Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Хипстер ти ли ма беше таа што не гледаше мене и другарка ми ? :o Шо дека се сликаме, да не сакаше и ти :D Се шалам, јас само по вециња се сликам :emo: :lol: :lol:

    Денес кога идев накај град околу 11 имаше во автобусот еден дедо што немаше шанси да не го заприметам со неговиот муабет кога одел во Германија одамна... :D
    И сега пред 2 саата кога се враќав од час го видов како се симнува од автобус и ми рече дека ако некогаш ми треба совет кај него да се обратам. Ми посака и многу среќа во животот.
    Значи така ми го кажа тоа што морав да го гушнам, не можам чувството да го опишам. :) :)
     
    На anabel-a и Hipster им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас дури оваа година почнав да се возам со автобус почесто.
    Најмногу заради тоа што поскапе таксито, а и сама треба да одам па не ми се исплати. Во средно ми беше поевтино со такси него ли со автобус, ќе се соберевме четворица, по 20 денари не фаќаше. :)

    Се возам со 35-ка, таа што тргнува од Лисиче и до сега не сум имала лошо искуство. Претежно е полно со студенти и постари луѓе што одат накај работа. Ама за враќање не ми ни текнало да се качам во 35-ка, доаѓа од Чаир мислам, преризично е за мене.
    Еднаш ми се згреши и бев принудена да гледам диво племе, мајмуни, како се беси по шипките во двокатен автобус. Ниту карта платија, ниту слободни имаа. А шоферот не се ни осмели да се сврте кога слушна какви крици испуштаа, па камоли карта да им побара.

    Инаку одбегнувам да влегувам во автобус, зошто и така најчестите релации ми се до факс и центар, а пешки ми се од 15 до 20 минути.
    Самото влегување ми е трауматично, додека да куцнам, да се бутнам, па згора на се некој смрдлив ќе влезе и сите во транс ќе паднат, сето пропратено со шофер што вришти на мобилката и турбофолкот што ечи! Благодарам, ама претпочитам пеш!
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Душица, знам дека беше ти, јас тука револторано пишувам со надеж дека ќе се засрамиш, зашто не сакавте да се сликате со мене :D
    А толку сакав и јас да вриснам со вас, незнаеш како ми се врискаше :D
    Шала на страна не ми сметаат сите тинејџерки, си има и културни девојчиња и момчиња.
    A денес и мене еден дедица и мене ми даде совет, сине закопчи ташнат да не те оперира некој :D
    Ама се трпат, дали дека не се возам ептен често, не ми сметаат баш.
    А ова со инциндентиве, среќа не сум наидела на никаков до сега, ма да и претежно во Центар и Аеродром се возам, со 5, 15 и 21, 22 нема ни многу инциденти.
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    хехехех Душице сега ја читам Хипстер и те замислувам :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Искрено јас највеќе се возам
    3/5/15 за до дома
    35 за факултет
    41 за тренинг
    9 за до кај дечко ми, и шубе ми е само во 9ка :|психа е тоа
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Еден апел да ги исперат автобусите, мислам стварно се гнасни :puke:
    И јас се возам ретко, посебно откако почна да се стоплува, гледам да одам пешки или делам такси со другарки.
    Е сега знам дека нема да се сложите со мене, ама мене старите автобуси ми се поубави :D Има логичен распоред, има повеќе простор, е сега тоа што се бучни и без клима е друга работа. Ама новите не се воопшто практични кога има гужва :tmi: Плус се гледа дека се многу неквалитетни, веќе сум приметила како подот се лупи и одлепува итн.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    91.839
    Пол:
    Женски
    Целосно се сложувам. Плус можеш и прозорец да отвориш ако засмрди, а не новиве строго забрането прозорец отварање.
    Јас имам уплав од двокатниве, не се качувам горе па пари нека ми даваат. Три пати се калив и ќе ми препукнеше срцето. Ај качувањето ама симнувањето е страшно и гледање низ прозорец никако :rofl:
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Во старите, мене најубаво ми е, кога си седам сама на едно столче, и ќе си буљам од прозор. Одма ми е тука вратата.
    А не во новиве, само едно такво столче има, и тоа горе. Па уште и свртено кон други столчиња. Некој ќе си помисли буљам во тие што се седнати таму. Јас сакам у прозор да гледам!
    И глупо ми е, кога немам кај да гледам, освен во луѓе. :wasntme:
     
    На eli25 и sanjalica им се допаѓа ова.
  8. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Се возам со 9 за во школо абе тоа трауми се, жими се.
    1. Влагаат неандрталци се издераваат
    2. Си го носат мрсниот хамбургер со себе
    3. Побогу луѓе сте чуле ли за сапун и вода?
     
  9. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Јаооо јас се возам со 57, ТРАУМИ е мал збор кога ќе се качат оние од Моша, па оние од Зефљуш, па оние од Цветан Димов. :x
    Или кога се враќам дома, со оние од Угостителско или од Медицина! :x

    На БитПазар е стандард гужва, 15 мин.се стои во место.. После ми викаат далеку сум живеела, а јас уствари стигам за 10 мин.а останатите 15 ги стојам во место :?: :!: :!:
     
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    И јас се сложувам со фемина90. Мора да се исперат новите автобуси, вчера навечер во 7 и нешто кога се враќав од школо, за малце ќе ја промашев автобуската. Ништо не се гледа низ прозорите, ептен се со прашина. Посебно двокатните. Дури во последно време избегнувам да се возам со нив кога одам на некоја поголема релација.

