Ова го превземав од тука, па сега колку е точно.. http://www.jsp.com.mk/Bileti.aspx Таму кадешто е со црвено ценовник на билети.
Јас ја плаќам 1050 за градски линии,(порано беше 950 сега е поскапена) за сите линии (градски,селски) е малце поскапа, ама оваа цена ја имаат само студентите и учениците во средно, останатите плаќаат многу поскапо накај 1500 денари мислам. Значи има врска дали си студент или не
Да видиш да не веруваш: Заборавете го чекањето на автобуските постојки, бидејќи во иднина преку СМС порака ќе можете да дознаете кога точно ќе пристигне вашиот автобус. „Планер на патување“ е новата услуга на ЈСП која веќе подолг период е во подготовка, а преку која корисниците на градскиот превоз ќе дознаваат за возниот ред на автобусите. Пораката ќе ве информира за времето на пристигнување на следните три автобуси за постојката каде што чекате. Со ваквиот планер значително би се намалило чекањето и би се олеснило патувањето со јавниот градски превоз. Патникот, преку Планерот на патување ќе може да избере 2 точки од мапата и да го избере временскиот интервал во кој сака да патува. Резултатот ќе ја покажува постојката на која тој треба да се качи, а на која треба да се симне. Исто така Планерот ќе ја покажува вкупната должина на патување, како и потребното време за патување.За спроведување на услугата од ЈСП прво треба да завршат со имплементација на системот за автоматска локација на возилата и интелегентниот систем за наплата. Сеуште не е дефинирано колку ќе чини СМС пораката. Извор: курир.мк Превземено од автобуси.мк http://avtobus.mk/index.php?option=com_ ... &Itemid=82
^ Имав ја едно време, таква апликација на андроидот. Оваа незнам каква ќе биде, ама таа мене ми беше катастрофа. На мапата нема шанси да се снајдеш, све е бело, и потруди се да потрефиш нешто. Ваљда ова ќе биде добро..
Кај и да одам во вторник и петок СМРТ ми е да одам негде со автобус , неможе да се влезе! Еднаш уморна седнувам во автобус и една 60 годишна од прилика , ако не и поише , ми вика- ај девојче ако сакаш стани да седнам - јас онака изнервирана од се и викам , се извинувам госпоѓо , каде одите - ми вика па еве петок, да прошетаме малце! Ја цела напуфтана изнервирана само станувам и цело време ја глеам. Требаше да изреагирам како мајка ми коа и се пуштила на таа бабицата луѓе уморни они ке шетале бе
Незнам дали е и вторник за пензионери,ама вчера баби и дедовци на куп у автобусот.Јас се качив и си седнав и се вријам.Од новите,а сите прозори затворени,а КЛИМА-нема.И уште пишува климатизирано,ве молиме затворето ги прозорците.Како не е клмиматизирано бе А во зима па,отворени прозорци,греење нема (во старите) крцкаат овие,брмчат,хармониката за 360 степени се врти на кривини,абе шо да ти зборам.Вчера си седам и ми влага една баба и немаше слободно место и ме гледа онака накриво.И јас на оние ептен што се со бастун,со кеси,им станувам,ама оваа една дотерана,црвено карминче,ова она,и јас ќе и станам,како не.И цел пат ми превртуваше очи бе.Секој пат коа ќе се качам у автобус мора нешо да се деси.Најтрагично ми е кога некоја баба до мене муабет ќе почне да ми праи за политика.Мене до политика ми е дојдено Ама тоа е нашето едно и еднинствено-ЈСП
моментот кога ти чекаш на станица и автобусот ќе ти застане пред тебе со задната врата (онаа за излегување) и ти ја отвара и ти онака оклештена уста до уши влегуваш радувајќи се дека нема да платиш а тоа шофериштето девојчееее а да платеше јас бе тебе на девојче ти личам ???
Јас сум осмо но сепак одам само наутро со автобус се возам две станици а пак кога ке тргнам во средно ќе биде леле мајко а јас како што не ги трпам многу многу можно е и да им кажам по некој збор и да не им станам.
Една пофалба до ЈСП: Еден другар еднаш им се пожали преку интернет со прашање дали ги чистат климите (поради опасност од наталожување-создавање на бактерии и вируси) бидејќи почнаа да мирисаат киселкасто и на пот. Одговор немаше, но набргу климите почнаа да мирисаат нормало како на почеток кога ги беа набавиле. Изгледа ги исчистиле...
Jas da si gi pofalamnovive buschinja top finta se...sea samo treba da donesat nekoi toa vtoriot kat bez krov da im e bash shemica ke si bideme ala London
Да не си спојат утре овие од ЈСП и да си возат празнично? Не ми го отвара распоредот нешто .... Еднаш така се зезнав
Незнам до која страна стигнав со читање на коментари, ама нигде невидов за контолориве. Дали знае некој до колку саат работат. Дали работат навечер
^не знам како им е работното време...ама во ноќните автобуси обавезно има по двајца, и нема шанси да не платиш карта
Петок денес. А и јас како што сум баксуз, ми се заглави ногата во автобус. Рипнав не 1, него 3 скали. Со раце сум ја вадела ногата, ми се заглави, не се вади. Тие околу мене ми се смеат, ама што да праам. Ај прва смена, се тераше некако. Ама сега, секој ден ќе одам препотена во школо, дур да стигнам. Денес па. Се симнав 1 станица покасно, а од столче станав 2 станици порано. Фул беше. На вториот кат, стоеа едно 10тина души. Едвај искочив, а башка беше пред последна станица. Па и низ тоа дождот одев.. Ако. Подобро дожд, него ли снег.
Девојки, кој автобус оди до Илинденска, а поминува по булеверот Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу.. ?
Најјака случка во ЈСП ми е кога се враќавме со колешка од факс (бевме од 8 до 3 на факс) и еден старец ни вика девојчина ај станете ќе ми се скрси расадот ццц