Предлогот ќе биде веднаш одбиен Вака еве ја губиш слободната, бап уште илјадарче иде кај нив во џеб, Не им е од корист таква опција, затоа и ја нема
За тоа дека немаш карта, а да те фати контрола, ако успееш да се спасиш да не платиш казна - значи стварно имаш СРЕЌА... Јас не сакам да се фатам во незгодна ситуација па ког анемам слободна поштено си плаќам карта. Инаку од многуте примери кои ги имам видено - не гледаат дали си млада, стара, убава или грда... Они од тоа заработуваат и нив им одговоара секако да им платиш. Затоа не ризикувам. Пред неколку години ретко се случуваше да се качи контрола во автобус, но од пред 3-4 години многу зачестија, бидејки има многу што се шверцуваат...
Бев денес во диркцијата на ЈСП и морам да ги пофалам за ажурноста и услужливоста. Веднаш ми потпишаа што требаше и без никакви проблеми извадив нова. Ама оваа сега ќе ја чувам како очите во главата
Девојки дали јас имам среќа, ама и да влезе контрола цел автобус да го провери, мене не ми бараат карта. Ама пред некое време во 35ка, таман да се симнам на факс и ете контрола, а јас никако да ја најдам картата и ми доаѓа тој и му викам - Чекајте да ја најдам. Само ми рече, ајде оди. Ама и тие се ептен безобразни. Се качуваме од кај мене со едно девојче во автобус и две станици подоцна шоферот ни вика, ајде во друг преместете се. Се преместуваме и се качува контрола. Кога почна да му викаат на девојчето , дека не платила карта, а шоферот молчи. Кога им се пуштив јас, па не му дадоа на девојчето збор да каже , само ја напаѓаа. Им реков дека сме се преместиле и уште му идат на шоферот точно ли е? И тој глупак, па нели ви кажа девојката. И така разочарана сум од нашите шофери, ама имам многу смешни случки со нив.
Си се возам редовно со 19че. Седам или стојам секогаш напред. Главата на страна и не гледам ниту кој влегува ниту кој излегува. Се возам со приватна, бидејќи во државна се качуваат хулиганине и не сакам да си го ризикувам животот. За некои 7/8 месеци ќе имам слободна и со државна ќе си се возам и секој петок ќе си се журкам со старците. Ризикувам во 24ка не им плаќам и не ме фатиле до сега. Брат ми па ми вика дека често конторла влегувала. Со 57ца се возам некогаш и интересно ми е кога сум на крај и поминува автобусот кај легнат полицаец онака убрзан и само цел автобус рипа. За крадење, фала Богу до сега ништо ми немаат украдено.
Туу, што е со ова контроливе што викате. Јас баш ич не сум ги начекала. А и кога имало контрола секогаш ми викале не треба карта, мала си. А јас некогаш си плаќам карта, некогаш си се шверцам. Зависи тоа од расположење ( и од пари нормално )
Инаку пред неколку недели, едни две девојчиња (13-14 год дали имаа) го излажаа контролорот нешо, дека платиле ама шоферот не им дал карта. И овој им вика ако лажете ке платите казна. И отиде го праша и овие лажеле и ги тераше да платат.. Греотки, жал ми падна.. Ама па и они да не го лажеа ке ги пуштеше
Ја па секат се шверцам ќе си влезам од задна или па ќе речам за 2 станици а 10 ќе се возам ама ја у приватно си се возам
Луѓе отако се ученициве на распуст порелаксирано е малце во автобус.... Ајде утрешниот петок да видиме како ќе биде
Слободна карта во животот сум извадила само еднаш и тоа за ноември мислам дека беше, зошто тој месец нон стоп бев по автобусиве. Немам предавања секој ден, некогаш ме носи и татко ми со кола, некогаш дечко ми ме префрла, така што картичка со 10 возења ми е доволна. За приказни и доживувања во нашиве автобуси има многу да се кажува... Почнувајќи од пензионерскиот петок која јас како малер никогаш не го испуштам. Секогаш ги фаќам големите гужви, ама за среќа наоѓам место да седнам.
