^Види сеа, и вие сте биле криви, во приватен нема контролори, и по правило не се влегува од средна, ама нема право тој да си ги лечи комплексите на тебе.Знам за какво дерење се работи, сите шофери се такви.Е сеа, ако се тие надрдани заради тоа што им е глупа работата, мала платата или досадните пензионери им се качуваат на глава, зошто си ти или било кој друг како тебе, крив/а?Стварно се безобразни шоферите, а ова важи и за приватните, и шоферите од државните автобуси
На неколку 22-ки приватни им имам запишано регистрација, неколку пати ми се мрштат и не сакаат да ми застанат, само не знам кај да пријавам . А и што чаре ако пријавам? Да не се деси нешто посебно. Во двокатниве 22-ки значи не дај боже да влезеш некад е работава. Смрди, копа на се' и сешто. А тој па уште клима уклучил и не можеш да отвориш прозор да влезе воздух . Еднаш дури ми се чинеше да му отидам до таму и да му речам, ај жити мајка исклучи климата, не се диши.
ќе си отовриш прозор, јас ретко влегувам само ако е шпиц а треба да одам некаде каде ке ми фати 600 за такси нормално ке си фатам бус, и вечно напната излегувам ... разбирам дека има стари смрдливи и се, ама културава во минус ни е од дамна, затоа боље пешки ке се потам ако немам пари за такси него да се качувам во лукоинине со дегенерисан народ
Мене пред некое време ми избега од пред нос 2ка, а бремена сум и не можам да трчам, па ко си се јавив на тој некој бр. од картичката, па ме препраќаа неколку пати ама на крај го пријавив возачот, безобразие, натоварена лап топ, ташна све и свашта, се клацкам до предна и ми лупа пред нос.... а да не спомнувам ова бабиве и дедовциве што инѕири се.....никој не станува а јас стомак до заби, децава и жениве стануваат ама највеќе што ме нервира дедовци држечи кога ке се загураат со мене, без пардон ги отпукувам, као јас можам да стојам што уште на работа се клацкам а тој не.... а па на еден комшија средни години стомаков во уста му го ставив и не стана, срамота.... инаку еднаш немаше место во тие двокатните доле, и застанав во пролазот.....таму реално јас со стомак нема шанси да се разминам со некого, и се ослободува последното сепаре кон 2рата врата, а јас стојам кај дупката таму и една баба сака да пројде, ко сум и застанала - каде ти? и викам - па да седнам- ми врака - како мислиш да се разминеме? ја прашувам? и се подзамисли....ајде викам горе по скали па доле од другата страна и ке си седнеш, јас не се мрдам од овде дечки имаше кога се засмејаа леле леле, а претходно уште им стануваат а стариве мана наоѓаат бре, и ученик да сум не станувам....едно дете го изгураа немаше ни кај да се држи уште и му се сипаа две старки - леле колку малку ми фалеше да им се свртам еј....ама паметно детево си поќуте, нема со исфрустрирани квачки да се расправа
И јас сакам да пријавам 19ка, не не пуштија со слободна. Па чекај бе човече кај пишува дека не смеам со слободна да се возам во приватен? Јас спремна да се карам, оп типот ми затвори врата пред нос! Запишав регистрација, ама не знам каде да ги пријавам зошто тие автобуси не се под надлежност на ЈСП.
Мене денес 9ка не ме пушти. Си покажувам јас слободна, и он иронично: Абе деца, колку пати да ви речам дека НЕ МОЖЕ со слободна? Како само се изнервирав. Ама после ми дојде двокатна, празна, и ладна. Ха! Веќе не се возам со приватна.
епа морам да ги пофалам....денес во автобусот кога одев накај школо имаше пуштено клима хаха конечно им текна дека постои клима
^џабе што им текнува кога има неписмен народ, пушта возачот клима сите затвораат прозорци,и 4 пати и велиш на една да затвоти таа се прави на тошо
До Илинденска не, но од Ѓорче по Партизанска 2ка. Е знам 8ца иде по Илинденска, но тргнува од Влае ОУ Димо Хаџи Димов
На мојава линија скоро и да не пуштаат клима сега . Пекол е горе . Кога беше поладно мислам почесто пуштаа
Навистина е преладно , се укочив денеска, башка па со влажна коса искочив од дома само што се качив горе се симнав доле овие шофериве како осет да немаат, ќе пуштат клима и шибај Ај преку ден ама и за враќање во 7 саат не е толку топло ми се чини реума фатив раката ме болеше по цел пат од сега стар автобус ќе си чекам
Јас добив информација дека во врска со приватњаците, треба да се обратиме во Секторот за образование на град Скопје. Е сега, најдов три броја, од кои не сум сигурна кој е најверодостоен да се јавам. Во 19-ка приватна не се чудите ако не ве пуштаат со слободна, ептен се дрски и невоспитани, и скоро никогаш не пуштаат. Само никој не може да им писне ради тоа. Па сега вие запрашајте се зошто Патем, еве ги броевите. 3207 533, 3297 317 3297 522 п,с Јас сум стварно изненадена од еден возач во 22-ка двокатна. Цело време како на трње сум седела пред некој ден. Возеше навистина премногу брзо, со оглед на тоа дека автобусот беше фул и горе и доле. Кривините скоро и да ги занемаруваше, абе чоеков си вози мислиш на автопат е. Едвај чекав да се симнам.
јас мислам дека 15А тргнува исто од кај што тргнуваат 15, 7 и 19 -Карпош4, само што овие одат по Партизанска, а таа оди по Илинденска
15А тргнува од салата партизан од кај што тргнува 59,15,19....а 7 трга улица пред нив. Разликата во 15А од 15 е во тоа што 15А оди по Илинденска, а 15 по Партизанска
Што е автобус...? - Проклето превозно средство кое вози 10 пати побрзо кога трчаш по него, отколку кога си во него