ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    4.289
    Згодните момци(вклучувајќи ги и згодните сељачишта) не се возат со ЈСП, туку со сопствена кола 8) а згодните девојки (вклучувајќи ги и шмизлињата) се возат со такси, или со колата на згодниот момок(еднина од момци) :D
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Нема потреба од критики кон пензионерите,затоа што и ние еден ден ке бидеме како нив,затоа малку ке ве молам да ги респектирате.Фала
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    4.289
    Во право си. Но тоа не треба да биде оправдување на владината идеја или идејата на градскиот совет за таква непрактична идеја, вторник - петок бесплатно за над 62 и 64 годишници(не мора да се пензионери).

    Ќе беше многу попаметно да пуштаат на секои саат време спцијално и видливо означени дупли автобуси кои ќе бидат само за оние патници над 62(жени) и над 64 (мажи) и тоа со право на бесплатно возење.
    И тогаш старците ќе си знаат, на пр. во 7:05 имаат бесплатен автобус, па во 8:05 и тн. Е сеа точно дека за целосно ова да функционира и да биде практично, ќе треба на секоја постојка електронска табла да јавува кога пристига наредниот бесплатен автобус.
     
    На Elika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.668
    Допаѓања:
    4.619
    Пол:
    Женски
    Ма све да им **** што ми ја преместија постројката , скоро до дома ми беше .... на барање на граѓаните како па да не!
     
  5. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски

    До културата е!
    Што мислат дека ако се постари можат да навредуваат кој да им стане да седнат, нормално дека јас им отстапувам место во автобус, но доколку јас оценам дека треба. А не они со торбите од пазар, немаат што да прават и прават гужви поавтобуси, посетуваат роднини на релација од Ѓорче-Драчево. :fubar:
     
    На Elika, Elennaa, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно убавите момци и девојки си се возат со такси и сопствени колички.Ама, имаш и по некој исклучок во 41-Драчевчанскиот автобус и 5 и 3-за во Аеродром 8)
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    А со автобус грдите?
    Некаде за убавина даваат автомобил? :lol:
    Ако си убав, автоматски си и богат, или грдиот - сиромав?
    Можеби мислиш на богатите, ама генерализација дека УБАВИТЕ се возат со такси и автомобил е многу, ај да не речам, смешна :lol: , барем за мене, неможам да ја сфатам поврзаноста на видот на превозното средство и убавината, едино како што кажав, ако на убавите им делат автомобили...на лепе очи :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^вакви коментари од шала и игра веќе стануваат офф топик, невкусни, нереални, можеби за некого навредливи и подценувачки.....мислам дека е редно да се прекине со дебатава, и да продолжиме да коментираме за тоа што е наменета темава. :bow:
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Си има модератори, не му се секирај ти до толку ;)
    п.с. не е игра и шала, туку коментар на коментар, кој не ми е јасен, па побарав ако може да ми се појасни што значи, а за навреда мислам не навредив никој :?: :)
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    enca.69 :) јас си имам свој живот, нервите и секирациите си ги имам во животот, за форумов или било кoj друг форум никогаш не би се нервирала ни 0,1гр.
    Не мислев на никого конкретно дали навредил некого или пак нешто слично, дадов свое мислење...ако тргнеме така не би смело да се зуцне за било што и било каде, зошто сите би изгледале како "модератори"- како што велиш ти.
    п.с. модераторите не се тука за да секираат и да изиграваат стража...гледам дека сите имаат погрешна перцепција за поим модераток,но ок...да не отвараме нова дебата,

    Јас си го кажав своето мислење, и јас не се сложувам со мнооогу мислења на форумов па не сум коентирала одма контра напад. ;)
    ...го кажав своето,сега слободно продолжете си со дебатата
     
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Понекогаш (доста често) знам да се изнервирам од овие вторнички и петочки моменти кои ги доживувам секоја недела. Не затоа што мене ми било мерак за седење, а некоја бабичка или тетка над 62 години седнала на тоа место, не е проблем за 4 станици ќе стојам, не ми е тешко. Разбирам дека се стари лица, и јас имам ужасна почит кон истите ако имаат барем трошка култура, што ретко кога сум наишла на истата. И мајка ми истото ми го кажа: `Добро, тебе ќе ти биде убаво ако мене така некој ми превртува очи, говори така за мене, кога ќе остарам?` Јас само и реков: `Ти не си таква.` И стварно не е.

