Се насмеав убаво кога по грешка влегов во автобус (сосема заборавив дека е вторник), внатре мирисот не се опишува тоа може само да се доживее. И после некоја станица, влага една наконтена бабетина иде према едно девојче (што најверојатно се враќаше од школо) и вика девојче може да станеш? Девојчево мртво ладно се врти и и вика зашто? Бабави вика па стара сум јас не можам да стојам. Девојчево кога и рече “ јас платив карта за да се возам и ја вади и и ја покажува, вика вие плативте карта?“ Бабетинава се укопа у земја и ја снема низ гужвата. with all due respect за старите што не можат и јас им станувам ама за такви гагатори ич не ми е гајле. Што би се рекло: ја користам оваа прилика да го поздравам девојчето што фино поштено ја спушти бабетината на земја
проклето се мразам себе си во вторник и петок, кога ќе пукнат температури ќе се мразам нон стоп, само едно ми се мота, зошто немам малку повеќе пари да си дозволам кола зошто ! па нели им укинаа да се возат гага, демек сите имаат извадено годишни карти жими мајка, ќе бидам стара и јас, ама не го сакам најмногу инаку друго ми беше муабетот, само мене не ми објавуваат постови во делот за прашања одговори и поплаки или интернет страницата си ја отвараат еднаш годишно ? некој знае ?
Госип значи јас 3-4 пати имам пишувано на стрната на ЈСП ама воопшто не ги објавиле моите прашања, така да веројатно многу ретко отвараат и не одговараат на сите прашања. 3-4 месеци се немам возено со ЈСП затоа што не сум во Скопје, но ме интересира колку чини 1 билет со 1 возење и колку чини со 10?
Со едно возење ако го купиш во автобус чини 35 денари, ако го купиш во билетара е 30 денари, а 10 возења чинат 250 денари.
Во борба, во борба, во борбааааа младински народе! Најсериозно ова си го пеам секој вторник и петок. Можам да разберам дека иако си стар не треба да бидеш затворен меѓу 4 ѕида, ама не можам да разберам да се тепаш по автобуси со една нога, бастум и 4 кила компири. Преку глава ми се дојдени пензионериве. Во вторникот запна еден младите вакви, онакви, никакви, јас во мое време пешки одев од Гази Баба до парк за во школо, па вие цел ден седите во школо можете во автобус да постоите. Да напоменам ова беше 8 сабајле, до двојка фалеше луѓе од прозори да почнат да паѓаат а сите брзаат за на работа, факултет или школо. На крај еден културен дедо му одговори на дотичниот: Ај затни се, и ти не стануваше на времето. Него да прашам, во кои автобуси има убави момци на пример? Не могу више со двојка, има две опции или мириса на кромид или на мишка прва класа.
Многу мразам неписмени и некултурни луѓе. Денес бев сведок на следнава ситуација: Рано сабајле, никој во автобус. Застанува шоферов на автобуска, отвара предна врата да се качат луѓе и задна да се симнат. Една жена, упорно влегува од задна, а шoферот и затвара секој пат врата.. И некако успеа да влезе и почна да му вика - Имам слободна. Шоферот се изнервира (и јас би се) и и’ кажа - Имај си ти слободна, се знае дека се влегува од предна врата.. И почна женава да пцуе, да вика по него, му викаше - Сите работи во државава се средени, па оваа најде ти да ја средуваш бла бла муабети без врска.. И уште вика женичево - Па знам јас дека предна е за влегување, ама нема гужва сега, може од позади да влезам, а и ова што ми затвараш врата не е начин! Како НЕ Е НАЧИН?? Како поинаку да ти покаже дека НЕ треба да влезеш од задна!?? И уште еден постар човек, почна да се сили на шоферот - Не знаеш ти каква казна ќе пиеш за ова, јас знам луѓе, вака онака... Значи женава дупло постара од мене, а со дупло помалку култура од мене. Срамота! Јас ни на предна врата не би ја пуштила...
А оние копачине контрола што прават Леле какви сељци се значи, пола саат ми ја гледаше слободната, име и презиме ми виде и ме додал на фб Еден дечко влезе од задна и имаше слободна, му ја покажува на контролоров и овој му вика, ај сеа излези и влези од предна врата идиот! Да иде така у 11ка или во 12ка да се прави мангуп ама никогаш немаат влезено таму, ниту пак во 19ка, ќе изедат ќутек знаат. Него ние тука што се движиме низ центар може да ни прават што сакаат, а по селана каде што се возат албанци несмеат ни да припарат, па фрустрациите ги лечат тука.
Ај некој стварно нека ме просветли во 9ка сигурно нема! Веќе кога имам слободна барем да знам каде да си се возам
Убави момци во 16ка Има и во 15ка, 7ца и 4ка се наоѓа нешто Во другиве што се возам 22ка, 21, 24ка слабо...
Значи дефинитивно кој го мразиш колни го со 2ка да се вози...и тоа во петок Си влегувам во автобус уште на првата станица автобусот се наполни од пензионерите. На цел глас расправа дека внука и манџи не јадела. Ми дојде да и дадам 50 денари и да и кажам еве ти пари купи и сендвич само замолчи. Значи толку се некултурни и никакви, после ова со гага превозот го имам сменето мислењето за нив скроз. Па тоа на цел глас зборат за средношколците дека се некултурни, мрзливи, срам за државата. Таман прекинаа за средношколците почнаа друг муабет, како тие од провинција иделе завршувале факултет и им ги земале местата на Скопјани кои се без факултет. Тоа таква тензија се створи, што и овие мегуетничките тензии се нула во споредба со нивните. И кога завршија госпогите со провинцијалците, почнаа да им се опнуваат на некои патници. Ми вика качете се горе да стоите. И викам извини госпого ако си ти таа културната што се збориш ке прочиташ кај што пишува на втор спрат не се стои. Сака еден средношколец да излезе не може во гужвата и бабиштето му вика : Тргни ја бе таа ташна од грбот не прави гужва. А сиротион еден ранец тенок ко ЛЦД монитор. Детето вика јас ке ја тргнам ама ти врекиве кај ке ги тргнеш. И почна да се дере; Мајка ти не ли носи вреки од Битпазар не знам што. Не се саалам, дома не ги сакаат никој муабет не им прави, и нервозата во градски ја истураат.
Можно е да има двокатна 9-ка, бидејќи по стариот пат ако одеше, немаше да може да помине автобусот, таму негде кај Рамстор, кај мостче некое. А денес, се возев во двокатна 59ка, за прв пат.
^ Двокатна 59ка? Колку е реткост да го начекам тој автобус. А ми одговара кога ќе дојде дека многу е попразен од 57. Затоа и ме чуди двокатен што пуштиле. А би било подобро почесто да го има..
Ги мразам бе овие старциве ги мразам на сета мака денеска па и со нив да се расправаш, со торбишта полни лук и кромид влагаат, те туркаат, газат, а згора на тоа со еден ненормален се расправав денес, не беше пензионер ама беше како за 10 пензионери застанал купува два саати карта ти му викаш тргни се да поминам не ми е добро, тој не може јас сум пред тебе па не те пушта , луѓе ццкат од позади он застанал, па почна после да го пцуе и возачот нешто , абе нетокму луѓе
Типичен пример што се случува кога правилото е поважно од причината поради која е донесено! Жената била во право! Тоа не е начин. Не требала можеби да вика, но како патник била во право. Прво: Зошто воопшто шоферот ја отворил задната врата? Испаѓа од инает го направил тоа за да ја залаже патничката па после трас пред нос затвара врата. Главен виновник е тој кој што ги измислил овие правила без при тоа да нагласи во кое време и во кои ситуации важат а во кои може или дури е неопходно да се прави исклучок. Второ: смислата на влегување на предна врата е да не им се прави проблем на патниците кои сакаат да се симнат, и тоа во време на гужва. Но кога нема гужва а е регуларно на станица зошто па да не се качи на задна? И тоа е врата. Можеби патникот и не може од физички причини да се качи на предна врата, на пр. носи вреќа со роба за на пазар, или нема сила да дотрча до предна врата и тн. Трето: шоферот нема што да го интересира дали патниците имаат или немаат слободна, карта и тн. Затоа постојат контролори. Возете се со автобус низ Тесалоники, Белград, Будимпешта, Прага, Франкфурт (јас лично се имам возено низ сите овие градови) и ќе забележите дека не само што таму шоферите не се бават со непотребни работи околу картите, туку се одвоени во засебна кабина од патниците, како кај нас во новите двокатни. Нивно е да возат, застанат, отворат и затворат врата на секоја станица - независно дали е втора, трета или последна. А патниците си се качуваат на сите 3-4 врати, додуша давајќи им предност на тие што треба да се симнат првин.
Вака, одговор на прашањето - Зошто отворил задна? - За да се симнат тие што беа за симнување. А жената упорно се туркаше да влезе. Да нагласам - си беше здрава и права жена што не и се чекаше ред на предна врата. И мене ме нервираат луѓе што се туркаат да се качат, а јас не можам да се симнам - од тој аспект НЕ беше во право жената! Да, сум се возела во странство и во нивни автобуси/трамваи и да, таму се почитува ред - прво излегуваат, па потоа влегуваат и не се прават гужви, и ниту шоферот се меша, затоа што нема причина да се меша Затоа и искоментирав дека беше крајно некултурна и ме изнервира
Леле читам и не можам да се изначудам шо не се случува по автобусите. Јас ги користам приватните - поевтини ми се, а и плус побрзи (ова го имам истестирано неколку пати). И ниту еднаш не се има случено некаква расправија или шо знам ти шо. Како и да е, распоредите на линиите од ЈСП никако не можам да ги дешифрирам Како да претпоставам дека во толку и толку сатот 22ка поминува од карпош 2? да си пресметувам од памет ли треба? (за ноќните линии зборувам)
Полека, полека со пролетта заедно, автобусиве на ЈСП стануваат гасна комора. Посебно 22 и 5-ка. Едвај чекам врата да отвори шоферот на автобуска за да зеам воздух. Иначе не се диши. Апелирам почесто бањање и користење дезодоранс, било каков. Посебно ова да се почитува во вторник и петок. Фалачаопријатно.
Јас би и предложила на владава да даде една сосема корисна акција, исто како вторник и петок за старците. Нека отвара шоферот предна, секому да шприцне по малку дезодоранс при само поништување на билет, секако на тие што смрдат. Е сега оние што купуваат карта со 10 вожњи од билетара, нека добиваат гратис мини стикче, оние малите од рексона што беа. Неподносливо