Вчерашната случка во ЈСП премногу ме изреволтира!!Се возам со 5-ка кога едно девојче на свои 20-тина година влегува во автобусот.Само што влезе седна на првото седиште позади шоферот и почна да бара пари во ташната за да извади карта.Позади нејзе влегува контрола.Нормално почнаа со барање на карти за возењето а бидејки девојчево сеуште немаше шанса да купи карта, испадна дека се шверцува без билет.Луѓе мои немате представа како и се нафрлија и двајцата контролори, како демек се шверцува како демек ќе ја носат во полиција да плати казна и што ли уште не.ПОЕНТАВА МИ Е:ДАЛИ ВАКА ПРАВАТ И ВО 65-КА и 52-КА КАДЕ СЕ ВОЗАТ АЛБАНЦИТЕ, ИЛИ САМО НА МАКЕДОНЦИ ИМ СЕ СИЛАТ А ВО 65-КА И СЛИЧНИ ЛИНИИ НЕ СЕ ОСМЕЛУВААТ НИТУ ДА СЕ КАЧАТ А КАМОЛИ ДА БАРААТ КАРТИ.
Имав прочитано некаде... Ако ЈСП е крвтокот на Скопје, тогаш Скопје има доживеано инфаркт! Шала на страна, стварно се за никаде автобусите, кога ќе ги видам искривени на едната страна. Јас ретко се имам возено, неколку пати 4-5 можеби, ама памтам дека еднаш се шверцав од Ново Лисиче до железничка Ова пред 6 години некаде. И уште еден доживљај кога се возев, пролет време беше, пекол внатре не се диши тоа прозорците затворени да се угушиш, мислам ќе припаднев во несвест. Знам дека картата е 25 денари ако не се лажам, пошо одамна се немам возено, па така за на работа одиме со такси 4ца и си плаќаме по 25 денари затоа што ни земаат 100 денари од железничка до таму каде што работиме.
Леле Gunshine Иначе Слободка , Албанците кога се тепаат позади во автобусот шоферот не смее да се сврти , камоли да им каже нешто , зошто едноставно се плаши човекот дека без глава ќе остане . Па сега замисли дали контролориве им бараат воопшто карти
Јас уште чувствувам вибрации од последниов автобус. Луѓе толку се тресеше, мислев дека циста ќе ми пукне. Зошто не земат да се оправат малку, туку знаат за карти само да викаат. Што не го направат возниот ред како што треба, да не каснат, а не вака, ем карта ем пари за такси.
Па да!!Токму тоа сакав и да го потенцирам, дека третманот не е ист во сите автобуски линии, туку е по ,,рамковен,,.Па оние загуби што им се случуваат со неплаќачите на автобуски карти во ,,рамковните,, линии ни ги вадат на нас низ нос со поскапување на картата.Иначе кога подобро ќе размислам тие линии не се воопшто рентабилни ама нека имаат храброст да ги укинат.
просто е неверојатно што се може да те снајде во автобус. Не дај боже да застанеш на крај и да има само машки околу тебе што често се среќава во 2. И што е најтрагично нема од кого да побараш помиш ако недај боже се случи нешто
Пред еден месец се возев во 5-ка со ќерка ми накај Бисер, кај го погодив петок, ама воопшто не размислив дека е пензионерскиот ден. Во автобусот гужва невидена,немаш кај да стоиш а камо ли да седнеш, ама кога ти студи плус детето со мене мораш да се качиш. Успеавме некако да се пробиеме, за изненадување и секоја чест на една постара женичка, стана да ни отстапи место да седнеме. Сакам да кажам културата е за никаде, разбирам што е умор и да сакаш да си седиш, да не те буткаат, ама барем јас секогаш станував на бремени и родители со деца. Неколку пати се возам со ќерка ми и не станува никој да седне барем детето.Срамота.
Во 52ка нема албанци. Во тој реон од Скопје од Маџари до Ражаничино на прсти се бројат албанците. Има мал дел од цигани, ама малку се. Се се македонци. А јас мислам дека во 65ка, 19ка, 57, дека не ни влага контрола. Тоа таму ти е дива лига. Иначе оваа недела автобусиве личат на фрижидери!