    Што се однесува до инцидентите, фала богу до сега не сум била сведок на ниеден од истите.
    Чат-пат во 64 кога се возам, знаат да се зарчкаат, ама не стигнало до никаков инцидент.
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.022
    Допаѓања:
    123.888
    А јас што да кажам :worried: 9,19,57 некогаш 65 се моите автобуси.Досега не сум имала инцидент,кога одам на работа насабајле се претежно постари лица,па и не е многу полн,ама кога се враќам :tmi: Се случило да чекам и саат време автобус затоа што биле преполни со нив и ми било страв да се качам,па сум чекала некој попразен.Но кога тогаш морам,освен што неколкупати сум си платила такси,кое секогаш не можам да си го дозволам.Морам да одам со државен зошто имам слободна од работа.Се сложувам дека кога ќе се наполни со ученици е неподносливо.Толку се некултурни јас ги викам диво племе :@ Зошто тоа и се,животно има повеќе култура од нив.Урлаат,се буткаат,карта не плаќаат а никој не се осмелува да пререче,камоли шофер,сите само молчат и гледаат во под.
    Еднаш се има случено да ме буткаат и тоа намерно,па исплашена морав да се симнам на првата станица и со такси да си одам дома.
    Не можам да верувам дека работите останаа така.Се аплеираше полицијата да оди на работа со автобуси :o Зошто во овие ризичните да не се возат цел ден,не е ден двајца,тројца? И тоа не само додека престанат инцидентите,туку засекогаш.
    Еве еден апел до министерката,од преплашена девојка.А не има повеќе.....
    Тогаш ,што се чека?
     
    На maca99, Hipica, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Како тоа мислиш учениците не плаќаат карти?? па и ние имаме бесплатни карти......

    А за автобусите, и јас се сложувам треба да ги исперат, да не може човек да види каде да се симне....
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    "они така смеат"", кој смее на нив да им пререче дека не платил карта? :?:
     
  14. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Од мои извори, од вработени во ЈСП, има по еден полицаец во секој автобус, во цивилка, барем сега за сега, додека е жустро ;)

    Надвор од автобусите многу е зголемено присуството на полицајци. Вчера во Чаир, ја запреа 57-цата и влегоа внатре, па ги претресуваа машките со ранци што беа, среќа се’ беше во ред :)
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Денес се возев со 9ка, ама дека беше многу рано. И полу-празен беше автобусот. Немаше никој од „нив“..
    После со двокатна 22ка.. Мислев дека таму ги нема, ама ги имало.. Кога почнаа да пискаат, да аплаудираат.. |(
    Скоро секое сабајле, на моја станица, има полицаец/полицајка, и се качува со нас.
    А денес на враќање имаше 2-3ца на бит-пазар.
    Веќе не се плашам, ако ми било судено.. Ќе пробам да ги удрам таму кај што највеќе боли, и готово. :wasntme:
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Тоа што ме плаши сега е, евентуалното поскапување на билетите... again.
    Платата само за транспорт човек да ја троши и јадење :|

    По поскапувањето на такси превозот, ми нема ама ич смисла од рекорд до НЛо мое да се возам. Пошто, сумата што порано ја давав, сега ми е некако дуплирана. Па, работава, пооди си жабо пеш до Скопјанка, да не фрлаш многу пари :|
    Затоа и рано си се враќам дома. Си го фаќам последниот автобус, некогаш и 7ца, па си се акам пак пешадија до дома.
    И без тоа сум стара веќе за да седам до мугри :rofl: :|
    Страв ме фаќа да не дојде денот кога ќе соблекувам кондури и ќе пешачам до дома. Оти, тогаш богами ќе си врзам еден Дорчо(коњ) пред зграда.
     
    На Doozy и MacenceEna им се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.022
    Допаѓања:
    123.888
    Ако ова навистина е точно,се израдував жими се.Барем помирна ќе бидам :sweat:
    Инаку 65ка неколку пати ја сопираат ги претресуваат средношколците.Муабетот ми е ова да биде нонстоп не само додека се смири,зошто пак ќе почнат.Не е лошо и од Алфите да има по некој во автобус :?:
     
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Луѓе значи веќе втора недела насабајле во автобус ми се качува еден чичко лукосан. Значи секој ден, копа цел автобус чим ќе се качи. Искрено ми иде да му кажам, да ми беше комшија ќе му кажев без пардон, ама се качува во Центар не го знам. Неиздржливо е. Здраво е ајде, ама извини молим те секој ден да јадеш и толку мнооооогу да копаш тоа е ненормално. Па денес уште си правеше муабет со некој позади мене, ме маваше тоа реата едвај издржав. Второ мишки, не знам искрено што е со луѓево. Најсмрдливи створења на планетава сме искрено. На мишки реално човек се „навикнува“ или ајде ќе се тргнеш од него помалце се осеќа, ама луков ми ја гори душата искрено и мириса во секое можно местенце во цел автобус. Леле како не ми е блиску факултетот пешки да си одам. :headbang:
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Нареден пат темјан во раце и да го прокадиш и да му кажеш дека 100% е заштитен од ѓаволот и да не се плаши и :!: да не јаде веќе лук на празен стомак.
     
    На CrazyStupidLove, Annath и maca99 им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    4.273
    Па зошто не јадеш и ти лук, кој ти брани? Знаеш ли дека лукот е здрав и штити од многу болести, манијаци, дечковци? :lol:
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.