А, бе, не е до ЈСП и до автобусите, до народот е. Знаете дека имаше едно истражување дека годишно одвај по едно сапунче трошиме? Е, па тоа ќе да е проблемот. Баш некна кога си купував стикче гледам на него пишува Shower feeling... си викам, е супер, сега сите ова ќе го купат и ќе мислат дека не мора да се тушираат. Не дека во западниве земји мириса на темјанушки и лаванди, ама на кромидовини и на кој било збор со Ш во него (чушки, мишки) сигурно не мириса. п.с. Бабено е или во 3ка или во 5ка, тие даблдекери минат одоздола кај Железничка, мислете му ја кој оди на тие релации.
Сега на ред сум и јас да ви се пожалам. Си се возам јас накај школо и гледам една тетка во години станува и јас си викам да одам да седнам. Си седнувам и таа ми доаѓа и ми вика "Девојче ако може да станеш, јас не се синувам бев само да се поздравам" WTF што е со луѓево јас незнам
Нема потреба од критики? Па никој не би јадел бубрези за џабе. Штом овде 100 души збориме за нив дека немаат култура и дека се без осет, значи има нешто. Или вие ,,убавите,, не се возите со автобуси па не знаете што се трпиме ние ,,грдите,,. Пред некој ден се возев во 23. ОМГ тогаш и никогаш више, освен ако не е неопходно. Влезе една трудница и баш на таа станица каде што се качи она, се створи една невидена гужва. Дојде до мене, станав и како молња од позади ме избутка една бабетина да не и го фати некој местото. Не можам да се изначудам што прост народ сме...
Јас колку што знам, од 10-ти јуни, заедно со крајот на школската година Ќе објават на страната, рано е уште
Навистина не ми е јасно, оти ја туриле онаа налепницана: Внимание! Забрането стоење. Демек колку има седишта толку луѓе. Па уште во еднокатните го ставиле тоа. Абре генијално, уште да беше така.
тоа е за делот пред вратите-жолтиот дел, и за двокатните исто, плус кај двокатните за вториот спрат важи истото
Кај да пријавам еден возач на приватен автобус 19ка што не ме пушти со слободна карта од средно вчера (недела) иако му покажав дека на билетот пишува секој ден од 05:00 до 24:00 часот, а не секој работен, значи важи и за викенд?! Дрско не избрка со другарка ми надвор, и покрај тоа што му покажавме слободни и се докажувавме дека не смее така да се однесува и му реков дека ќе го пријавам, му знам и регистраски таблички. Не е првпат, секогаш за време на викенд не ме пуштаат и ми викаат нема школо денес и јас викам: па може сум на дополнителна, и тие се дерат:ај да платиш или излегувај. Кои се тие така да се однесуваат?! Простаци. А во државен никогаш не сум имала проблем досега со тоа, еве вчера во последната 2ка се возев во 11 вечерта и човекот најкултурно климна со главата како и сите други од ЈСП, а овој приватњаков во 12 и нешто попладне не ме пушта, а платено им е! И имаат налепница СЛОБОДЕН ПРЕВОЗ ЗА УЧЕНИЦИ (се мисли на средношколци до слободна), за украс им е, така? Па до кога ќе се расправам со тие будали бе, еее смачено ми е! Каде и како да го пријавам гадов?!
Приватните 19ки, ретко кога пуштаат работен ден. А камо ли пак за викенд.. Џабе, ние после школо, на таа автобуска чекаме, на 19ка, и не не пушта.. Иначе, од утре почнува преживувањето во автобусите. Кај вторник, па и времево.
^Ама до кога веќе така?! Што посебно е па 19ка за разлика од другите приватни? Што 90% им се од старите автобуси за разлика од другите приватни, или?! Мора да почнеме да ги пријавуваме, какво е тоа самоволие, па владата им плаќа нив како и на другите, ама овие се ептен цигани пуста пара да однесе некое денарче плус дома од деца што имаат слободни ама немаат друго чаре во моментот па ај си викаат ќе платам. Е јас не плаќам, ако треба во следниот приватен 19ка ќе платам ама на тој што ме избркал нема! И не може веќе вака, кој знае нека каже каде да ги пријавуваме.