    Ми текнува, имаше една огромна гужва во автобус пошто проаѓа од Центар и оди кон населба кај што учат ученици од разни населби и тој ден се погоди петок да биде. Бев притисната до задна врата, ама буквално притисната, до мене ми дише дедо во врат веќе општопознато е дека мирисот баш и не е прилагодлив на толкава маса луѓе, и се погоди да зборам на телефон 1-2 минути. Во сред разговор, дедото ми се убацува, и ми вика: `Што сега, важна си дека збориш на телефон во автобус? :o Со дечкото си правиш муабет или со некоја другарка? Па не бива вака, симни се, прај си муабет надвор! Или глумиш дека збориш на телефон, пред толку луѓе да се покажеш! ` :o :o :o
    Тука ми се споија на мене жичките и му вратив: `Видете, мое е правото дали јас ќе зборам на телефон или не, од каде таква сила и безобразие да ме прашате со кој зборам, што ви е вас гајле! Свртете се на друга страна, или вие симнете се од автобусот, не стварајте негативна енергија. Знаете толку да изнервирате некој во овие денови кога ви е бесплатно, па уште и се силите да провоцирате и да се истурате на млади` И мислев уште милион работи да му изнакажам, затоа што ме изнервира до степен да чурам од нервоза, еве сега кога се потсетив пак се напнав, значи тогаш бев смирена и покрај тоа што беше 30 степени во автобус, притисната до врата, а можев многу работи да изнакажам. Страшно! :tmi: :fubar:

    Така да, како со мене - така и јас со нив. Во принцип сум многу дружељубива, и знам да направам муабет и со постар и со помлад, нормално се прилагодувам на возраста и одбирам зборови за да си го кажам ставот, ама такви безобразни нема зошто да почитувам, дури и бев премногу љубезна тогаш со него, а башка што и 50 луѓе таму ме слушаа меѓу кои и стари кои свртеа глава, можеби дека се пронашле во мојот говор. :D
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    во поледно време некако нема баш пенсионери во вторник и петок, туку во понеделник среда и четврток....стварно незнам што се случило...денес имаше пензионери во автобусот, како што немало ни во петок ни во вторник..... :^)
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Па сеа веќе не чекаат вторник и петок секој ден си се возат безплатно со изговор „Леле синкоо зар не е петок денес„ :^)
    Нашите билети ќе поскапуваат, плаќаш и факултет и превоз и киниги и се и згора на тоа мора да се тепаш во автобус со старци |(
    Работеле они за државата, како не, за себе си работеле, јас незнам со што заслужиле бесплатен превоз. Кај мене во маало има еден дедо кој секој ден се вози, но си вади месечна карта, ми вика дека избегнува да се вози вторник и петок заради тие гужви, несака да му се слоши во автобус, избегнува да се вози кога луѓе се враќаат од работа или средношколци одат/ се враќаат од школо, а секој ден оди на битпазар само да пие чај и да чита весник, помило и покултурно деде нема :)
    Толку ли неможат да си одвојат од пензијата 50ден неделно, за да отидат на пазар или на гости, не ми е сфатливо, ама да не е без пари нема од дома да мрднат. Мора да се преземе нешто, летово ќе биде страшно, сериозно и за нив не е добро, ќе припаднат, ќе им се слоши, ќе се шлогира млад човек од тие гужви и смрдеи, а не пак некој изнемоштен старец :x

    П.С. И јас сум убава, па немам кола, ооо зоштооо не сте ми кажале дека делат коли по лепота??? :(
     
    На Juicy03, Trendafilka, thinkerbell и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Денес еден возач ми украде 10 ден.
    Му давам 35 железни, 3 по 10 ситни и една петка. 100% сум сигурна 100 пати ги пребројав.
    Ги давам, демек брои нешто, а вратата затворена онака оставено само прозорчето колку рака да пружиш и брои ли брои и после 15 секунди некаде ми вика девојче ти фалат 10 денари.
    Во тој момент махинално нели вадиш даваш нема сеа за 10че да се расправам, после коа седнав си размислив овој вака кој знае по колку десетки дневно си собира ццц.
    Пазете и отворете си 10 очи. ;)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Мене ова ми се случи пред некоја недела. :D
    Ама сосем истото.
    Се качивме само јас и една девојка на мојата автобуска.
    Јас секогаш си имам подготвено пари за автобус и ги пребројувам повторно пред да се качам.
    Не сум од оние што се качуваат, па тогаш им текнува да отвараат ташна, да буричкаат низ неа, па новчаникот, па чекај да најдам пари... (патем, еве ви забелешка драги патници, спремајте си ги парите навреме за автобус. Така ќе се губи и помалку време, за општо добро).

