионери финансираат. 1200 е смешна цена, ти испаѓа 100 денари месечен билет, мислам, глупост е да се бунат. Што не се направи вторник и петок бесплатно за студенти, да им заштедат по 150 денари неделно, три кафиња се тоа бе. Фала Богу што пешки одам до факултет, ова џунгла права ќе стане ако се возат секој ден!
е стварно ја претераа веќе ние студентите сме е***а страна па у.п.м веќе баш кога е најголемата гужва од 9.00-15.00 они бесплатен превоз општонародна тепаница низ автобуси ми се плаче на самата помисла дека утре е вторник па ќе јадеме ќутек по автобусине
Да не случајно некој е информиран за автобусот 31 до кога ќе поминува од Лисиче? При разговор со едно бабуле на автобуска, ми кажа дека поради поправка на некоја улица во Драчево, ќе поминува преку Лисиче и мене баш тоа ми одговара бидејки сум често на релација Лисиче-Кисела Вода, а нема еден автобус што иде натака, туку треба цел град да го вртам, но веројатно кога улицата ќе се направи, кје се врати повторно по старо 31. Да не имате информација до кога ќе биде тоа така? Да не заакам некој ден по грешка по драчевски маала
Доколку им направат на пензионерите да се возат за 1200 денари годишно, верувам дека секој ден ќе си се возикаат наваму-натаму. И наместо да си пазарат се што им треба во еден ден, тие денес ќе си купат кромид, утре ќе одат по зелка, третиот ден на лекар...и така секој ден по една "обврска". Среќна сум што не морам да се возам со автобус, а и кога би требало, радо би тргнала пешки. Мајке ми. Бај д веј, денес ја прочитав статијава, ама се однесува на приградските линии. Да не беше тажно ќе беше смешно. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal. ... anie=22453
Катастрофално денес. Ќе им избега пазарот. А на нас, школото не ни бега. Денес, на една баба и станав од столче. А на еден старец, му падна бастумот, па му го кренав, добро де, му го подадов бастумот. На некои што стварно им е лошо, океј, ама на некои што само се шетаат.. Нацки, цврцки, прцки. Добро, можеби и јас сум малце пизда во душа, вријам во себе, ама ич неможам во фаца да кажам.
Знам дека стално плукам по пензионериве, ама еве имам, замислете, да кажам и позитивна случка. Си седам јас така полузаспана и гледам влегува една бабичка, ама бааги гревничка некако ми беше и ми падна жал. И дојде до мене и викам Еве седнете си. А таа ме гледа во каква состојба бев и ми вика, Не бре чедо, седи си, треба вие младите да се чувате, поизмачени сте. Јас и онака си седам цело време, да ми се раздвижи крвта малку. Душичка.
Па фер ли е ова бе? На нас уште од одма ни ги земаа слободниве, не смееме да мрднеме. А старциве можат да си се возат и на распуст. Што убаво, школската година ќе ни почне петочки. Ау. Иначе да, има многу разумни бабички.. Еднаш се возевме со другарка ми, ние стоевме, а бабичката седеше. И ни вика: Да не сакате да седнете? Не, не, ние сега треба да се симнеме. Ама ако, вие одите од школо, мора да сте уморни, ние само се шетаме. Е на таквите, ќе им дадам место ако треба, и да сум мртва уморна, барем признаваат. Ама некои, се ќе направат за да седнат, и за да те опцујат, а ништо не им е.
Абе нормални се овие ? Зашто ние да неможеме да се возиме бесплатно ? што се они повише од нас ? И кога више прават вака,барем нека се избањаат пошто умирам додека се возам :/
Сега нормално си поминува 31 низ Драчево Туку да ве прашам како можам да дознаам име и презиме на еден шофер?
Кога вообичаено во ЈСП ги пријавуваат шоферите, кажуваат број на автобусот и време кога се возеле. Ама број на автобусот не по линија (на пр. 22ка), туку бројот што го пишува во автобусот горе, над шоферот. Секој автобус има свој број и е вообичаено троцифрен. Така ги наоѓаат.