Мислам дека е редно време да им текне да ги измијат новите автобуси, да не гледа човек кај треба да се симне... Старите пак колку толку ги подзамиваа, овие троа ги заборавија.
^Леле баш денеска истото си го мислев во 50ка Кај не го знам Маџари па и неможев да видам кај да се симнам ,мизерија
Може им е страв да ги измијат... Нема врска, мене ме уште онаа вторник ситуацијата нервира. Во вторникот доцнев малку на факултет на вежби и кога излегов на Партизанска решив да фатам автобус. Уште јас притигнував на станицата кога стигнаа два двоспратни автобуси една 22-ка и една 2-ка. 22-ката никако не ја фаќав па побрзав да ја фатам 2-ката и само што стигнав пред вратата шоферот ми ја затвори пред нос затоа што беше ногу гужва и одвај се качи девојчето пред мене. Значи за да се шеткаат некои баби и дедовци јас за малку ќе задоцнев на вежби за кои ако имам повеќе од едно отутство не можам ни потпис да земам. Ама тоа ти е...
хаха и јас истото го помислив, жими се незнаев кај да се симнам, но гарант чекаат времево уште некој ден да се опорави,зошто и самите гледате, прост пример,изми ја колата,после едно излегување колата е хаооос. Но верувам дека за некој ден ќе ги средат штом ќе се стабилизира времево. Инаку денеска се пуштаат 60 нови автобуси.
Акција на ЈСП, на секој купен 10ти билет за возење добивате панцир и шлем преземено од фб, се изнасмеав
А добро,јас не пратам многу вести и такви работи,што се случило деновиве во 57 или 65 како што кажуваат,се испотепале или нешто посериозно..?
катастрофа, искрено за да отидам до кај дечко ми морам да поминам преку бит пазар, цветан димов....уффф душа немам.Се надевам ќе се смири ситуацијава
Девојки не се плашете толку, само повеќе паника ќе ве фати кога ќе влезете во автобус. Имам тетка во Топанско една недела седев таму и никој ништо не ми пререче исто ко кога сум си во Лисичево. Не велам дека не е опасно секаде ама ако паничите полошо за вас.
не паничам, ама од што имам гледано што се дешава по автобусите, и како беснеат таму и си замислуваат дека автобусот е на татко им, затоа и ми е шубе.
Искрено, на почетокот, многу ми беше страв. Ама гледај да се возиш во приватен автобус, помалце гужва има. Затоа што, некогаш приватњаците, не пуштаат со слободна на таа станица, а некогаш и не ни застануваат таму. Тоа е поредок случај, ама пак.. И гледај да одиш кога е измеѓу часови. Ако одиш кон Бит-пазар, Јајапаша, Чаир.. Обично на тие станици се празни автобусот. А скоро највеќе кај Цветан Димов. А на Бит-пазар, таман ќе се испразни, влегува нова тура. И од понаредните, се качуваат, за да одат накај Цветан. А ако одиш од Цветан Димов, па на назад. Е тогаш, има поголема гужва, затоа што после школо, се качуваат сите, и се симнуваат натака. Како и да е, не се плаши.
Јас секој ден сум релација Бит Пазар-Чаир-Бутел , па што знам не ми е некако страв. Ако не дај боже се случи нешто, одма симнете се од автобус.
^Ахм, ќе се симнеш од автобус сигурно. Ние бевме во двокатен кога се затепаа горе, па оди симни се. Не можеш да мрднеш. Тоа е, да не те снајде само.
Hека се возат гага . па и они нека видат нешто гратис од оваа напатена земја... Hемам ништо против да се возат, само нека им се дадат автобус посебни на нив... зашто да не... и јас утре ќе бидам стара баба, па гага вожња привилегија ќе ми биде да се има Hа крај краева автобусите не се само за младите
Тоа да, не се знае вратите дали ќе бидат отворени. Ама, во едно сум сигурна, 9ка двокатна нема. А нема ни да има, они едвај вртат еднокатниве, таму кај основното, има голема дупка, и малце понатака. А за бабите, нека се возат, само нека им биде забрането од 12 до 2 саат. Пред и после, што сакаат нека прават.
па јас како HEсредношколка, можам да кажам дека и средношколците ми сметаат по автобуси, писканици дерења туркања.... Aма тоа е што е, мора да се трпи Kога ги трпам средношколците, што се каде каде погаламџии од пензионерите, тогаш зашто не би ги истрпела и старите баби и дедиња
сум живеела таму кај што живеее дечко ми, и секој ден сум го одела тој пат накај средно школо назад, и накај тренинг и назад. И тогаш не ми било толку страв, ни сега не ми е којзнае што ама џабе кога ги гледаш какви се...уффф,може грешно се изразив не страв ама непријатно чувство и еве ти кажувам џабе тоа што викаш да сум се возела меѓу часови(тоа важи за било кого), нив ги има секаде и секогаш,тој ако наумил да се тепа нема да оди на час. А тоа дали бил приватен или државен автобус и тоа не значи безбедност. А ја како што нон-стоп сум по автобуси, ќе ми требаат повеќе од дупло колку што чини еден месечен билет 1050ден.
Тоа да, ги има секаде, и секогаш, и ќе ги има. Неколку пати, ми се обратиле на албански, за да се тргнам. Ама јас ги игнорирам, и покрај тоа што разбирам зборче-две. И после само слушам коментари, буткања. Па ако сакаш да се тргнам, ќе ми збориш на македонски! Многу добро ги познавам. Ама јас веќе сум навикната. За секој случај, земи си спрејче. Друго што да ти кажам, незнам.. х) Мене па и во автобус, не ми е толку страв, мене ми е страв, одкако ќе се симнам.
Денес се пресмеав јас со едни напалени тинејџерки... Незнам која година беа, ама јас си ја искасапив устата за да не се смеам. Седале унесени во муабет, а пола автобус ги слуша, среќа немаше многу гужва, ама сепак. Две упер шмизли, со три кила пудра на себе, со сјај дреч розев и со кој сите у друштво со истиот се мачкаат, и џвакаат, не грешка преживуваат, сабајле порано 10саат. Муабетот им беше уби боже. Некултурни до даска. Врискаат, пискаат, почнаа и да се сликаат, за на фејс мила, лепотичка И се жалат како на оваа дечко и не и давал она, другна ја теши, откчи го, ич не го еби... Трагедии. Дал да се смеам дај да плачам незнам. Ми ги изреметија ушите за 100 години. Ама знаат да врискаат човече, и тоа за лајк на фб Не ги можам некогаш ама бетер од пезнионерите се.