И 9ки има двајца-тројца што не пуштаат. По фаца ги познавам. Додека 22ка приватна секогаш пушта. А со друг приватен се немам возено.. А што е нај интересно, некои возачи, на една станица не пуштаат, па на друга ќе пуштат. Или само ќе излажат: Иде државен од позади. Па што ако иде државен? Што сега? Треба приватните да зјаат празни, а во државните да поцркаме.. А некои пак.. Ќе ги прашам дали може се слободна, и само ќе ми замавнат со главата на десно. И ја ќе сфатам дека „не“ и ќе се тргнам. И после ќе ми се раздере: Ти реков дека може! Тоа да му значело влези. Па имаш уста мајкуму стара, за што ти служи.
^Во 23-ките, приватни се, секогаш не пуштаат со слободни, во работни денови.За викенд не, ама не мислам дека било кој од приватниве пуштаат со слободни за викенд.А, сум се возела и со приватни деветки 2-3 пати и не ме пуштаа со слободна
Срам да им е, немам што повеќе да кажам. Ама не може така, како тие така и вие. Ај јас завршив, ама вие не прашувајте и јас така се имам зезнато ако прашаш и бидеш учтив поголеми се шансите да не те пушти. Само покажи самоуверено и влези си во автобусот, твое право е. Ти викам јас му објаснував му покажувам од 00:00 до 05:00 а сега сме викам 12 и нешто напладне. И таков од што немаше што да каже само: нема школо денес, викенд е, ова-она... па викам овде пишува СЕКОЈ ДЕН значи и викенд. Абе будали еј, не ги поднесувам. Само самоуверено, ако треба и расправај се твое право е, а јас само сакам да ги пријавам двете 19ки што ги памтам.
само за викенд ли? на почетокот на годинава кога се возевме со слободните од прва година еден во 22ка не не пушти да влеземе, со изговор дека слободните ни биле од лани и не важеле...а знам ни читаа соопштение дека додека да ги направат новите слободни да се возиме со старите ама тоа е, што да им правиш, што се нема да направат за да земат пари....може си мислат дека ако ни кажат дека не ни важат слободните ќе извадиме пари и ќе платиме... хахах така само ќе си излезам и ќе чекам државен...
Ај само уште една случка да пишам. Беше исто на почетокот, на годината. И сега до негде и јас бев крива.. Чекавме автобус, ама касневме накај школо. Бев со еден другар и другарка. Дојде приватна 19ка, препуна, и си влеговме од среден влез.. Како влеговме, подобро да не влеговме. Кога почна да се дере. Ало вие таму, ало, ало, треба да платите ало, доаѓајте ваму. И сега ние идеме накај него, ама дека има гужва, не можеме да се буткаме. Овој гледа идеме накај него: Ало, ви реков нешто, доаѓајте треба да платите! Одиме кај него, и му ја вадиме слободната: Ама ние имаме слободна. Па што ако имате слободна? Што ми е гајле? Или плати или излези. И јас си платив, овие искочија, после едно 10тина станици си буљав у земја. Сите гледаа во мене. Ама тоа беше асално дерење, ко сите комплекси да си ги излечи човекот.
Сега ми кажа комшика, дека денес околу 16 часот, во 2ка двокатен, на Битпазар од задниот влез се качил човек со огромна змија на себе и право од задниот влез каде се качил, по скалите правец 2ри спрат и си седнал. Настанал страв и паника, доле ги затвориле вратите и никој не пуштале додека не дојде полиција, затворен и застанат стоел автобусот 30 мин со се лудакот и змијата внатре... Безбедноста е испод нула во нашиве автобуси, причина плус да не ги сакам и одбегавам, макар одела пешки од еден крај до друг на градов.