Еј морам да споделам со вас еден предлог(од маж ми). Вторник и петок задолжително во секој автобус да има и нотар(евентуално и медицински лица). Јас на ова додадов да има и поп, ама дека е право на избор, сепак немора да има . BTW многу сум среќна што се немам возено во ЈСП последните две недели, уууу ќејфови
^вторник и петок треба да има освежувач на воздух во автобусите...како што идат 40C ќе биде рај за пазувите п.с. meU купи си мало автобусче и вози си го по дома,ако не си се возела низ град
По автобус и жена не се трча секогаш ке ти побегне . Искуството од минатото кога се возев и јас во лимените конзерви на јсп .Многу ми биле смешни оние луѓе <читај бабички > МАЈСТОРЕ СРЕДНА хехехех
Е ја сум една од тие што не затвараат прозор, ама морам да кажам дека не прават сите разлика кога има клима а кога вентилација. Ако дува не значи дека дува ладно, а да не зборам колку лошо мириса тоа што дува (на стоено, на прашина, грозно ). Со оглед на тоа што се возам секој ден и по повеќе од пола саат, некогаш стварно се борам за кислород, и не очекувам да го разбере тоа некој само што влегол од надвор. А од старите ми се повраќа веќе, па ставам слушалки на увце, цвикера и поглед низ прозор, па ако сакаат нека ме пцујат и зборат по старечки домови, после толку нервози на работа може да добијат само покачен притисок од мене. може и ќе гласам за сдсм на следните избори
Се качуваме со друштво бевме околу 15 деца се качуваме Во Аеродром во 3 или 5-ка беше не се секјавам за да одиме накај Центар И сега сите горе се качивме Нели ние мали сме за да плаќаме Поминува инспкеторот покрај нас и не ни бара каарта Од спротивната страна кај што седевме имаше еден младич набилдан со наочари невиден фраер и сеа инспекторов му бара карта и овој му ја дава И овој фраеров му вика " а зашто не им наплаќаш на децава,ко цигани се возат по цели денови" алоо ми идеше да му станам и даму речам" што ти е бе?ние сме мали за да плаќаме,ти нас не нарекуваш цигани а ние тебе наивен фраер да дае господ да цркнеш" ама другарка ми ме фати за рака и ниш не беше од тоа се спаси Незнам дали е нешо големо али во тој момент толку бев изнервирана,па можев и да го распарчам
Да ве прашам.. Ви се отвара страната на јсп? Кај мене нејќе уште од вчера, а кај другарка ми, се отвара..
^директно од Кисела Вода до Битпазар мислам дека нема автобус...ама можеш со 58 до југодрво да одиш и после 9ка да чекаш