    Значи исто ко Каша, имав 3 по десет денари железни и една петденарка.
    Платив јас, девојчето по мене и се качи на вториот кат, ја си седам долу и слушам - првото девојче му фалат десет денари!!!
    Ко на разглас, мислиш голтнал мегафон.
    :^)
    Станувам, викам - ама ги пребројав пред да се качам, убаво видов...
    - Еве девојче, овие во левата рака се твои, другите од другото девојче, убаво запамтив.

    |(

    И што сега, ќе се карам за 10 денари?
    Земав, извадив, платив, додека сите зјапаа како да сакам да го поткрадам буџетот на РМ.

    Пред некоја недела се враќав од забар, нервозна, со невидена болка, се' живо и диво ми се темнеше пред очи.
    Си се возам и слушам како во некој делириум - види ја, тиркизни нокти и црвен мантил носи!
    Ми требаше минутка да се свестам дека се зборува за мене :D , а коментарот ни помалку ни повеќе, од еден педантен и екстра феминизиран младич, средношколец со негова другарка.
    Викам дечко, продолжи вака со фини коментари, многу скоро ќе си најдеш девојка! ;)
    Па се засрами и се симна на наредната станица.

    Оф леле, што не се научи народов да си ја гледа работата?
    |(
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Хаххаха.. офф топик, ама овој дечко може само ДЕЧКО да си најде... За обичните машки постои само - плава и зелена боја, а тиркизна јок! :lol: :lol: :lol: :lol:
     
    На Monna.Monna, Bozica1980, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  17. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
  18. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Уффф денеска се возев во најголемата гужва. Па уште ги слушам едни баба и дедо како зборат дека ние децата сме криви што е толку гужва. Демек ако сме виделе дека е полн автобус што се качуваме :@ . Па ние си имаме цел каде одиме, или во школо или на факултет, а оние старцине се шетаат само и до пазар идат и после ќе зборат. Плус дедово и вика на бабава дека слушнал на вести (така нешто) дека имало предлог само сабота и недела да се возат беспари пензионериве. И бабава вика туууууу па баш тогаш кога нема автобуси за нас :@ :@ :@ . Малку им е прст па и цела рака ја сакаат.
     
    На sanjalica и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Денес. Се качуваме на автобуска, и една баба, на сите нас: Леле, па чекајте да излеземе, после качувајте се. И после некој и го спопика: Па има заден влез за излегување, не е влезниот за излегување. :wasntme:
    Па така де.
    После пак. Автобусот беше полн, се возев во двокатен, и на скалите стоев. И една жена, сака да се качи горе (кадешто е полно, нема место за седење), и ме загледала, ми вика: Може да се качам горе? Јас се поттргнав, она не се качува. Едвај се симнав, се бутнав у тоа кутичето за билети. Она не се качува. Пак кај да ти се тргнам бре? Да одлетам од прозор? Па уште тие доле, ни криви ни дужни, ги испобутка. Значи, имаше место, две жени во исто време да се качат. Да не сакаш црвен тепих? Е Бог да чува..
     
    На sanjalica и anabel-a им се допаѓа ова.
  20. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Лелее минатата недела,вторник или петок беше,мнооооогуу гужва,се возев во двокатен и дека седев горе и требаше да се симнам,и ај некако се симнав до последното скалило и не се тргаат а автобусот на автобуска застана им викам може да се потргнете да се симнам?и оваа женава се стиснала вика дсевојче јас натоварена сум глеј,кажи му начичко ти (тој позади неа) да се потргне,ама викам јас или не не бе не ЈОК не се поместувА! :fubar: Автобусот стоеше подолго време,за среќа,а има и безобразни шофери одма затвараат.Ма кога тргнав сите ги избутав и ич .i. не ми чуеше! Па какви се не му даваат на човек да излезе!А и културно им се обратив! Ма арно им прави една другарка,ич не и е гајле во автобус си вика и тоа на глас баш „овие стрциве вампири вака така“ ,а баби и дедовци насекаде околу неа
    До кога вакаааа? :devil: